Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сега ќе заминеш на темата Зошто немаат атеистите одговор.... и ќе видиш како гледам во иднината, и знаеме дека ќе ми дадеш цитати од книга во која се сомневам, и преку истата ќе ми кажеш дека си докажал нешто!
Ок, разбравме дека се сомневаш во Библијата и не ја земаш веродостоен историски извор.
Тогаш ајде кажи кој е твојот веродостоен извор т.е. врз основа на што ти тврдиш дека Исус бил или не бил ова или она?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201

Новиот завет е историски извор? Што нема да прочитам... Проповедите на следбениците на некој Исус кој што се споменува во делата на Флавиј(но се добро исечени и средени од христијански „учени“ во тоа време) и тоа избрани неколкумина следбеници се историски извор за тебе?

И што да одговорам на ова, кога ти ВЕРУВАШ дека Новиот завет е историски извор.

Вака... ти веруваш во Новиот Завет... Историјата не верува... има документи, докази... зарем не кажавме дека сегашните записи од новиот завет се IV век, и се копии од оригинали... Грчки преводи (иако некои се трудат да наметнат дека биле пишувани уште на почетокот на грчки. Тоа е лага и дрска манипулација само треба да се прегледаат архиви по нет и да се ИСТРАЖУВА.)
Ок, копии се, но, каде се оригиналите... Зошто ги нема другите следбеници на тој Исус? Не запишале и тие нешто? Кој тоа смртник се дрзнал да уредува света книга? Што да биде што не канонско што не?

Јас тврдам дека Исус не е тоа што велат христијаните, од еврејски извори :) Зарем не следиш ти еврејски закони? Еврејски бог? Нормално не си обрезан, иако тоа е патот кон спасување, само треба да разговараш со евреи, си стои во законот :)
Немој да ми кажеш и дека тој некој Исус бил распнат од евреи. И тоа е лага... Зарем евреите би распнале спасител што го чекаат? Не се будали евреите...
Друг извор... дела од истражувачи на еврјската тора (стариот завет), зохар итн итн...
Доволно?
Можам уште, но ќе надмине над 10 реда, и нема да прочиташ.
И подобро е... муабетам со некој што верува дека новиот завет е веродостоен историски извор. Богот на Универзумот има човечка историја. Алал да ти е, си разбрал се...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не знам дали да гледам тенис, или да ја следам расправата што следи...

:cool:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Не знам дали да гледам тенис, или да ја следам расправата што следи...

:cool:
Ах јас заминувам, што да разговарам со човек(сигурно над 40 години) што ВЕРУВА дека „света книга“ е историски извор...
Веќе кога сум во Македонија, одам да гледам празнувањето на независноста :)
Тоа ми е малку пологично од овој муабет...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ах јас заминувам, што да разговарам со човек(сигурно над 40 години) што ВЕРУВА дека „света книга“ е историски извор...
Веќе кога сум во Македонија, одам да гледам празнувањето на независноста :)
Тоа ми е малку пологично од овој муабет...
Расипувач на забави...

:mad:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Новиот завет е историски извор? Што нема да прочитам... Проповедите на следбениците на некој Исус кој што се споменува во делата на Флавиј(но се добро исечени и средени од христијански „учени“ во тоа време) и тоа избрани неколкумина следбеници се историски извор за тебе?
Да, 27те новозаветни документи се веродостоен историски извор и тоа многу поверодостојни од твоите имагинарни и таинствени „историски“ извори за Исус.
Тоа што „проповедите“ (веројатно мислиш на евангелијата, писмата) се пишувано од следбеници на Исус тоа воопшто не ја намалува нивната историчност, туку ПРИДОДАВА на нивната историчност и веродостојност, затоа што дури и во судските процеси за поверодостојни се сметаат сведоштвата на очевидците или оние кои ги имаат информациите од „прва рака“ или „втора рака“.

Ако се земе фактот и дека многумина од Христовите следбеници биле маченички убиени заради нивната вера, а сепак не се откажале под истата, тоа дополнително придодава на нивниот кредибилитет и искреност. Тие со крв ги запечатиле своите сведоштва. Ретко ќе најдеш група луѓе што би умреле за една непотребна лага, лага која немали ни цел, ни причина, ни мотив да ја измислат и фабрикуваат.

Вака... ти веруваш во Новиот Завет... Историјата не верува... има документи, докази...
А ти си некаков портпарол на историјата? :)
Кои се тие автентични документи и докази што во име на историјата велат дека не треба да му се верува на Новиот Завет? Баш ме интересира.

зарем не кажавме дека сегашните записи од новиот завет се IV век, и се копии од оригинали...
Ок, копии се, но, каде се оригиналите...
Каде се оригиналите од Галските војни пишувани од Гај Јулие Цезар во периодот од 100-40 година пред наша ера?
Најраните ракописи од ова дело датираат дури 900 години по Христос.
Каде се оригиналите од Тетралогијата на Платон која е пишувана во 4 век пред наша ера, а сепак најраните ракописи датираат исто така од 9 век наша ера?
Тацит ги пишува Аналите во 100г, а најраните ракописи датираат од 1100 година.
Херодот го пишува своето дело "Историја" 5 век пред наша ера, а најраниот ракопис датира исто така 900 година по Христос.
Делата на Софокле, Демостен, Аристотел исто така имаат распон од 1000 години меѓу времето во кое биле напишани оригиналите и времето на најраниот најден ракопис, а сепак никој не се сомнева во нивната веродостојност. Патем, од сите нив најдени се само по 7, 8, 10, 20 преживеани ракописи (со исклучок на Софокле од кого се најдени 100 ракописи) како што кажавме цели 1000 години од времето на нивниото пишување.

Додека пак од Новиот Завет најдени се околу 24.600 ракописи (манускрипти) од кои најраниот датира само неколку децении од времето на пишување. Ниедно историско дело не може да се пофали со толкава историска веродостојност, и објективно гледано, никој нема право да не се сомнева во делата на Јулиј Цезар, Платон, Тацит, Херодот, Софокле, Демостен, Аристотел итн, а да се сомнева во делата на евангелистите. А зошто сме субјективни? Само затоа што тие зборуваат за некој Исус што правел чуда, што воскреснал, што тврдел дека е Син Божји итн?

Разбирам некој да не верува во тоа или да не го прифаќа тоа, но историски да го оспорува е крајно не фер со оглед на високата историчност на Новозаветните документи над другите историски антички дела.

Зошто ги нема другите следбеници на тој Исус? Не запишале и тие нешто? Кој тоа смртник се дрзнал да уредува света книга? Што да биде што не канонско што не?
Можеби не запишале ништо, а можеби запишале, но нивните ракописи не преживеале. Земи предвид дека:
- Во 1век само 1% од населението било писмено, хартијата (папирусите) била скапа работа и не можел секој да си дозволи да пишува.
- Христијаните до 312 година често пати биле крваво прогонувани и нивните дела спалувани. Многу од христијанските дела преживеале сокриени во некои манастири, срушени цркви, пештери.
Но сепак нешто било сочувано и тоа доволно. Бог се погрижил за тоа.

Јас тврдам дека Исус не е тоа што велат христијаните, од еврејски извори :)
Ете тоа со нетрпение го чекаме, да ни ги приложиш твоите таинствени извори за Исус. Ете сега дознавме дека наводно се еврејски извори. Добро е, кутијата полека се отвара. Повели приложи кои се тие еврејски извори, како се нарекуваат тие дела (книги, списи, писма, пергаменти), кога и каде се најдени, кој е нивниот автор, од кога датира најраниот препис (те прашувам затоа што се кладам дека ги немаш оригиналите :)

Немој да ми кажеш и дека тој некој Исус бил распнат од евреи. И тоа е лага... Зарем евреите би распнале спасител што го чекаат? Не се будали евреите...
Евреите заедно со Римските војници го распнале Исус. Евреите не го препознале Христос како Спасител, а најмалку како свој спасител. Не биле будали тие да распнат свој спасител, но биле заслепени од гревот.

Друг извор... дела од истражувачи на еврјската тора (стариот завет), зохар итн итн...
Кои се тие дела и кои се имињата на тие таинствени истражувачи? Ајде наведи ги по име па да ја ставиме на историски тест нивната веродостојност и евентуална поверодостојност од новозаветните документи :)

Наведи 1-2 дела, па тоа за почеток ќе биде доволно. Се додека зборуваш во шифри ќе биде оскудно, крајно недоволно.

п.с. Одам и јас на плоштад. Се надевам ќе ја продолжиме дисксуијата по забавата. Поздрав!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да, 27те новозаветни документи се веродостоен историски извор и тоа многу поверодостојни од твоите имагинарни и таинствени „историски“ извори за Исус.
Тоа што „проповедите“ (веројатно мислиш на евангелијата, писмата) се пишувано од следбеници на Исус тоа воопшто не ја намалува нивната историчност, туку ПРИДОДАВА на нивната историчност и веродостојност, затоа што дури и во судските процеси за поверодостојни се сметаат сведоштвата на очевидците или оние кои ги имаат информациите од „прва рака“ или „втора рака“.

не само христијански очевидци и следбеници напишале веродостојни сведоштва за бог(ови) Има такви пишувања сведоштва и записи и за древните египетски божества, и тие го запишале настанокот на светот, историјатот на настанокот на се живо, закони.... и за Митра, и за Мазда, Зевс, Алах... за сите нив има веродостојни записи и сведоштва. Тоа докажува дека постојат многу богови и многу божества кои вледеат со своите верници.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
А ти си некаков портпарол на историјата? :)
- Во 1век само 1% од населението било писмено, хартијата (папирусите) била скапа работа и не можел секој да си дозволи да пишува.
- Христијаните до 312 година често пати биле крваво прогонувани и нивните дела спалувани. Многу од христијанските дела преживеале сокриени во некои манастири, срушени цркви, пештери.

Ете тоа со нетрпение го чекаме, да ни ги приложиш твоите таинствени извори за Исус. Ете сега дознавме дека наводно се еврејски извори. Добро е, кутијата полека се отвара. Повели приложи кои се тие еврејски извори, како се нарекуваат тие дела (книги, списи, писма, пергаменти), кога и каде се најдени, кој е нивниот автор, од кога датира најраниот препис (те прашувам затоа што се кладам дека ги немаш оригиналите :)

п.с. Одам и јас на плоштад. Се надевам ќе ја продолжиме дисксуијата по забавата. Поздрав!
1. Придодава сосема друга слика за Исус, ништо повеќе, како историска личност и нема врска со богови и демони. Ниту пак некаква слика на спасител од гревови (можеби спасител на евреите) како што идните рисјани ќе почнат да си ги толкуваат работите, па ќе излезат мал милион фракции, што јас секако не се бунтувам против тоа. Не е бесцелно отфрлањето на мал број записи за Исус како „несоодветни“ и кои ќе дадат сосема друга слика за некаков овоземен Исус, далеку од богови и духовност, отколку на оној од христијанските сликовници за деца.
2. Ако адепти се жртвувале и умирале за своите убедувања, тоа си е нивно. Доста се „чешате“ од туѓи искушенија и туѓи успеси, го зборите нивниот пат како ваш, а вашиот го криете... изгледа не е толку вашиот пат „маченички“ и „печат“ за нешто. Затоа, јас велам молк за туѓите патишта, кои не се ваши.
3. Света книга не е историски документ. Не е ограничена со време. Ако е, тогаш вашите морални и етички кодеци на однесување, се излитени и непотребни, што е и не е далеку од вистината. Споредуваш глупости. Багавадгита ти ја споменаа... спореди ја со што сакаш, таа безвременска во својата духовност. Библијата, куп кастрирана еврејска мудрост која не велам дека тој историски Исус ја направил, туку неговите неуки следбеници. Исус се појави од евреите, за евреите, евреин е, ако го гледаме како историска личност, а ако вашите предци си ги заборавиле боговите и ви го тупнале Исус како надеж, тоа е ваш проблем и ваше верување, кое што е далеку од знаење. Да не ги мешаме работите. Ќе споменеш дека се појави пред учениците и кажа тоа и тоа, народите... Зарем не мисли на разните племиња еврејски кои што вирееја низ израилот во тие времиња? Зарем не сакаше тој историски Исус да ги обедини евреите под една управа, еден цар, крв на Солмон и Давид? Каде вие се буткате во сета таа слика за еврејското царство? 2000 години бладање, уште 4000 треба за оправување, а тоа не може друг да го направи. Само не ги лажете луѓето... Грев правите.
4.. Значи пак лаги... Неколку децении... Неколку децении од што? Смртта на Исус, 70 година бунтот во Ерусалим? Од кои се тие записи кои што се неколку децении и кои не се редактирани и средени во духот на „новото“ учење без име? Ги има во новиот завет? Или се апокрифи? Да не се гностичките тие толку блиску до историскиот Исус? Или...?
- Во 1век само 1% од населението било писмено, хартијата (папирусите) била скапа работа и не можел секој да си дозволи да пишува.
- Христијаните до 312 година често пати биле крваво прогонувани и нивните дела спалувани. Многу од христијанските дела преживеале сокриени во некои манастири, срушени цркви, пештери.
5. Ова приказни за деца. Евреин неук? До толку омраза? Можени македонците биле неписмени во тие времиња, но евреите... НЕ! Според тебе значи Исус ги избрал најписмените за да запишат... Писмени рибари во тоа време? Ајде нека биде... сигурно затоа подоцна избрал митници и пописмени за да запишат по нешто... Ех ех... Умирале христијаните? Биле палени нивните дела... Како пишувале дела, ако еден процент биле писмени? Сигурно тоа е веќе IV век, како што кажав... :)
6. Не се клади, правиш грев, според твоите филозофии на учење и верување дека си грешен... Ти напишав од каде се изворите... Ти како протестант, се бунтуваш и ќе наведеш дека евреите се грешни, но ти си грешен и живееш по кастрирани еврејски закони, а нема да признаеш, бидејќи богот не ти дозволува кој што живее во тебе да признаеш.
7. Ако Новиот завет е историски документ според тебе, кажи ми зошто Исус има две родословија различни? Ќе ми ги спомнеш еврејските закони? Немој :)
Ќе ми кажеш кога се раѓа Исус? Зошто има разлики...?

Друго, погледни го овој стих: Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!”

Зошто подоцна Исус не ќе ги препознае мајка си и браќата, и ќе рече, парафраза, мојата мајка и браќа се оние кои го слушаат словото.
Па, марија ете рекла, Господова слугинка. Да не забегал потоа Исус малку по патот? Има некои роднински проблеми?
Немој да започнуваме... едно та исто зборуваш...

Исто, чиј престол ќе наследе Исус? Да видиме да видимеее :)
И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.

А кој е Давид? Хм? Валиден историски документ Новиот Завет... тоа за првачиња и за бедни по дух... Како и што учите според вашата филозофија на живеење...

Најде јас да те учам за евреите и нивните закони од Мојсеј... ах, што нема по светот.
Евреите знаат кој ќе биде спасителот, и тој не е дојден. Зарем немаат родословија сите евреи дома? Зарем Рим не проба да уништи секаква трага од вистинскиот чистокрвен наследник на Давид? Еден земски владетел и еден Бог, еврејски. Тоа е филозофијата, толку е и потребно. Муслиманите се 100 пати поблиску до вистината од вас и вашите фракции.
Си чекаат тие(евреите) и ќе дојде НИВНИОТ спасител... а ти, верувај и надевај се во твојата слика за Исус со мазно лице и фини раце и како сите гревови ти се избришани.
И сепак, не плукај на Евреите(антисемитизам не поднесувам, премногу ми е идиотски тој чин, бидејќи ти не си ,ниту пак имаш свој бог на кој може да се потпреш, за разлика од нив. Не е убаво така.
Поздрав, и со убаво на плоштад.
--- надополнето: Sep 8, 2011 8:18 PM ---
не само христијански очевидци и следбеници напишале веродостојни сведоштва за бог(ови) Има такви пишувања сведоштва и записи и за древните египетски божества, и тие го запишале настанокот на светот, историјатот на настанокот на се живо, закони.... и за Митра, и за Мазда, Зевс, Алах... за сите нив има веродостојни записи и сведоштва. Тоа докажува дека постојат многу богови и многу божества кои вледеат со своите верници.
Да беше барем кај рисјаните муабетот за богови :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Heptagram, не туку ми проповедај тралалајќи. Стилов на пишување ти е како да си се поднапил побајаги на прославава. Кога ќе се отрезниш очекувам да ги обелодениш твоите таинствени, се надевам не и имагинарни историски извори за твојот Исус кој е различен од христијанскиот Исус Христос.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Heptagram, не туку ми проповедај тралалајќи. Стилов на пишување ти е како да си се поднапил побајаги на прославава. Кога ќе се отрезниш очекувам да ги обелодениш твоите таинствени, се надевам не и имагинарни историски извори за твојот Исус кој е различен од христијанскиот Исус Христос.
Стилот е добар. Се фати за стилот... Ех... и сега треба да кажам: Каков соговорник таков стил, но не! Само ќе кажам стилот е добар.

Кажав не проповедам. Тоа тебе ти го оставам како пастор на овци. Зарем нема некаде во темата Кој е Исус Христос, каде покажувам на тешките промашувања, лошите преводи и неразбирања на стариот завет(1), еврејскиот закон, кој ете вие, бидејќи се тешите со новиот ваш закон дека тој Исус евреинот рекол после „воскресение“ на своите ученици да го проповедаат законот на сите народи... И вие мислите дека вие сте народот, целата земја... :) Не сте, тоа се племињата на израилот, а историскиот Исус само сака да биде цар на евреите, како што и му беше напишано на крстот, на кој се распнуваат оние кои дирекно атакуваат на императорот, дури и со мисла :)
Чекај, зарем не зборувавме зошто е Исус името а не друго име? Дали се сеќаваш? Или пак тие постови се над 10 реда па не ги ни читаш? Дали Исус е само формула, подобрена верзија на старозаветниот бог (што не го прави никаков материјален син, нема распнување реално, се е симболика и еврејски пракси) или пак историски Исус кој сака само да биде цар на сите племиња на израилот, чиста крв на Давид? :) И каде е спасителот твој кој што треба да дојде? Уште ќе доаѓа? Како молња? Ах и за таа молња може да те насочам да ја видиш тората, и да разбереш што е таа молња...
Ајде оди да пребаруваш и да прочиташ и разбереш, па подоцна ќе зборуваме за тралалајки и бладања од христијански тип. И ќе го симнеме Исус конечно од облаците во вашите глави и ќе го распнеме и ќе му кажеме, ете го твоето второ доаѓање, пробај да се симнеш :) По втор пат.

Нема ништо свето и духовно во тој Исус(распнатиот), само неуспешно конечно обединување на евреите.
Што ти дрдориш всушност, а мене ме напаѓаш дека проповедам?
Ако ти е тоа верувањето, нека ти биде... но не го поткрепувај со фантазии и соништа и не напаѓај други ако ти велат дека грешно толкуваш. Сврти го другиот образ! И помини :)

1. Законот е погрешно преведен( и ти така кажа, а и јас ти покажав со примерот на Исус Навин), погрешно протолкуван бидејќи не сте евреи, погрешно проповедан.

Имај пријатен ден...

п.с. Ако стариот завет ти е имагинарност и фикција, се сложувам. Премини на тората :) И изучување еврејски пракси :) Од нив е законот, за нив е спасителот. За тебе, само празни зборови и празна надеж. Појасно не знам како да ти објаснам. Инает тераш или не разбираш?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
п.с. Ако стариот завет ти е имагинарност и фикција, се сложувам. Премини на тората :) И изучување еврејски пракси :) Од нив е законот, за нив е спасителот. За тебе, само празни зборови и празна надеж. Појасно не знам како да ти објаснам. Инает тераш или не разбираш?
Бреј толку проповедање за да на крајот во П.С. се наврати на прашањето кое два пати му го поставувам.
Не терам инает туку од петни жили се обидувам да дознаам кои се тие историски извори за твојот Исус кој е различен со христијанскиот Исус. Овде читам дека ти велиш дека тоа е Тората и... изучување на еврејски пракси? Те молам немој пак во шифри да ја замрсуваш работата. Пиши кои се тие еврејски документи каде што се напишани еврејските пракси од каде што ти ја изведуваш сликата за Исус.

Тората? Еве ти линк каде што ја имаш целата Тора онлајн: www.mkbible.net Те молам посочи на кое место (која книга, кое поглавје, кој стих) е опишан твојот Исус кој е различен од христијанскиот Исус.

Поздрав!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Бреј толку проповедање за да на крајот во П.С. се наврати на прашањето кое два пати му го поставувам.
Не терам инает туку од петни жили се обидувам да дознаам кои се тие историски извори за твојот Исус кој е различен со христијанскиот Исус. Овде читам дека ти велиш дека тоа е Тората и... изучување на еврејски пракси? Те молам немој пак во шифри да ја замрсуваш работата. Пиши кои се тие еврејски документи каде што се напишани еврејските пракси од каде што ти ја изведуваш сликата за Исус.

Тората? Еве ти линк каде што ја имаш целата Тора онлајн: www.mkbible.net Те молам посочи на кое место (која книга, кое поглавје, кој стих) е опишан твојот Исус кој е различен од христијанскиот Исус.

Поздрав!
Пак ми мава преводи :) Плукам на преводите јас, бидејќи се погрешни. Погледни ги еврејските текстови, пробај да преведеш. Кога веќе следиш еврејски бог, научи го јазикот.
Види што имам пишувано за кој е Исус Христос... ... имам пишувано тука... пак сакаш истото да го зборувам?
Не се никакви тајни никакви шифри... Само ти не си запознаен со еврејската мисла со која е исполнет стариот завет, затоа слепо се држите за новиот и тој имагинарен спасител на целиот свет.
Ако го гледаш како историска личност, ТОЈ е само распнат бунтовник против империјата, бидејќи сакал да биде цар на евреите, ништо повеќе. Евреите не го препознале бидејќи биле во грев. Тоа таму на твоите им го раскажувај како пастор, не овде да шириш антисемитизам.
Ако пак решиме дека Исус е само варијација на името од стариот завет, автоматски нема распнување, се чека месија, и вие сепак следите пак фантом.
Како не разбираш...

Еврејската тора, која ти си ја нарекуваш стар завет, има свои коментари, објаснувања, во духот на еврејската традиција. Ти, ми ги раскажуваш твоите лоши преводи на книга која ја нарекувате стар завет, во духот на „христијанството“ кое што е бааги застрането од еврејската традиција, која секако ја кастриравте, и создадовте свои богови и демони, за да си ги оправдате слепите ви верувања и надежи!
Анатема за таквите! :)
Како беше во стариот завет: пород да немаат до кое колено? Како пишува таму, истото го велам и јас! :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако го гледаш како историска личност, ТОЈ е само распнат бунтовник против империјата, бидејќи сакал да биде цар на евреите, ништо повеќе.
Е ајде де, по четврти пат те повикувам да ги наведеш тие твои оригинални еврејски историски извори каде што пишува дека Исус е распнат бунтовник против империјата бидејќи сакал да биде цар на евреите. Ајде, плукни ги веќе еднаш тие историски докази поверодостојни од новозаветните документи. Ајде сите чекаме на тоа. Зборувај си факти не туку ми проповедај само работи за кои што не си прашан. Ова не е монолог, ниту talk show. Ова е дискусија. Следиме што те прашувам. Дај да збориме со факти. Историјата е наука.

Еврејската тора, која ти си ја нарекуваш стар завет, има свои коментари, објаснувања, во духот на еврејската традиција.
Прво, јас не ја нарекувам Еврејската Тора стар завет. Стариот Завет на еврејски се нарекува Танак, а Тората е дел од Танакот т.е. само првите пет книги од Танакот (Мојсеевиот закон). Ако за тебе Тората и Стаирот завет се исти, тогаш под итно излегувај од дисксуијава за да не бидеш изрезилен во понатамошните елементарни непознавања.

Еврејските коментари и објаснувања што Тората ги имала тогаш и сега не се исти. Талмудот (каде што има толкувања на Тората) е пишуван во нашата ера и тоа од евреите кои го одбиле Исус. Додека пак евреите што го прифатиле Исус имаат поинакво толкување на Тората. И тие се евреи, чистокрвни евреи. Првите христијани биле во најголем број евреи. Според нив целиот стар завет јасно посочувал кон Исус. Според оние кои од дното на срцето го замразиле Исус (по теркот и убедувањето на фарисеите кои биле јако искритикувани од Исус) се разбира дека поинаку ќе си ја толкуваат Тората и целиот Стар Завет.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Е ајде де, по четврти пат те повикувам да ги наведеш тие твои оригинални еврејски историски извори каде што пишува дека Исус е распнат бунтовник против империјата бидејќи сакал да биде цар на евреите. Ајде, плукни ги веќе еднаш тие историски докази поверодостојни од новозаветните документи. Ајде сите чекаме на тоа. Зборувај си факти не туку ми проповедај само работи за кои што не си прашан. Ова не е монолог, ниту talk show. Ова е дискусија. Следиме што те прашувам. Дај да збориме со факти. Историјата е наука.

Прво, јас не ја нарекувам Еврејската Тора стар завет. Стариот Завет на еврејски се нарекува Танак, а Тората е дел од Танакот т.е. само првите пет книги од Танакот (Мојсеевиот закон). Ако за тебе Тората и Стаирот завет се исти, тогаш под итно излегувај од дисксуијава за да не бидеш изрезилен во понатамошните елементарни непознавања.

Еврејските коментари и објаснувања што Тората ги имала тогаш и сега не се исти. Талмудот (каде што има толкувања на Тората) е пишуван во нашата ера и тоа од евреите кои го одбиле Исус. Додека пак евреите што го прифатиле Исус имаат поинакво толкување на Тората. И тие се евреи, чистокрвни евреи. Првите христијани биле во најголем број евреи. Според нив целиот стар завет јасно посочувал кон Исус. Според оние кои од дното на срцето го замразиле Исус (по теркот и убедувањето на фарисеите кои биле јако искритикувани од Исус) се разбира дека поинаку ќе си ја толкуваат Тората и целиот Стар Завет.
Пак ми мава преводи :) Плукам на преводите јас, бидејќи се погрешни. Погледни ги еврејските текстови, пробај да преведеш. Кога веќе следиш еврејски бог, научи го јазикот.
Види што имам пишувано за кој е Исус Христос... ... имам пишувано тука... пак сакаш истото да го зборувам?
Не се никакви тајни никакви шифри... Само ти не си запознаен со еврејската мисла со која е исполнет стариот завет, затоа слепо се држите за новиот и тој имагинарен спасител на целиот свет.
Ако го гледаш како историска личност, ТОЈ е само распнат бунтовник против империјата, бидејќи сакал да биде цар на евреите, ништо повеќе. Евреите не го препознале бидејќи биле во грев. Тоа таму на твоите им го раскажувај како пастор, не овде да шириш антисемитизам.
Ако пак решиме дека Исус е само варијација на името од стариот завет, автоматски нема распнување, се чека месија, и вие сепак следите пак фантом.
Како не разбираш...
:)
Значи јас не велам дали е историска личност или пак нешто друго. За тоа си молчам. :)

Во тората се вели дека ќе дојде јудејски цар, кој ќе ги обедини под едно сите племиња, и ќе биде над сите други цареви, наследникот на Давид. Зарем јас да ти кажувам што вели твојата библија? Ти велам јас дојди кажи ми што велат моите свети книги за мене? :) Не биди дете...
АКО и само ако велиме дека постои тој историски Исус, тој собира толпа околу него, поткован е добро во еврејските закони (подготвуван е за цар), и се прогласува за Цар (ок, го прогласуваат ајде, ќе им веруваме на редакторите овој пат). Откако по разни шетања ваму таму, дознава дека тешко дека ќе стане цар, сикарите не му се од голема полза и што? Ете го кај почнува да проповеда дека неговото царство не е од тука. Абе ајде... навистина не е од тука? Царска крв давидова вели дека царството е кој знае каде таму некаде на Сириус Бета! Нормално ако е историска личност тој Исус :)
Сигурно не е бесцелно редењето на цело родословие. Сигурно не е за да се покаже дека ете израиле, имаш цар? Ајде да ги отфрлиме римјаните?
А и каков е тој родослов, кога се следи крвна жила на еден Бог?
Многу египетски ова звучи :)
И не барај од мене да ти вадам цитати од тората... Ќе ставам на еврејски, ќе го објаснам што значи и зошто, и ти ќе ми бувнеш еден превод на македонски од оваа страницата и ќе ме побиеш? Мислам дека ќе останам неук за темава, помалку време ќе потрошам...

Објаснував еднаш (си немав работа со христијански фанатик се распавав, и зборував за Исус навин дека не е навин дека е бен нун и дека не е ни Исус) и ништо не излезе од тоа.
Пак да го правам истото?
Не благодарам. Ете вака ќе дофрламе по нешто, колку да кажеме, а кој има ум ќе се посомнева и ќе истражува ревносно...
А се сомневаат сите... што мене ми одговара...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Сеуште?
יהשוי НЕ е СИН ... барем не е син, во христијанска смисла, на никаков Бог ( христијанска смисла која што нема смисла, но ајде нека биде[кога се копираат еврејски свети текстови, преку грчки преводи, следува болка]). Можете да верувате дека Е, но тоа нема да смени ништо... освен ширење на токсична и непотребна лага меѓу луѓето која што нема да ги направи ни за трошка подобри.
Heptagram,
Da, seushte e.
Si go propushtil da go prochitash mojot post vo "Koj e Bog",prochitaj i kazi kogo raga Toj?
Koj e Negov sin?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom