Доколку велите дека на интелигентните информации не им треба создател, тогаш прашањето се уште останува да лебди на темава: Зошто атеистичките научници трагајќи по вонземски живот трагаат по интелигентни информации? Зарем не е тоа крајно бесмислено? И што ако детектираат интелигентни информации, што ќе им биде заклучокот? Ако тие можат и тики така случајно да си се самосоздаваат, тогаш тие не се никаков индикатор за постоење на интелигентни битија што ги емитираат тие сигнали. Тогаш целата потрага по вонземски живот е бесцелна, суетна - се разбира за атеистичките научници со нивната парадоксална и контрадикторна логика во оваа сфера.
Добро бе мајку му, прееска се обидов со хумор ама или не сваќаш, или сваќаш само така ти чини, што вика Dback.
Првата работа која се надевам дека ја сваќаш е дека е убер-смешно ти, мал, неук, приучен, да тврдиш дека врвни научници не знаат што прават. Тоа може само прост човек да го тврди, или манипулатор.
Втора работа, едно е информација да се создаде, а друго е да се емитува во outer space. Тоа што некој жив организам, да не речам теле, содржи информации, не значи дека може да ги емитува.
Трета работа е дека не можеш да најдеш нешто, ако не го бараш.
Каква врска има сето тоа со атеизмот јас појма немам, освен ако крајната поента ти е дека атеистите се глупи или нешто попримитивно.