За 0,5 може да се шутне и да се даде кош, Русија сигурно не изгубија 2 секунди во тоа исфрлање кога топката удри во Мекејлеб, регуларен кош дадоа, deal with it.
Тоа е едно, второ, ГЛАВАТА ГОРЕ ебате, ако некаде требаше да не удри ваков момент тоа беше тука, ви текнува на Хрватска ? Е таа тројка ако влезеше моментално ќе си биравме свој фаворит до крајот на европското, рачунајте дека таа тројка ќе дојдеше по пораз од Црна Гора, не психолошки удар, психолошко цунами ќе беше тоа пред дуелот со Грција, а и Финска и Босна.
Кога влеговме со 4 бода муабетот беше Грузија и само Грузија, ама не, момциве ја ишлапаа и Словенија и со тоа дури и успеаа да ги избегнат Франција и Шпанија.
Не, ова не е психолошки удар за нас, не смее ова така да биде протолкувано од момците кои веќе се Херои во сопствената земја, не смее ова да влијае врз нив во дуелот со Литванија кој можат да го добијат, налед и публика и се, со ваква одбрана Литванија може да падне.
Инаку за Русија, гледам некој пишал имале право на уште еден фаул, ја во кафич гледав па на тие сегменти не можев да припазам али мислам дека таков луксуз немаа и секој нареден фаул ќе значеше и слободни, си го искористија мислам бонусот.
Одбраната и на крај беше одлична, Тимоти Данкан кош од тројка со добра одбрана врз играчот е огромна среќа, Монија викаат и лото уплатил по мечов, си рекол кад је бал нек је маскембал, едноставно бидна и то је то, нема причина за разочарување, незнам и Јанко што толку се потресе кога победата им е регуларна, грешката ја направивме ние можеби во оној последен напад за нас и само за тоа имам замерки, се останато беше на место.
Со среќа во дуелот со Литванија, што биде-биде, дали по тој меч, дали по полуфиналето, дали по финалето, пречекот за овие момци ќе биде ист, ниеден пораз повеќе не се брои, вие сте нашите херои !