На името на државата не смее да се става прекар
Ванковска тврди дека спорот кој е натметан од Грција, е незамислив за меѓународните односи и таков случај досега не забележан.
-
Од ниеден народ досега не се барало да си го смени името. Ниту пак стои таков услов во копенхагеншите документи на ЕУ, како услов за интеграција на Македонија во ЕУ. Промената на името ќе предизвика промени во многу сфери, како од промена на интернет доменот кој завршува со МК, потоа МКД за валутата. Затоа не е така едноставно да се смени името. Нема потреба да го менуваме името како услов за интеграција во ЕУ, која пак, според одредени аналитичари, е пред тешки предизвици за нејзин опстанок- вели Ванковска.
Меѓународната заедница да сакаше да ни го смени имети, ќе го направеше тоа, но тие сакаат, ние самите да си го смениме, да капитулираме. А тие да си го тргнат овој проблем – смета Ванковска.
Таа е против граѓаните да се изјаснуваат на референдум за промена на името. Причината е поради тоа што не може да се очекува од граѓаните да знаат какви ќе бидат последиците од евентуална промена на нашето уставно име.
Ванковска го оспорува и предлогот за двојна формула, според која ние ќе си го задржиме името за внатрешна употреба, и нема да го менуваме Уставот, а надвор како сакаат да не викаат. Според неа, двојната формула значи промена на името.
- И една буква кога ќе се смени во името на државата, станува збор за промена на името. Затоа не смее да се менува името со додавање на прекар или надимак – смета Ванковска
Таа е критична и спрема академската заедница, односно интелектуалците, кои имаат одговорност да ги изнесуваат националните ставови. Таа им препорачува да не бидат поткупливи, туку истрајни.
Повеќе за ставовите и мислењата на проф. д-р Биљана Ванковска слушнете го видео материјалот на следниот линк;
JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.