Какви аргументи ми даде?
Да влезам за Велигден во црква и да им поставам библиски прашања на „верниците“? Тоа не е аргумент, затоа што за Велигден во (претпоставувам православна) црква повеќе влегуваат атеисти, традиционалисти, суеверни луѓе отколку христијани.
Повели дојди било која недела во мојата локална (протестантска) црква и постави им прашања од Библијата на верниците таму. Наместо одговор има да добиеш 20 минутна проповед на прашањето
Бидејќи ти рече дека вие атеистите многу повеќе ги познавате светите книги (Библијата) од верниците, затоа и јас ти поставувам најелементарни прашања, за да видам дали ти воопшто си ја отворил Библијата.
После толку заобиколување се плашам дека мојата претпоставка е вистинита.
--- надополнето: Sep 8, 2011 3:13 PM ---
Одговори ми прво ти на двете поставени прашања, па јас со задоволство ќе ти одговорам на ова исто така лесно прашање.