Држава со ваква младина не треба да се грижи за својата иднина, така кажа Тито на времето, што да кажеме за тим со ваква одбрана и тактички пристап ?!?
Дозволија десеткуван тим, со човек кој дебитира ко тренер, да ги понижат ...
Немам никаква замерка за односот кој го имаа во нападот, 2 гола дадоа, изнудија и пенал за исклучување кој не беше санкциониран, ама со таква игра во одбрана и со ваков тактички пристап можат да сањаат и ЛШ и излез во нокаут фаза од моменталнава смешна група. Срамота за Гасперини, срамота, ова да го дозволи, работел во Јуве долго време, италијанец е а незнае да постави игра во одбрана, 4 гола да примат, милион контри да им направат, шанси за 8 гола да има Палермо, 100 фаули да направат во зона на удар за Миколи ( една ќе влезе ) и мал милион други негативни аспекти од играта во одбраната ...
Не постои изговор за овој срамен приказ, нит мечеви на репрезентации, нит неугираност, се гледа дека а се пробијат Камби и Дејо противникот создава многу лесно простор за гол.
И Барези и компанија, беа тука со Мурињо, знаат како се играше тогаш во одбраната, ја ви гарантирам дека и со 433, 4312, сеедно, исти случај ќе се назад, се плашам дека капацитет за игра у одбрана да постави Гасперини нема, ко и Лео што немаше,
а и Рафа.
Уште еднаш ќе кажам, срамота.