Задграничен Округ
Комита
- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 1.065
- Поени од реакции
- 2.975
Среќен празник
Драги Комити и Македонци, 20 години поминаа од нашата независност, ден кој претставува радост за сите, а бил идеал за многумина во минатото. 20 години независност, а 2220 години непокор и борба и постоење на Македонскиот народ.
Дојдовме до 20 годишнина од нашето постоење, и 20 години "слобода", а за истата таа денеска да ја имаме, идеалот го почнаа и животот го дадоа токму нашите предци- Комитите, затоа и ние сме должни да ја одржиме тежината на името Комити и да го продолжиме нивниот идеал.
Покрај сите репресии, обиди за наши затворања и згаснувања, фаворизирање на малцинството во Македонија ќе се запрашаме дали воопшто и денеска по 20 години од независноста сме слободни во нашата држава? Дали слобода е кога се добиваат кривични пријави поради слободно шетање на Македонска територија?Дали Македонија е слободна?
Сепак Комитите следната година ќе славата 25 годишнина, официјално дури и повеќе од државата, нашиот идеал постоеше... тогаш беше независност, а сега е слобода и правдина...
Многумина се откажаа, изгубија надеж, но нашата борба продолжува.. Нека ни е честит празникот, и вечна државата, држава која се надеваме дека во иднина ќе го следни нашиот пример и нема да се покорува на неправдина и на непријателите.. да не ги заборавиме паролите на Комитите; За неа се бориме, за неа и умираме и Слобода или смрт.
Бидете горди Комити, уште е време КОМИТСКО