MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Не постои „проблем„ со злото. Објаснувањето е во слободната волја, која ни ја дариТворецот (пошто и Он Е слободно волно битие), со која волја можеме да одбереме што ќе чиниме: добри или лоши дела.Мики1, ме интересира, како ти би го објаснил или оправдал проблемот со злото. Значи од една страна го имаме Бог кој е сезнаен, семоќен и добар а од друга страна злото. Логички е да претпоставиме дека дури и пред креацијата на овој универзум Господ знаел дека 13тина милијарди години подоцна (или 6 илјади години ако си young earth creationist) одреден човек наречен Хитлер ќе дојде на власт и ќе го однесе светот во 6 годишна војна во која ќе загинат милиони. Тој истотака со својата сезнајност знаел уште пред самиот акт на креација дека јас на 15 годишна возраст ќе станам атеист и со тоа ќе си ја запечатам својата судбина со вечно проклетие, иста судбина делат милиони неверници. Знаел дека (повторно да напоменам, И ПРЕД создавањето на универзумот) дека по некое време Адам и Ева ќе заебат работа и ќе гризнат од јаболкото со што ќе го турнат човештвото во мизерија.
Господ кој е надвор од времето и е сезнаен и семоќен морал да знае за секоја лоша работа која се случила, се случува и ќе се случи пред самата креација на универзумот, тоа и се подразбира под сезнајност. Е сега прашањето е зошто воопшто не создал кога го поседувал тоа знаење или кога веќе не создал зошто не ги спречил сите злодела ако навистина е "љубов". Кое е твоето мислење?
Злото не е створено, оти во Постанокот убо си пишува дека се што Бог створи, створи како (многу) добро, но Мојсеј никаде не запишал дека Бог го ствои(л) и злото. Така, злото само по себе не постои, злото нема совја створена природа/суштина, туку злото постои во моментот или во периодот кога чиниш „нешто„ кое не е по волјата Божја, туку е целосно спротивно на таа волја. Така, злото постои само ако го сториш, но ако Ти во текот од денот сакаш да бидеш подобен на Бога, тогаш ќе постапуваш како и Он: ќе чиниш добордетели (добри дела) и со таа добродетел, ќе го спречиш појавувањето на злоделата. Еден наш вероучител, постоењето на злото го споредува со некоја краткотрајна болест: кога болеста постои, постојат и болките од таа болест, а кога болеста не постои, не постојат ни болките од истата. Така, ако си здрав, значи дека болеста не постои исто како што преку чинење бори дела, злото нема место за битисување и појавување.
Појавата на Хитлер е стек од историски околности, кој е пресложен за објаснување на форумов, но и Хитлер, како и било кој друг суров владетел, не би се појавил, доколку Бог тоа не го допуштил и доколку Бог би „притискал„ на Хитлеровата слободна волја да стори нешто дрого, а не војна и геноцид. Така, Бог не го принудил Хитлер да биде „добар„, оти Бог, како дарител на слободната волја, би испаднал некоректен: од едната страна, Он дарува слободна волја, а од друга стара, Он не би ни допуштил да ја користиме таа волја.
Слично е и со Твојот привиден атеизам, оти атеизмот е измислица од поново време, не повеќе од средината од 19-от век, во подемот на марскизмот и дарвинизмот. Бог нема да Те принуди да бидеш верник, неверник, атеист или нешто „16-то„, туку тоа е Твој личен избор, со кој можеш да живееш цел Твој живот, но на крајот од животот, на Христа Бога ќе треба да му поднесеш сметка за тоа како си го изарчил времето и животот на Земјава, кои Он Ти ги дарил. Така е и со Хитлер: Хитлер можел да прави што сака, но не тоа да го прави и до кога сака, оти порано или подоцна, смртта и него ќе го посетела, а после тоа следи или награда или казна. На Бога, не Му се „брза„ никаде, оти Он Е долготрпелив и многумилостив и порано или подоцна, сите ќе мораме да Му пријдеме на отчет.
Бог не создал од повеќе причини, како што велат Светие Оци:
- од намера да не се созерцува самиот себе,
- од желба да ја сподели својата бесконечна добрина со други разумни битија,
- од намера да ја покаже сета своја слава пред другите битија.
- од намера да ги „пополни„ местата од отпаднатите ангели.
Точно е дека Бог знае(л) се однапред: дека Адам и Ева ќе згрешат и ќе постапат спротивно на Неговата волја, но Он исто така, го промисли и нашето спасение од злото, преку спасоносната мисија од Неговиот Син Единороден.