Одамна сфатив дека обично нема потреба да се дискутира со закоравени, трчачи по штафета, и обожавање на култови кон личноста. Одма се познаваат таквите. Го имаат тој Б.Ц.-Фрчко понашање-Слушај мали ти си рипал у татина муда кога јас бев у ЈНА 67-ма, и демек виделе многу работи и дека ако имаат 90 тоа ги лишува од ретардацијата што ја имаат. Обично со такви копуци избегавајте да дискуритате. Мозокот им е испиен уште од 1во одделение, со онаа
Прваче сум деца,
вистина е цела,
во жили ми тече
крв Титовска врела.
Букварот го сакам,
со книгите дружам,
на земјава моја,
верно ќе и служам.
Па тука имаш епопеи за другарот, како он бил најјак, како херојски со двогледот гледал што се дешава у Сутјеска, како ја плескал Софија Лорен на Галеб. Интересно е како поддржувачи на бившата СФРЈ се денешните анархисти, деструктивци, мрзливци, мрчачи против религии, општествени стеги и репресии, квазихуманитарци, глупи сељаци, да токму дел од тие што најмногу требало да се бунат тогаш. Тоа време им било супер ова време не име. Другарот имаше среќа што умре тачно на граница на негов личерн преврат. Нешто вака ќе му дојде тоа. Човек седнува у кафана, вика луѓе, нарачува царска гозба, јадења, пиења, кавијари и шампањска. И таман го довршува десертот, го фаќа гангрена на ногата, му ја сечат, и после тоа сепак умира. Сите викаат дека човекот знаел како да направи гозба. На тие слепци на масата не им е јасно дека there is no such thing as free lunch, и дека да не била ЦЕМЕА одамна ќе имало економски колапс. Не им е јасно дека Скопје ради за Београд да се гради, и дека 90-та година иамаме најзадна технологија на светот. Не им е јасно дека имбецили им ја водат државата само затоа што имаат презиме и дека колку и да си способен ако не си син на имбецил нема да просперираш. Не, нив им е битни-нишај врата, земај плата, 45 дена на Јадранска Обала и доволна платичка за едно Југце додека другарот (кој не е господин затоа што треба да е еднаков со сите), вози Ролс Ројсови, има 100 швалерки, 1000 вонбрачни деца, накит за да наките цел харем, уметнички фотографии, неколку палати и викендици. Само на куче коешто му фрлаш коска за цел ден да ти ја лиже раката му е подобро така. На прогресивен човек што чекори напред математиката му е фалична и не одговара и знае дека треба поинаку а нешто тука смрди. Не може 2+2=6 освен ако нема некоја опасна, злокобона детерминанта од кај што идат уште +2, што никој не ја знае ама на крај ќе си ја плати. И мислам дека се додека не го испратиме и последниот титов пионер во пензија, задоен од СФРЈ-изам, мрзливост, идолопоклонство и исцицан мозок, и секако паразитизам (а тоа е малтене мојата генерација +-2,3 години) нема да има прогрес. Тоа семе на ментално уназадување (како во песната на Рибља Чорба-Како је лепо бити глуп посветена токму на оваа тема) мора да се искорени. Нарочито на младите им го упатувам тоа. Почитувајте ги постарите поради искуството и годините, ама земајте се со резерва нарочито кога ќе сакаат да ви наметнат некоја општествена работа како на пример марксизам, СФРЈ, Тито и остало. Прочитајте, образовајте се, научете и самете донесете си заклучок. Не ги правите нивните грешки, можеби и ненамерни заради тогашното информативно слепило, да дозволите да ви го програмираат мозокот, да ви ги ископаат очите и да ве мелат по нивни принцип. Барем не сега во 21 век.
http://www.mojvideo.com/video-kako-je-lepo-biti-glup/717b3b2abeccbcb8801b