Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

I

Iblis

Гостин
Па во крајна линија на умрениот му е сеедно дали ќе е закопан, запален, оставен на некоја медицинска установа за сецирање, фрлен во контејнер, ......
Не му е, второто Исусово доаѓање се ближи и сите ќе не земе, под услов да не ни се оштетени телата, кој е оштетен оди ва резервни делови.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не му е, второто Исусово доаѓање се ближи и сите ќе не земе, под услов да не ни се оштетени телата, кој е оштетен оди ва резервни делови.
А..бе има и старци со „неоштетени’’ тела.... ебате вечен живот во тело на стогодишник...:D
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Епа тука те чекам. Јас живеам со дечко ми (значи не сум педерка иако ги поддржувам хомосексуалците) Шансите за да останам бремена ми се многу мали. Дали тоа значи дека јас бидејќи нема да можам да оставам поколение „ќе засмрдам“ и „ќе нема кој да ме закопа“?
Шансите да останеш бремена, ако не е физички дефект, се многу големи. Единствено прашање е дали ти сакаш да имаш бебе или не.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Шансите да останеш бремена, ако не е физички дефект, се многу големи. Единствено прашање е дали ти сакаш да имаш бебе или не.
Хахахахаха.... Ти гениколог да не си бе мајка му стара, ако си да ти дојдам на "преглед". Те молам не ја продолжувај дискусијата за поколението кога не знаеш каква ми е ситуацијата, само болка ми нанесуваш со твоите коментари.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зошто атеисите не се размножуват со делење?
Прашањето е сосема на место. Да резонирам. Атеистие одобруваат, и не само што одобруваат, туку и преферираат хомосексуалност.
Двојца мажи, да речеме на 30-35 годишна возраст, поради тоа што се родиле како „хомосекцуалци“ решават нивната љубов еден кон друг да ја крунисат со „брак“. И во тој „брак“ нормално имаат секс и исливи на љубов. Доаѓаме до клучното прашање. Како ќе се рамножат, односно како ќе родат бебе, дете, како ќе створат поколение. Ако не се во можност тоа да го сторат на биолошки начин, природно или со вештачко опловдување, едниот маж да биде оплоден од другиот, останува единствениот можен одговор, а тоа е делење на единката во две единки. Сега е сосема јасно, дека ова прашање има основа, но ниту еден атеист не се обиде да даде барем некаков одговор кој би можел да биде реален.
После ова, има ли некој од атеистие одговор?
ХАХАХАХАААААА!!!!

Па ти си бил маскота, бре, лепотоооооооооо!!!! :D :ROFLMAO: :D

Јас, најискрено, тебе те сметав за фанатик некој заебан. Ти си бил, бе, Јоан само лошо информиран!

Атеизмот нема врска со хомосексуалноста.

А ти си ми хит денес - жими мајка!
--- надополнето: Sep 12, 2011 11:06 PM ---
И што беше тешко да се воздржиш од сарказам?
Не го дрви. Честитај или ќути. Срамота е.
--- надополнето: Sep 12, 2011 11:09 PM ---
Не ти е лоша идејата :)
Не е лоша ниту идејата некој од растреперените несигурни циници од галеријата да се набие на колец на за тоа пригодно означеното место на Камени мост. Малку погоре од плоштадот. Кажи, а?
--- надополнето: Sep 12, 2011 11:11 PM ---
Абе факт е дека на атеистите им фали нешто:pos:
Да. Им недостига ирационален поглед на реалноста.
--- надополнето: Sep 12, 2011 11:19 PM ---
Ми погоди болна точка. Не знаев дека за вас теистите е толку долно да бидеш жена а да неможеш да оставиш поколение. Толеранција викаш а? Каква толеранција бе друже, почна од атеисти, премина на хомосексуалци за на крај да завршиш со оние кои неможат да остават поколение....
Жена = грешна (+глупа). Главна намена: приплод. Корисна употреба: дом.

Рамноправна, (се разбира, исклучиво) со мажот како глава + земја никако + газда никогаш. Освен ако е мртов стопанот, нели.

Сите жени се грешни (а богами и погани) курво/кучки-по-дифолт, освен Дева Марија, која е сеуште невина, иако го родила магионичаров + пола туце брача и сестре.

Жени, радикални христијанки и муслиманки, ми се најсмешни од сите.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Како бе да верувам во дедо боже ко пред малце гледам на вести црквата(установа што го проповеда и шири) праела трансакции за некојси имоти во вредност од 2 000 000 евра ?

како бе да верувам во попови(лица кои го шират божјото учење) гледаат на секој можен начин да те закрпат и да ти земат појќе пари
(во италија имаше осомничени попови дека проневериле 8 000 000 евра)?

Не си дозволувам во никој случај да прифатам нешто шо се нарекува бог, возвишен , семоќен.Сето тоа е 2000+ годишно перење на мозоци и уназадување на човечкиот род, кој мислам дека полека но сигурно се буди и ги бара тие одговори место во библијата во науката и сопственото, свесно и трезвено размислување.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Не го дрви. Честитај или ќути. Срамота е.

Не е лоша ниту идејата некој од растреперените несигурни циници од галеријата да се набие на колец на за тоа пригодно означеното место на Камени мост. Малку погоре од плоштадот. Кажи, а?

Да. Им недостига ирационален поглед на реалноста.
.
хахахх демек дибек праведниот........не дрви колци вака.
Не ли примети дека се зезам, толку ли беше тешко да разбереш?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Мене највеќе ме иритира кога некој ќе каже Сталин и Пол Пот биле атеисти па види ги што направиле, демек заради атеизмот убиле милиони луѓе. Ајде уште еднаш ќе глумам овде captain Obvious и ќе го потенцирам очигледното.

Сталин ги убил сите тие луѓе заради контрола и моќ, атеизмот немал никаква врска со тоа, тој не убивал во име на атеизмот затоа атеизмот не смее да се обвини во овој случај. Исто како, хипотетичка ситуација некоја будала влезе во супермаркет и масакрира 20-30 души зошто жена му го оставила или го отпуштиле од работа, а по религија бил христијанин. Ех, христијанството да не е виновно или одговорно во овој случај? Не е... Исто како што Сталин не убивал во име на атеизмот, не знам ни дали е возможно да се изврши таква акција. Додека тогашните инквизиции, крстоносни војни, бомбашките напади денес се извршени во име на религијата и затоа religion must be held accountable што би рекол еден познат атеист.

Сакам да кажам, престанете со Сталин и Хитлер (без разлика што сите го тупат дека бил атеист, не бил)...
Па истото може да се каже и за крстоносците и за инквизицијата и за бомбашите, они убивале и убиваат од политички причини исклучиво, не од религиозни. Крстоноците подеднакво рендале и муслимани и христијани и евреи. Инквизицијата ренда претежно христијани неистомисленици или оние кои политички се неприкладни. А од бомбашите самоубијци највеќе страдаат муслимани.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Па истото може да се каже и за крстоносците и за инквизицијата и за бомбашите, они убивале и убиваат од политички причини исклучиво, не од религиозни. Крстоноците подеднакво рендале и муслимани и христијани и евреи. Инквизицијата ренда претежно христијани неистомисленици или оние кои политички се неприкладни. А од бомбашите самоубијци највеќе страдаат муслимани.
Добредојте на подфорум религија. ;)

Не, не може да се каже истото. Тие убивале во име на својата света книга и во името на Бог. Џихад/света војна... За ова комотно можеш да ја обвиниш религијата. Но не можеш да ја обвиниш религијата ако некој извршил некакво злосторство без притоа да ја искористи својата религија како мотив или оправдување, а бил верник.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Добредојте на подфорум религија. ;)

Не, не може да се каже истото. Тие убивале во име на својата света книга и во името на Бог. Џихад/света војна... За ова комотно можеш да ја обвиниш религијата. Но не можеш да ја обвиниш религијата ако некој извршил некакво злосторство без оправдување од својата религија, а бил верник.
Хм,
Значи според тебе, ако јас те убијам тебе и барам оправдување во некоја книга за тоа, тоа мене ме прави верски фанатик. А ако јас убијам некого кого верува во некоја книга само затоа што верува во таа книга, мене тоа ме прави убиец за идеологија.
Клучната разлика помеѓу фанатичните атеисти и фанатичните верници е во книгата, кај верниците тоа би било „те убивам зошто веруваш во друга книга, а не во мојата“, додека кај атеистите би било „те убивам зошто воопшто веруваш“. Јас разбирам дека си атеист и ги браниш своите, но секое негирање на зло од сопствените е рамно на фанатизам и во ништо не те разликува од верските фанатици. Убиства во име на атеизмот врз верници се случиле како што се случиле и убиства во име на религии. Луѓе биле убивани од причина дека биле верници. Тоа е политичко убиство, исто како и убиствата на инквизицијата. Во ништо не се разликува, се убиваат неистомисленици, во едниот случај се користи некоја религија, во друг случај се користи атеизмот како сретство за манипулација.
.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Значи според тебе, ако јас те убијам тебе и барам оправдување во некоја книга за тоа, тоа мене ме прави верски фанатик.
Те прави верски фанатик ако на пример ја искористиш книгата во која веруваш како главна причина за убиството кое ќе го извршиш или војната која ќе ја започнеш, тврдејќи дека твојата света книга така налага. Второ, атеизмот е само тврдење дека не постои бог, не е никаква идеологија или доктрина, прочитај било која дефиниција за атеизам.

Мислам, не ли ти изгледа "јас ќе те убијам во името на богот во кој не верувам"... безвезно?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Добредојте на подфорум религија. ;)

Не, не може да се каже истото. Тие убивале во име на својата света книга и во името на Бог. Џихад/света војна... За ова комотно можеш да ја обвиниш религијата. Но не можеш да ја обвиниш религијата ако некој извршил некакво злосторство без притоа да ја искористи својата религија како мотив или оправдување, а бил верник.
Како можеш да обвиниш религија за манипулација во интерпретацијата. Па јас сега можам да напраам карма каша од интерпретација на твоите постови, да извадам од контекст било што да си кажал и да отидам на 2-3 места да им ги покажам мојата интерпретација. Тогаш според твојата логика сам си барал да бидеш убиен, пошто све што си пишал тука сам си пишал.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Како можеш да обвиниш религија за манипулација во интерпретацијата.
Тешко дека е манипулација, most of the time, at least. Библијата и куранот јасно пишуваат што треба да се направи во "одредени" ситуации. Дали да се каменува, беси или оди во војна. Не би рекол дека фундаменталистите измислуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom