Креационизам наспроти еволуционизам

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Значи безмилосно ја отрувте темава со офтопици и мирц муабети. Погледнете колку е убаво врмето надвор. Што не излезете малку надвор да си поиграте џамлии, криенка, јанино јанино?
Фрка, а?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Мала дебатичка на Discovery каналот, предизвикано од изјавата на чичко Стивен Хокингс кој јавно се изјасни: Не постои Бог! Веројатно за да не му пишат на форумов после 10-тина години: „и Стивен Хокинг е еден од врвните научници кои веруваат во Бог“ :pos:

Енивеј:​

И ова:

Првото има уште еден дел на youtube, второто уште два.​
 
Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Едно прашање ми се наметнува.....онака статистички-интуитивно како да некој употребува сила.
А тие во случајот се дарвинистите, ме чуди зошто?
Мора секое тврдење со исмевање и слично да го крепат.
Дали на лагата и се куси нозете, па поради тоа едниве брљавеат докажувајки ?
Тоа не дава никакви аргументи за тоа дали е точна или не хипотезата на Дарвин...да се разбереме.
Мене ме интересира од кај желбата за такво насилничко докажување.
 
Ајде вака:

1. Теоријата на еволуција е вткаена во основата на повеќето природни (а богами и во некои општествени) науки. Медицината, палеонтологијата, биологијата... се потполно невалидни доколку концептот на еволуција е погрешен или непостоечки. Лековите функционираат случајно, биологијата сортира на тепка, а фосилите се таму каде што се поради некаква магија.

2. Докази (проверени и потврдени) за еволуцијата се наоѓаат насекаде на планетава + во вселената.

3. Целата светска научна заедница (>95%) стои позади теоријата на еволуција и тврди дека е таа вистинита и очигледна.

Од друга страна:

4. Фундаменталистички религиозен тренд финансиран од евангелистички политичари од Соединетите Амерички Држави речиси еден век подведува неуки и неинформирани протестантски верници во квази-теорија за настанокот на светот која всушност е приказната за креација ИСКЛУЧИВО како што е дадена во Битие (Стар Завет). За ова тврдење, после скоро еден век, овие псеудо-научници НЕМААТ ИЗДАДЕНО НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН НАУЧЕН ТРУД кој би ја поткрепил нивнта идиотска позиција ниту произвеле еден единствен доказ со кој би го потврдиле своето по ниедна основа научно тврдење.

Да те прашам сега јас тебе нешто:

Како би се однесувал ти ако некој постојано налудничаво ти повторува дека водата што ја пиеш од чешма кај тебе дома не е вода, туку е пиво, А СЕТО ТОА ГО ПОТКРЕПУВА со стрип, ама кој го купил уште во, пази молим те, далечната 1974 година, во кој пишува дека чешмите по дома точат пиво?

Едно е да се расправаш со човек кој размислува поинаку од тебе. Сосем друго нешто е да се расправаш со копиле со скриена агенда кој РАЗБИРА што е што, ама одбира да ја изврти вистината за да ја постигне својата цел - пласирање на религиозна лага во руво на наука.

Креационизмот не е наука. Креационизмот е религија (фундаментално евангелистичко христијанство) маскирана (лошо) во обид за наука.

Можеби би сакал сето ова да го ѕирнеш и тука.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Мала дебатичка на Discovery каналот, предизвикано од изјавата на чичко Стивен Хокингс
Кога ќе го видам Хокинг ...зошто го казнил човеков за век и веков? Зошто казнува некого да умира од рак со години во страшни маки? Тогаш кај секој верник логично е да се јавуваат блокади во верувањето.
На страна настанок, ребро, еволуции...тоа воопшто и не ми значи нешто лично во животов, само тема за инает, спорење бесцелно, без везе, да испука човек вишок адреналин ...ова е она на кое се блокирам, што ме занима и влијае на моите постојани сомнежи поготово затоа што во верата велиме Бог е творец на се и Бог е добар.
Се прашувам зошто тогаш вакви казни, зошто интелигентно е казнет мојот близок, зошто интелигентно е уништен животот на Хокинг?

iskreno mislis deka ti si sposoben da go razbiras ova?ne mislis deka ti ne si sovrsen i ti e limitiran diapazonot na razbiranje, i prosto si sozdaden od sovrshenstvoto pa zatoa ti nikogas nema da bides i da razbiras kako sovrsenstvoto funkcionira??!
како со совршенството ќе ги објасниме многуте добри души кои се мачат како ѓаволи на крст и умираат, како со совршенството да го објасниме ова?

Кој ќе одговори на ова, а да не е поврзано со гревовите на прапрадедо? Ниедна филозофија, ниедна религија и теза за совршенство поим нема зошто се дешава.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Кога ќе го видам Хокинг ...зошто го казнил човеков за век и веков? Зошто казнува некого да умира од рак со години во страшни маки? Тогаш кај секој верник логично е да се јавуваат блокади во верувањето.
На страна настанок, ребро, еволуции...тоа воопшто и не ми значи нешто лично во животов, само тема за инает, спорење бесцелно, без везе, да испука човек вишок адреналин ...ова е она на кое се блокирам, што ме занима и влијае на моите постојани сомнежи поготово затоа што во верата велиме Бог е творец на се и Бог е добар.
Се прашувам зошто тогаш вакви казни, зошто интелигентно е казнет мојот близок, зошто интелигентно е уништен животот на Хокинг?

како со совршенството ќе ги објасниме многуте добри души кои се мачат како ѓаволи на крст и умираат, како со совршенството да го објасниме ова?

Кој ќе одговори на ова, а да не е поврзано со гревовите на прапрадедо? Ниедна филозофија, ниедна религија и теза за совршенство поим нема зошто се дешава.
Davaat odgovor Budistite...reinkarnacija...karma...
 
На страна физичката состојба на Хокинг и ова што го постави, тоа е веќе дилема на верниците. Мене ме интересира дали некој од креационистите го погледна клипчето број 2, и дали може да даде некаков одговор на тврдењето на Хокинг?
 
Се надоврзав на постот, прашањата не ми беа ...ок.
За да ти одговори, треба да има знаење колку Хокинг (што е практично неможно) или да копира текстови кои во крајна линија се нешто за кое е потребен физичарда ги дообјасни. Тој во првата книга за лаици -Кратка историја на времето- ја има допрено темата за Креатор, повремено се наѕира можноста што ја остава како резерва, а од википедија стои ова

The book ends with: "If we find [a unified theory], it would be the ultimate triumph — for then we would know the mind of God."[4]
In his preliminary figurings, Mr. Hawking surmises that the embryonic universe did not emerge from a singularity. Instead, he imagines a union of space and time that was finite yet boundless in the beginning, much the way the surface of a globe has no edges. Now expanding, this four-dimensional bubble is fated to contract innumerable eons from now. Current astronomical observations do not support Mr. Hawking's vision, as yet; not enough matter, either luminous or dark, has been found to close the universe back up. Indeed, the author admits that his idea is merely a theoretical proposal at this point, even an esthetic wish. ''But if the universe is really completely self-contained, having no boundary or edge,'' he muses, ''it would have neither beginning nor end: it would simply be. What place, then, for a creator?'' Some may feel uncomfortable at Mr. Hawking's mention of a creator, a theme that resonates throughout the book. The job of science, after all, is to explain the world around us without invoking divine interventions. Philosophically, though, his question is a valid one. If science should truly develop a ''theory of everything,'' does the need for a Supreme Being vanish?
и да, состојбата на човекот влијае врз неговото дело. Погледни ги делата на сликарите, композиторите, писателите...Да не беше болен, можеби ќе имаше други амбиции. Апдејтираното дело на Историја на времето укажува на одредени разлики во неговите размислувања.

Davaat odgovor Budistite...reinkarnacija...karma...
ако ова му го кажеш на некој болен, не знам колку ќе му е утеха токму тој да ја носи таа лоша енергија или што и да е ...Дали според будистите реинкаранцијата на Хокинг ќе е нормален или хендикепиран човек, дали сега пошто го отплаќа долгот (некојси) ќе има совршен живот, дали постоел почеток, дали првите луѓе (не сум запознаен со тие нивни теории, имам многу дали и зошто) биле сите добри па по некое време настанало злото кое го носат и ден денес...како тоа учење може да се примени кај овие луѓе?
 
Arta

I AM THE YUMMY PIE!
Член од
26 јуни 2011
Мислења
142
Поени од реакции
49
Кога ќе го видам Хокинг ...зошто го казнил човеков за век и веков? Зошто казнува некого да умира од рак со години во страшни маки? Тогаш кај секој верник логично е да се јавуваат блокади во верувањето.
На страна настанок, ребро, еволуции...тоа воопшто и не ми значи нешто лично во животов, само тема за инает, спорење бесцелно, без везе, да испука човек вишок адреналин ...ова е она на кое се блокирам, што ме занима и влијае на моите постојани сомнежи поготово затоа што во верата велиме Бог е творец на се и Бог е добар.
Се прашувам зошто тогаш вакви казни, зошто интелигентно е казнет мојот близок, зошто интелигентно е уништен животот на Хокинг?

како со совршенството ќе ги објасниме многуте добри души кои се мачат како ѓаволи на крст и умираат, како со совршенството да го објасниме ова?

Кој ќе одговори на ова, а да не е поврзано со гревовите на прапрадедо? Ниедна филозофија, ниедна религија и теза за совршенство поим нема зошто се дешава.
dobrite dusi??!!macenjata, losoto i dr se relevantni neshta tebe mozda u prv pogled ti izgledat loso no tie se nuzni i toa ne znaci deka e vistina deka se losi... losoto mora da postoi inaku ne ke mozese da postoi dobroto posle nemase da imame racionalen svet a ako nemavme racionalen svet togas sve ke bese ednostavno i toa nemase da ne vodi bash do sovrsenstvoto :)
 
на оние врз кои се спроведува лошото како рамнотежа за доброто маките им се уште поголеми. Мене ми изгледа лошо, на нив им е лошо. Зошто и во религиите (монотеистички, кои добро зло го објаснуваат на овој начин) па и во будизмот, мора да постои зло за да се види доброто? Зошто воопшто постои лошото и е селективно само за некого, односно зошто тој некој е еден вид жртва за да знаеме што е добро. Дури и да е лош тој човек, зарем религиите не не учат на простување и добро...зошто тогаш Творецот (со било кое име) казнува, а не простува? Нели горе ќе му се суди на грешниот за грешките и ќе се награди добриот за доброто. Совршенството отсуствува кога се работи за гревови, казни...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Кога ќе го видам Хокинг ...зошто го казнил човеков за век и веков? Зошто казнува некого да умира од рак со години во страшни маки? Тогаш кај секој верник логично е да се јавуваат блокади во верувањето.
На страна настанок, ребро, еволуции...тоа воопшто и не ми значи нешто лично во животов, само тема за инает, спорење бесцелно, без везе, да испука човек вишок адреналин ...ова е она на кое се блокирам, што ме занима и влијае на моите постојани сомнежи поготово затоа што во верата велиме Бог е творец на се и Бог е добар.
Се прашувам зошто тогаш вакви казни, зошто интелигентно е казнет мојот близок, зошто интелигентно е уништен животот на Хокинг?

како со совршенството ќе ги објасниме многуте добри души кои се мачат како ѓаволи на крст и умираат, како со совршенството да го објасниме ова?

Кој ќе одговори на ова, а да не е поврзано со гревовите на прапрадедо? Ниедна филозофија, ниедна религија и теза за совршенство поим нема зошто се дешава.
На ова прашање Епикур одговори пред повеќе од два милениуми.
Одговорот од Епикур.
 
Arta

I AM THE YUMMY PIE!
Член од
26 јуни 2011
Мислења
142
Поени од реакции
49
на оние врз кои се спроведува лошото како рамнотежа за доброто маките им се уште поголеми. Мене ми изгледа лошо, на нив им е лошо. Зошто и во религиите (монотеистички, кои добро зло го објаснуваат на овој начин) па и во будизмот, мора да постои зло за да се види доброто? Зошто воопшто постои лошото и е селективно само за некого, односно зошто тој некој е еден вид жртва за да знаеме што е добро. Дури и да е лош тој човек, зарем религиите не не учат на простување и добро...зошто тогаш Творецот (со било кое име) казнува, а не простува? Нели горе ќе му се суди на грешниот за грешките и ќе се награди добриот за доброто. Совршенството отсуствува кога се работи за гревови, казни...
ama ti meshash religii tuka dali jas nesto ti spomnav religii, toa e druga rabota, jas ne ti zboruvam na religiozen aspekt tuku na realen aspekt, toa e toa nekoj mora da ide zrtva za da se ostvarit celta na ova..
 
Објективно, не постои добро и зло. Не постои ниту добро или лошо. Овие категории се производ на свесноста за себе.

Во природата нема добро/зло. Исто и во вселената. Добро и зло им требаат на луѓето за да формираат етички и морални норми. Самите феномени (добро/зло) се менуваат со текот на времето. Тие не се апсолутни.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
ama ti meshash religii tuka dali jas nesto ti spomnav religii, toa e druga rabota, jas ne ti zboruvam na religiozen aspekt tuku na realen aspekt, toa e toa nekoj mora da ide zrtva za da se ostvarit celta na ova..
Темата е таква, религии и нерелигии, но...чие е ова учење и на што се базира. Дали за да се постигне совршенство потребни се жртви, не можам да разберам.

На ова прашање Епикур одговори пред повеќе од два милениуми.
Одговорот од Епикур.
Многумина пробувале, но освен медицината (иако медицината конкретно за болеста на Хокинг дава објаснувања само за симптоми но не и причина за истата иако е позната веќе над 150 години) ниеден не дава некој логички со факти одговор туку само своја интерпретација на нештата. За жал и изборот кому ќе се падне одредена болест се сведува само на претпоставки (најчесто се користи наводна генетска предиспозиција, што би можело да се искористи ако би било 100% точно)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Теоријата на еволуцијата е насилно вметната во речиси сите науки, па ако некој поединец сака да стекне научно звање, неговата теза мора да кореспондира со дарвинизмот и со еволуционизмот, наспроти совеста од идниот научник.
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:33 AM ---

..или како што вели мојот омилен професор„„...дотолку полошо по фактите...„ :)icon_lol:).
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:36 AM ---

Да, се‘ околу нас напросто вреска од еволуција, а еволуцијата постои само ради еволуционистичкиот светоглед, кој „некој„ ни‘ го набил во главите, благодарејќи на безалтернативниот образовен систем.

Промената на светогледот значи и побивање на еволуцијата.
Зарем и во православна Русија насилно ја вметнуваат теоријата на еволуцијата? Кој ли таму со сила го лаже народот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom