Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто против забоболка? Пијам чат пат Вентор ама не верувам дека многу помагаат. Стоматолог не ми е опција 2-3 дена, затоа прашувам.
Карамфилче.
Cloves.jpg
 
Што со каранфилче?
Каранфилчето има антисептичко и антивоспалително дејство и е подобро од било кое фармаколошко средство за елиминирање афти и забоболка!

Освен тоа што е научно докажано, лично самиот го имам проверено неговото дејство.(y)
Башка е одлично за неутрализирање на билокој претходен лош мирис во устата. По консумација на лук си лапам 2-3 парчиња карамфилче и исто како да не сум јадел лук. :)

ПОВЕЌЕ
 
Каранфилчето има антисептичко и антивоспалително дејство и е подобро од било кое фармаколошко средство за елиминирање афти и забоболка! Научно докажано но и лично проверено неговото дејство. (y)

ПОВЕЌЕ

Мислев, што да правам со каранфилче?
 
Мислев, што да правам со каранфилче?
Па зимаш 3-4 цели зрна и ги џвакаш околу местото каде е забоболката. Откако убаво ќе го изџвакаш, го голташ карамфилчето и готово, чекаш болката да ја снема... :)

Во рамстор мислам дека кај зачините можеш да најдеш мелено карамфилче, така да можеш пола лажиче од правот да го тркалаш/џвакаш во устата. Цело карамфилче исто така имам видено во рамстор, но не мислам дека е од македонско производство.

"Доколку сред ноќ ве разбуди силна забоболка, болката ќе се смири десетина минути откако ќе го изедете миризливиот цвет на растението. Исто така доколку забележите дека непцата ви се зацрвенети и подуени, направете чај од каранфилче. Сварете 200 милилитри вода, па прелејте ја преку три цвета од каранфилче и оставете ја да отстои 10-ина минути. Со дел од чајот измијте ја усната празнина а преостанатиот дел искоритете го за пиење."
 
Фала многу! Имам каранфилче, сега ќе правам магии :) непцето ми е подуено па мислев да го избоцкам малку да потече крв, да намали притисок. Прво да видам со каранфилчево што ќе биде.
 
остај му го боцкањето на стоматологот жити се некој такви подвизи, имаш и онака гингивит,ке инфицираш додатно и дупла беља , да не слушнам вакви работи повеќе, ајде пробај тоа каранфилчето па ако е ефикасно пиши !
 
Кога си во ваква болка правиш се што е логично да ти помине. Со каранфилов не помага, со мразот исто. Шробав и со ракија на местото, да се здрви или нешто... The pain is still there...
 
ауч не би сакал да сум на твое место, а да идеш до аптека аналгин да земеш
 
Пробав аналгин, ништо. Сега пијам некои си Вентор. Ни од тоаништо. Прв пат во моиве 24 години пијам апчиња да му се сневиди.

Забов ме болеше вака и пред некој месец, ми го среди забар стави лек и пломба, се опраи ама сеа изгледа немам ни чек ни пломба таму веќе.
 
Во краен случај купи го тоа шишенцето (Заболекс мислам се вика) во него има течност која го здрвува местото и не чувствуваш никаква болка.
Стоматолозите обично го користат кога вадат заб или кога вршат некоја потешка операција. Фактички ќе му направиш анестезија :)
 
Пробав аналгин, ништо. Сега пијам некои си Вентор. Ни од тоаништо. Прв пат во моиве 24 години пијам апчиња да му се сневиди.

Забов ме болеше вака и пред некој месец, ми го среди забар стави лек и пломба, се опраи ама сеа изгледа немам ни чек ни пломба таму веќе.
а толку не можеш да отидеш мометално мислам ако си во земјава супер , ама ако си некаде во странство тогаш ...
 
Абе сношти од баскет ко си дојдов, ме искина полојната од болење. Вероватно почна да ме боли ради то шо чекав ред за да се истуширам, и се здрви потта на мене. Денес не мом да се испрам ко чоек, ко некој дедо се осеќам. Некое чаре да кажите ? Масажа нешто , вежби ... ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom