Да ама не си во право за реакциите:
- Хрватите во големо мнозинство на нивните форуми изразија поддршка и симпатии кон нашата репрезентација. Има и такви кои јадат бурек, ама големо малцинство се.
-Србите исто така во мнозинство ни изразуваат поддршка и симпатии. Имаат поголема група која јаде бурек, поточно онаа на која им е криво за нивните браќа православци од југот. На B92 се зелено се означени позитивните коментари, со црвено негативните. Очигледна е голема разлика во корист на зелените.
- Македонците... еден дел од Македонците одат на нивните форуми да видат што се пишува за Македонија. Друг, помал дел, одат да какаат како сме биле сила за нив, заборавајќи дека и едните и другите се за нас поим во кошарка, историски гледано. Со таквите коментари нашите дрва ги провоцираат нивните дрва и ја носат дискусијата у пм...
Да резимирам:
Не сме ништо поарни, ни полоши. И кај нас поголемиот дел знае нормално да комуницира и да покаже респект, и кај нив. И кај нас има говеда, и кај нив. Ама има нешто кај нас сите што се приметува на youtube, заедничко е без разлика на нација или било каква друга поделба: имаш убава песна со 100 000 лајкови и 20 дислајкови... и сите се расправаат за оние 20 што кликнале дислајк. Тоа е силата на будалите, од секоја дискусија знаат да направат каша-попара, без воопшто да вложат труд за истото.