М
Мартин`
Гостин
Кои се тие сите манифестации ? пиши им к.. на политичари што неможат барем 1 ден во 20 години да ја свиткаат главата и да не боледуваат по својот пораз, барем на еден ден свет празник најголем Македонски. Што се однесува до говорот не видов јас нешто толку политички кажано во него, освен дека кажуваше дека не треба да им се даде шанса на оние што згрешиле притоа не кажуваше ниту по име ниту по партија. грешење и грешка секој може различно да си го толкува - а песната е избрана од народот за која што имаше јавно гласање значи беа избрани по принцип кои ќе имаат највеќе гласови и они го почитуваат тоа. Еве јас по грешка гласав за неа обидувајки се да ја пуштам истата, не сакав таа но ете по грешка гласав за таа и да ако ме прашуваш мене лично не требаше да се пушта ама како одлучило мнозинството така беше.Јас не сум сигурен кој е типот за кој што ми зборуваш. Да претпоставам дека зборуваш за Бранко или лицето Б.Ц., сеедно. Лидерот на опозицијата присуствуваше на сите манифестации, го честиташе денот на независноста. Сдсм не присуствуваа на централната манифестација, ради како што рекоа, ДПМНЕ тоа ќе го искористи како злоупотреба и саморекламирање, што всушност и излезе точно, од самиот говор на Груевски може да се заклучи истото, па се до Тарчулоска со Предавници и Јунаци (? така беше најавено, не гледав). И незнам зошто муабетов се сведе на партииве, јас ти говорев за патриотизмот, за поделбата на народот и тоа е тоа.
Останатово колку убаво го опиша, си мислам дури и дека гледам Сител, државава е во економски подем, од инвестиции неможеме глава да кренеме, Македонија е прва економска сила во светот. Државата мрднала од мртва точка, еве и еден голем РОФЛ !!!
Немој ти мене да ми кажуваш како да размислувам, ЈАС ГО ПОЧИТУВАМ 8ми Септември !!! Јасно ли ти е тоа или сакаш поголеми букви ???
И ЌЕ КАЖУВАМ како мислам дека мислиш, ова е форум нема ти да ми кажуваш што да правам се додека не ги прекршувам правилата на истиот. Не е се така црно во државава, да тешко е ама никаде не е идеално ниту нема да биде посебно не во новите независни држави како нас. И доста кукате на форум вие критичка маса, ајде организирајте се и просветлете не нас напатените души.. зошто од форум ниту помагање на државата ниту ќе помагате. Значи ако сметаш дека не чини биди ти иницијатор на некои работи, мило ќе ми биде ако историјата и тебе те запише ко победник што се вика кој помогнал нешто да се подобри во државата. И најбитно ова што го кажав погоре не е како партиски определен човек, зошто јас не сум партиски член туку само МАКЕДОНЕЦ кој државата му е побитна од некои други споредни работи и не можам да плукам по неа безразлика на се ..