СМЕТКОВОДСТВО

  • Креатор на темата Креатор на темата salahuddin
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека е нешто најефтино кај нас во книжара, мислам поефтино и од уплатница му доаѓа :)

Грешка си, пенкалата се најефтини (посебно кога ке нема ситно да ти врати кусур)..:icon_lol:
се друго е далеку од ефтино, ама мнооогу далеку..
 
Би сакала доколку може некој да ми објасни накратко на кој начин се остварува книжењето.
Почнав да одам на пракса во една фирма , но вработената таму не беше баш најрасположена да ми објасни како се работи. Од тоа што гледав се обидов да сфатам, но имам дупки. Сепак само 2 дена сум таму. Бидејќи на факултет се уште го немам учено овој предмет, а по фирмите се работи по веќе изработен софтвер кој варира во зависност од тоа која фирма ти го инсталирано ме интересираше дали има некој прирачник или книга од каде што можам да научам повеќе ?
 
Ај ми треба брзо еден одговор:
Дали е потребно и фискална и сметкопотврда или може да се оправдаат потрошени пари само со сметкопотврда?
 
Ај ми треба брзо еден одговор:
Дали е потребно и фискална и сметкопотврда или може да се оправдаат потрошени пари само со сметкопотврда?

И двете, на татко ми книговодителот така го советува увек да прави кога зема нешто од фирма :):):)
 
Налет...
Така го советува, или така мора...

Па едни од инспекција еднаш му се застиканчиле зошто ја немал фискалната па ја бараше низ фиоки 300 така да сигурно мора :)
 
:helou: ЈАС СУМ ПОЧЕТНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ И БИ САКАЛ ДА ЗНАМ ДАЛИ ИМА НЕКОЈ КОЈ ШТО СЕ РАЗБИРА ОД СМЕТКОВОДСТВО И ДАЛИ БИ САКАЛ ДА МИ ПОМОГНЕ ОКОЛУ НЕКОИ ПРОБЛЕМИ ШТО ГИ ИМАМ ВО ВРСКА СО СМЕТКОВОДСТВОТО. МОЖЕ ДА ПИШУВА НА ФОРУМОТ А МОЖЕ И ДА ПИШУВА ПРИВАТНО НА ПОРАКА. ДОКОЛКУ ИМА НЕКОЈ МНОГУ МУ БЛАГОДАРАМ И ЧЕКАМ ОДГОВОР :toe: :salut:
Па...најпаметно би ти било, како и во секој друг занает , во почеток да одиш за „чирак’’ едно година дена кај некој искусен сметководител па тек после да размислуваш дали сам да отвараш бидејки вака, ко што читам, со квалитетите со кој располагаш за брзо време ќе завршиш во Идризово или на врата ќе имаш странки во афектна и непресметлива состојба....
 
Ај ми треба брзо еден одговор:
Дали е потребно и фискална и сметкопотврда или може да се оправдаат потрошени пари само со сметкопотврда?
Едно без друго не иде, зашто на сметкопотврда можеш да изнапишеш какви сакаш суми, ама фискалниот апарат ти е доказ за таа сума. Така да обавезно сметкопотврда ако сакаш да правдаш трошоци.
 
Би сакала доколку може некој да ми објасни накратко на кој начин се остварува книжењето.
Почнав да одам на пракса во една фирма , но вработената таму не беше баш најрасположена да ми објасни како се работи. Од тоа што гледав се обидов да сфатам, но имам дупки. Сепак само 2 дена сум таму. Бидејќи на факултет се уште го немам учено овој предмет, а по фирмите се работи по веќе изработен софтвер кој варира во зависност од тоа која фирма ти го инсталирано ме интересираше дали има некој прирачник или книга од каде што можам да научам повеќе ?

книжење на финансови документи не се учи право на компјутер. мораш прво да ја научиш основата на сметководството, да научиш да книжиш рачно и тн, апосле за на сметководствен софвер на компјутер-л‘сна работа. ама ова тешко да ќе сака некој да седне и да те учи. затоа види си некоја од приватните школи за обука на сметководители.
 
па тоа и јас реков, нај убаво е на фактура.

еден апдејт.. она финтана со кафаната. тоа можеш со се друго, немора со кафана, можеш со било што. се што купуваш, ако ти е од кај пријател, може да ти фактурира двојно, тројно и слично и разликата да ти ја врати во кеш. само има едно проблемче а тоа се нарекува ддв. значи за да се извлече ддв вредност од фиксна сума беше негде околу 13 и нешто посто од сумата, пари кои мора да останат кај пријателот зашто инаку ке треба од џеб да си ги даде. ова важи за оние кои не се ддв обврзници. а и за оние што се ддв обрзници, пак нема да ти го прават како услуга за џабе зашто како што гледате државата до сега сеуште го нема вратено ддв-то од 2009 година т.е. каснат веке 7 месеци... немаат пари... ама има за споменици... али тоа е друга тема... сакав да кажам никој нема да ти направи услуга за тебе а притоа да си става трн во нога за ништо...

а советот за кафански рачуни... ако сакаш да не ти се закачат инспекции на врат немој да книжиш кафански трошоци. зашто ке ти дојдат после приложената завршна во февруари и ке ти исчешлаат се... ама баш се... и само за 100 денари да ти најдат грешка ке го папаш со пријава за затајување данок. тоа е совет од извесен пријател во управа за јавни приходи. кога им требаат пари од казни прво ги вадат фирмите кои книжат кафански трошоци, трошоци од фирми кои се бават со трговија со прехрана и слично... а како што гледаме деновиве (годинава цела) пари им фалат ептен многу... предлабоки џебови ебаго...


Во врска со болдот - од каде кеш на пријателот да ми врати тројна фактура? За да ги вади како материјални трошоци, треба да има покритие. Да ги вади како хонорар треба да плати персоналец плус курци палци сега. Додај ги и тие 13% за ДДВ ова она.. Полека полека, оптекот на кеш во државата се намалува. а со тоа ќе се качуваат и даноците.[DOUBLEPOST=1429176210][/DOUBLEPOST]Туку, имам друго прашање - дали постои нешто како непризнаен материјален трошок. Да речеме на сметка на фирма имам 600 000 денари. За да си ги дам како плата одат даноци курци пали. За хонорар пак исто. Уплаќам летување у туристичка агенција за Малдиви. Плаќам на фактура, и плаќам 10% персоналец на тоа? Има такво нешто?
 
абе јас реков ако некој сака да ти заврши услуга... не реков дека некој било кој ке го направи тоа за кејф иако е легално да речеме, бидејки парите прошле преку сметка, данок ке си земе државата... инаку си во право, се помалку кешот циркулира. скоро сите трансакции се онлајн, изразено како бројка на монитор прочитана, а ова мислев и зборев за физички лица, да не зборам дека во бизнисот одамна нема кеш туку е само преку вирмани итн итн... и тоа е во ред, така и треба да биде, прво заради безбедност, второ заради трагови кај биле парите и за што се уплатени и на крај, државата треба сепак од нешто да живее, па макар тоа било и споменици за добро на народот, или улици и автопатишта или што и да е... тие пари се од даноци, а даноците се законска обврска и треба да се почитуваат...
 
[/DOUBLEPOST]Туку, имам друго прашање - дали постои нешто како непризнаен материјален трошок. Да речеме на сметка на фирма имам 600 000 денари. За да си ги дам како плата одат даноци курци пали. За хонорар пак исто. Уплаќам летување у туристичка агенција за Малдиви. Плаќам на фактура, и плаќам 10% персоналец на тоа? Има такво нешто?[/quote]
Има, ама се плаќа 10% данок на добивка на фактурата + персоналниот
 
10% данок ма добивка е ако има промет над 6 мил. До 3 милиона нема ми се чини нема а од 3 до 6 е 1%
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom