Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Де Чеље е сигурно најглупиот играч во Јувентус.
Па кој прави црвен и пенал на 10 мин пред крај, кога има 4:0?
Боље пушти го нека даде гол...
Нне беа 10 што е најглупо, туку баш во 90-та го направи :)
Али следно коло и така Јуве игра со својата втора екипа па нема многу простор за стравови:icon_lol:
Феноменална игра денеска. Презадоволен сум од сите. Мора да признаам дека сум посебно изненаден од Пирло, пошто не очекував дека ќе има толку добро деби, и бев голем скептик по неговото купување. Мило ми е и што Лихштајнер кој го сметам за најголемо засилување го постигна голот првенец, а криво ми е што Вучиниќ не успеа да ја затресе мрежата при неговата шанса.
Највеќе ме воодушеви Видал. Голем борец, и одличен погодок:vozbud:
Убаво изгледаше составот на Јуве денеска. Само да се продолжи вака. Плус атмосферата беше чиста 10-ка:)
 
Па не беа баш 10, 2-3 беа некаде.
Ама тоа ќе се дешава кога е со глава за украс...
Колку време имаше до крај е најмалку битно. 4:0 беше резултатот :)
Иначе добра игра на Јувентус, одамна ги немам видено да изиграат волку добра утакмица.
 
Ова веќе е друга приказна, МОЌЕН ЈУВЕНТУС!!! Уште да не беше коњот де Чеље ќе бевме комплетна екипа и ќе бевме први фаворити за Скудетото. Вака ќе си ја чекаме нашата шанса од сенка ама секако сме подобри за неколку класи од лани и верувам дека сериозно ќе атакуваме на титулата оваа година.
 
тоа со Матри не го видов

Маркизио за брзо ќе го изгуби местото од Видал

Те демантира Маркизио... свати маркизио игра како ДМ позиција која ни пирло ни видал нема да ја играат .... А како што гледам Конте полека полека секоја утакмица оди на 4-2-3-1 кога ке го стави Видал
 
Де Чеље:mad: Поглуп играч од него здравје. Дефинитивно беше најслабиот поединец на натпреварот без сомнение за најдобар неможам да кажам кои беа сите одиграа фантастично ама Де Чеље едноставно нема глава :tapp:...Како и да е ај нека ни е честита првата победа прекрасна игра на целиот тим Видал ѕвер а за Пирло мислам не треба да се коментира:cuc:
 
Супер, прекрасно! Ми се допаѓа што играа 90 минути, напаѓаа, борбени беа, мотивирани, едноставно очекувам многу оваа сезона. Нема да биде катастрофа ако не освоиме титула, ама ќе биде огромна ако не се пласираме меѓу првите 3. Не се секирам толку за црвениот на Де Чеље, знам дека ќе се изнајде некое решение.
 
Подобар старт не можеше, посебно за темпото, цел натпревар таков пресинг, такво трчање... значи кондиционо сме одлични. А со пресинг, топката беше кај нас, и што е најважно знаевме да ја задржиме и знаевме што да правиме со неа. Очигледно е дека овој Јуве има друг менталитет од Јуве од последните години, победнички менталитет, иако е ептен рано за да се констатира тоа, ама мислам дека се гледа. Ај сега кој ќе чека до идната недела, ФОРЦА ЈУВЕ!
 
Имате го Гросо,а што му фали и на Марко Мота :pos:

Првиот е катастрофа, а вториот е играч мање
Со евентуално играње на Мота, Јувентус ќе добие повторно црвен, само што тоа нема да биде на крај како сега, туку некаде околу 20-30мин.

Овие двајца требаше да бидат надвор од Јуве, Гросо продаден или меѓусебен договор за раскин, а другиот да не се откупи туку да се врати од каде што дојде.

Нека играат сите како денес и супер ќе биде.
 
Боље отварање на новиот стадион амин,фантастична утакмица,најмногу ме радува одбраната,која ни е најслаба карика ,за нападот нема многу проблеми,и лани дававме многу голови. To be continued...
 
Редно беше да им вратите со иста мера. ;)
Честито победа ;)
 
Ајде може ке не изненадат зимово со некој лев бек и со отпусна карта за Де Чеље и Гросо :)
 
Де Чеље:mad: Поглуп играч од него здравје. Дефинитивно беше најслабиот поединец на натпреварот без сомнение за најдобар неможам да кажам кои беа сите одиграа фантастично ама Де Чеље едноставно нема глава :tapp:...Како и да е ај нека ни е честита првата победа прекрасна игра на целиот тим Видал ѕвер а за Пирло мислам не треба да се коментира:cuc:
џакерини беше најслаб ,не го пушти елија незнам стварно зошто .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom