Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

Статус
Затворена за нови мислења.

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Македонцки,немој да гракаш без врска.Тие што заминале од МК заминале од мака.Ако имаат джавјанство на МК имаат исти права како тебе.Во овие 20 г. стотици илјади Македонци се иселени.Тоа е неуспех.Сите влади во наредниве 20 г треба да поработат на тоа стотици илјади Македонци да се вратат назад.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Оооо ти се молам не прави споредба со Америка. Далеку назад сме, со светлосни години. Тие се независни повеќе од 200 години така да имаат што да слават (така да се изразам) а невработеноста им е повеќе од двојно помала од нашата (повеќе од 1/3 од 2 000 000 раја, ужас :sick:) и плус смешна, 44 милиони од 300 и кусур милиони, некаде 13 % ма ајде. Макар што немаше ни толку да им е ако не започнуваа војни наќоро последниве 10 години кај ќе им текне.

Никаде не реков дека негде е розово, само дека претежно државите не се толку глупави на профуцкаат милиони на беспотребни спектакли.

А не сум должна ама баш ИЧ да ја почитувам државата кога неа ја боли третото ма*е за мене и за моите родители и за претходните предци. Го знаеш она на Кенеди „don't ask what your country can do for you, ask what you can do for your country“ ? Епа не е така, точно обратно. Државата треба прва да направи нешто за тебе, да те симулира, охрабри да правиш ти после за неа. А извини во што тоа успеале некои невладини во Македонија??? И да се зачленам во партија ќе треба да излижам 2524787587 изнасени газови за да ми дадат работа што ќе е со статус пендинг на секои 4-5 години :sick:

Скопје не доаѓам затоа што не сум во МК, а и да бев немаше пак да дојдам, ќе си славев каква-таква независност во двор со добра скара, добра македонска чалгија и со одлично друштво. Поздрав ;)
И две години да е стара државата имаш потреба да ја почитуваш зашто некој со векови се обидувал да ја осамостои и сфати дека ТИ си државата, како што сум јас и сите други. Значи ти си таа што треба да се стимулира и охрабри самата. Ако ти не се чувствуваш дека си способна за самата себе си' тогаш не очекувај ни од Господ помош. Јас искрено ни мајка ми ни татко ми не би ги мешал, а не пак државата да чекам да ме стимулира.

За невладините гледам не си упатена еве ти тука и тука можиш и да се зачлениш чим не си во Македонија уште поубаво помогни од таму кај што си (верувај успева).

За болдираното, не ми беше поентата да се зачлениш за да се вработиш (штета што така го разбра). Почни од келнерка ќе стигниш и до директорка т.е. до таму кај што сакаш, без разлика дали си Македонија или Шведска. Проверено ;)

И за славењето мило ми е што ќе славиш, без разлика кај и да си честит да ни е празникот :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Случајно гледајки низ јутуб нешо за баскетов со грција шо игравме налетав на еден клип каде што е снимена фонтаната под споменикот на александар. со еден збор - прекрасна е! искрено не очекував дека ке испадне убава.. знаев дека ке биде навистина убава ама до волку не.. стварно сум изненаден.

кој не ја видел фонтаната пуштена навечер еве ви можност барем на клип да ја видите

повелете
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ексклузивно: Музичката програма за 8 Септември
Сподели 33


Среда, 07 Септември 2011 17:07


„20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“ е мото на свеченоста со која на 8 Септември во центарот на Скопје ќе бидат одбележани две децении од прогласувањето самостојност.
- Програмата има космополитска димензија и мисија да ги обедини сите граѓани без оглед на нивната политичка припадност, идеологија, вера и националност. Вистинско обединување за просперитетна и долговечна Република Македонија. Таа ќе ги илустрира нашето минато, сегашност и иднина... и ќе ги прикаже националните обележја и уметничките капацитети на државата, рече на прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која, придружена од креативниот тим што ја осмисли централната прослава, ги соопшти нејзините детали.



Прославата ќе почне во 18 часот пред Парламентот каде што претседателот Трајко Вељаноски ќе и ја предаде Декларацијата за независност од 1991 на Гардата на РМ. Таа со свечено дефиле ќе ја проследи до новиот Музеј на македонска борба, каде што ќе биде положена во 19 и 30 од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Со театарски ораториум „Непокор“ пред музејот ќе бидат илустрирани сцени од минатото во изведба на актери од сите македонски театри, а Армијата со почесна стрелба ќе им оддаде почит на сите загинати херои. Покрај спомениците на плоштадот ќе стојат актери во костими за да ги симболизираат историските периоди во кои живееле соодветните личности (од Јустинијан Први до Методија Андонов Ченто).



Идејата за иднината на Македонија ќе биде претставена со учество на илјада деца кои ќе ја испеат роденденската песна на композиторот Марјан Неќак. Тие први ќе поминат низ портата „Македонија“, што ќе ја симболизира иднината на државата.



На 40-метарска сцена на плоштадот ќе биде кулминацијата на прославата - музичко-сценски спектакл „Македоуниум“ во кој ќе учествуваат над 300 уметници. По обраќањето на премиерот Никола Груевски, на плоштадот ќе биде пуштена грандиозната фонтана со споменикот „Воин на коњ“. Ќе биде изведена свечената песна „Македонија“ од 20-ина естрадни ѕвезди заедно со Хорот на МОБ, Македонската филхармонија и „Танец“, кои ќе бидат на сцената. Прославата ќе биде заокружена со голем музички хепенинг на кој ќе настапат околу 90 пејачи или бендови од забавната и народната музика, кои ја одбележале музичката историја во изминатите 20 години.



Креативниот тим е предводен од режисерот Дејан Пројковски, кој на прес-конференцијата истакна дека програмата има неколку делови и е конципирана според космополитските мисли на Гоце Делчев и Кочо Рацин. Главната идеја била да се отслика уметничкиот потенцијал на Македонија.

Од 83 општини ќе има бесплатен автобуски превоз до Скопје за сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на свеченоста. Канческа-Милевска рече дека нема да присуствуваат странски претставници и дека се поканети само домашни гости од политичкиот, културниот и општествениот живот.
Таа им се заблагодари на учесниците во програмата зашто се вклучиле без авторски хонорари.



На 8 Септември, како и во деновите околу празникот, ќе има и други настани во знакот на независноста што ќе продолжат до крајот на месецов.

Редоследот на музичката програма ќе изгледа вака:
  1. Химна за Македонија
  2. Македонија – група изведувачи
  3. Бисер Балкански – Гоце Николовски (на видео бим)
  4. Љубов голема – Виолета Томовска и Наум Петрески
  5. Обои ме – Калиопи
  6. Сонце за три светови – Мики Јовановски – Џафер
  7. Ео магична песна – Ања Ветерова
  8. Една мисла имаме – Војо Стојановски
  9. Предавници и јунаци – Соња Тарчуловска
  10. Многу солзи исплакав – Маја Оџаклиевска
  11. На Велигден – Џина Паппас Џокси
  12. Море од солзи – Ламбе Алабакоски
  13. Не кани ме – Миле Кузмановски
  14. Да беше стрела песнава – Гоце Арнаудов
  15. Запри дожду – Нели ти реков
  16. Црно тиквешко – Владо Јаневски
  17. Сонце не ме грее – Влатко Лозаноски
  18. Има ли песна – Наум Петрески
  19. Што ќе остане од Македонија – Гоце Арнаудов
  20. Аце, Аце – Татјана Лазаревска
  21. Розо моја – Ибуш Ибраимовски
  22. Свири ми брате цигане – Росана Сариќ – Тодоровска
  23. Дупла вотка – Дарио Панковски
  24. Свирете ја зајди, зајди – Олгица Христовска
  25. А можевме – Елена Ристеска
  26. Тајно моја – Тоше проески (видео бим)
  27. Знаеш колку вредам – Каролина Гочева
Веднаш по нив ќе настапат: Тавитјан Брадерс заедно со Калиопи, Влатко Стефановски, Ареа, Мизар, Суперхикс и Кирил Џајковски.

http://www.time.mk/read/db7b0456cf/4881f4d087/index.html --- надополнето: Sep 7, 2011 4:19 PM ---
Moram da kaza, deka izborot na izveduvaci e kremot na Makedonija, falat uste Sintezis, Dragan Dautovski i Anastazija.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
И две години да е стара државата имаш потреба да ја почитуваш зашто некој со векови се обидувал да ја осамостои и сфати дека ТИ си државата, како што сум јас и сите други. Значи ти си таа што треба да се стимулира и охрабри самата. Ако ти не се чувствуваш дека си способна за самата себе си' тогаш не очекувај ни од Господ помош. Јас искрено ни мајка ми ни татко ми не би ги мешал, а не пак државата да чекам да ме стимулира.

За невладините гледам не си упатена еве ти тука и тука можиш и да се зачлениш чим не си во Македонија уште поубаво помогни од таму кај што си (верувај успева).

За болдираното, не ми беше поентата да се зачлениш за да се вработиш (штета што така го разбра). Почни од келнерка ќе стигниш и до директорка т.е. до таму кај што сакаш, без разлика дали си Македонија или Шведска. Проверено ;)

И за славењето мило ми е што ќе славиш, без разлика кај и да си честит да ни е празникот :)
1. Јас доволно се стимулирам и си ги знам способностите. Но она што ме обесхрабруваше беше посилно за да ме доведе до овие ставови денес. Пример во средно глупавата професорка ми ги украде песните што демек ми ги пофали за најдобри од класот и си ги припиша за свои за збирка што ја подготвуваше. Истата таа во 4та година ЗНАЕЈЌИ дека една соученичка препиша разработено дело од мене, благодарение на кое на крај на година мене ми пиша 4 а неа 5 и згора на се ме обвини дека ЈАС ја препишав. (но се разбира татко и беше крупен акционер во...не е битно каде) Ова е само 1 пример, другите од многу се спомнати погоре

2. Не ме интересираат воопшто невладините затоа што не сум слушнала за нешто корисно од некоја. Едноставно не сум заинтересирана.

3. А за што да се зачленам? За идеологија? За да лепам плакати и да давам идеи и предлози за други да ми ги крадат и да се прават паметни со туѓи мисли? Е нема така. Не пасам трева. Само кога работиш нешто, кога ти даваат функција (не значи министерска) можеш да смениш нешто и да помогнеш.

Како и да е јас завршив на темава, честит празник на сите и утре сите убаво да си поминете кај и да славите. Поздрав :):):)
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
очигледно немаш основни познавања од фолклор, за бугарски униформи па уште помалку
Извини патриотче заборавив ти имаш докторирано македонски фолклор и такви срања.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Извини патриотче заборавив ти имаш докторирано македонски фолклор и такви срања.
немам јас докторирсно, но имам очи, и колку толку познавање во народните носии кој се инспирација за униформата.

и додека ти ме ословуваш како патриотче..како да те ословам јас? гледаш како сами се ги лепите заслужените етикети
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Извини патриотче заборавив ти имаш докторирано македонски фолклор и такви срања.
Да се нарече македонскиот фолклор „срање„, не за доживотен БАН туку за моментално иселување од Македонија заслужува ваков коментар.
Но доволно е да се знае какви луѓе сеуште треба да трпи Македонија врз својот грб.
Но едно е сигурно исчезнале динусаурусите, ќе исчеснете и вие.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
немам јас докторирсно, но имам очи, и колку толку познавање во народните носии кој се инспирација за униформата.

и додека ти ме ословуваш како патриотче..како да те ословам јас? гледаш како сами се ги лепите заслужените етикети
Ќе те замолам барем еднаш во животов да помислиш со своја глава, а ти каква етикета сакаш таква залепи ми не се лутам.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
--- надополнето: Sep 7, 2011 1:41 PM ---
униформите се топ..ама тоа сучките што ги носат:ROFLMAO:
Униформиве се одвратни,во споредба со старите ова е паѓање од коњ на магаре.Личи на Скопје 2014 фаќаш елементи од меѓусебно не сврзливи историски периоди и ги мешаш на едно место и добиваш кич на годината.

Еве нешто по салам од светот:)
Американската гарда

Хрватска гарда

Српска Гарда


Заедничка особина?(НЗС)
ЕДНОСТАВНОСТ-малку елементи каиш,ознаки,мала украсеност...
Нашите изгледаат како Мариовци кој одат на жетва.Како ќе изгледа кога ќе се вметне оружје?Онаа униформа со Калашников или Паповка?

Во која од овие униформи горе наведени гледате елементи од народниот фолклор на тие народи?:pos:
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Не гледам НЗС измеѓу Македонија и бугарскиве униформи.
Еве и јас еднаш делумно да се сложам со тебе. Навистина асоцираат на бугарските, но таквиот впечаток (очигледно погрешен) за сличност со бугарските гардиски униформи најверојатно се должи поради изборот за доминација на бело-црвената комбинација.
20050807123621141_1.jpg

Како и да е, не ми се допаѓаат. Премногу фолклористички пристап и таму малку мешето (недозволиво) виси...:)
Претходните беа подобри, да.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мене искрено ми личат на играорци наместо на гардисти. Поздрав до дизајнерот Ношпал па нека уметне некој закон додека дизајнира за државата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom