Да ви раскажам една ситуација. Времето и местото не ти е битно, а се случува во помало градче некаде низ Македонија... Некаде околу 22:30, лето. Застанува џип еден голем, нов од фабрика изваден, црна боја, големи фарови. Од него излегуваат двајца господа, прилично убаво дотерани и седнуваат у кафиќ од средна класа, рандом музика некоја од цд пее у позадина (техно, хаус, ау), и одма уште не дошол конобарот се појавија две девојчиња на истата маса. Се напија по една-две пијачки и пред да влезат сите во џипот од 87.000 евреи, им се придружија уште две девојчиња млади и убаи. Не е тоа приоѓање, тоа е нешто несфатливо, иако знаат дека е само за една вечер, ризикуваат премногу за да дојдат до повисоката класа.