ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
случка шо нервира #2
Фрустрирани возачи, шо на пола пат кажуваат дека не мине автобусот по таа патека.
 
Денеска бев позитивно изненаден од двокатните автобуси.Се возев во двокатна 41,и мислам дека тоа ќе ги реши гужвите во автобусите.
 
Ајде утре гага возење да се осетиме и ние еден ден како пензионери:)
Еве еден плус за ЈСП од мене:)
 
Денеска бев позитивно изненаден од двокатните автобуси.Се возев во двокатна 41,и мислам дека тоа ќе ги реши гужвите во автобусите.
Како тоа изненади ме? :)
Мислиш и на гужвите во 7 саат наутро во вторник и петок? Јас немам претстава како би изгледал тој автобус полн како старите од ЈСП...
 
Двокатните собираат 90-100 души максимум. Старите дупли автобуси собираа по 200 луѓе, и пак понекад се преполнуваа. Можам да замислам што ќе биде во двокатен автобус тоа.... Едино ако пуштат повеќе автобуси па да не се прави толку гужва,иначе црно ни се пишува....
 
И никој не ми одговори по каков возен ред денеска вози ЈСП?
 
а зошто у тоа автобусите не направат правила например у старите автобуси да се качат најмногу 60 луѓе и да се одржува овој ред..?
 
Како тоа изненади ме? :)
Мислиш и на гужвите во 7 саат наутро во вторник и петок? Јас немам претстава како би изгледал тој автобус полн како старите од ЈСП...

во вторник и петок само ќе треба да се пробиеш до скалите :icon_lol: се сомневам дека многу гужва ќе има горе. Или со јажиња ќе ги тегнат тоа 80 годишните фосилни остатоци :icon_lol:
 
И никој не ми одговори по каков возен ред денеска вози ЈСП?
Претпоставувам по неделен возен ред, како и секој празник. Пошо глеам нема ништо на страната нивна.... Незнам како е сега низ центарот, али претпоставувам доста улици ќе бидат затворени. Така да убаво ти пиша Darling погоре, хАос ќе биде. :)
 
Пишувало во Лазовите дека собирале вкупно 131 човек (31 место за седење и 100 места за стоење). Незнам како е ова можно ама очигледно дека Украинциве мереле со анорексични џуџиња, а не со натоварени пензионери!

Незнам како ќе си доаѓам од школо у вторник и петок....
 
а зошто у тоа автобусите не направат правила например у старите автобуси да се качат најмногу 60 луѓе и да се одржува овој ред..?
и ај те молам кажи ми кој ке ги брои колку се вкупно?
 
ме нервира што немаат распоред за вонредни денови...еве за овој и други празници, нови години, втори августи и летни периоди. Распоред во колку часот и по кои улици е пренасочувањето. И што сеуште не им работи мапата за градски и приградски линии.
 
Чекав повеќе од пола саат за на крај да дојде автобусот.... претоварен и внатре кој седи, кој стои, кој лежи врз друг, трет обесен.... и заминав да пешачам, поубаво да си дојдам дома подоцна отколку да дојдам во делови. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom