Мене лично ми е интересно кога јас прва ќе ја почнам "играта", предизвик ми е. Неизвесноста ми е привлечна и ако ме привлече некој навистина, ич не ми е проблем да одам кај некој да му напрам јас муабет.
Само вие машките поинаку го толкувате тоа ако некоја девојка покаже незаинтересираност за вас. Одма ги напаѓате таквите, одма имате мислење дека е шмизла или крената во носот. Зошто не сте помислиле дека излегла за да ги тргне мислите од учење, можеби тазе раскинала со дечкото, можеби си има некои проблеми. На сите им се случува да минуваат низ некој шит период и сака да го разбистри мозокот.
Не е ни тоа оправдување, нели? Но доколку јас сум во такво нерасположение, нема да сум расположена ни за излегување, никој не е должен да ме гледа таква.
Како и да е.. Секој заслужува барем два реда муабет доколку ти пристапи, собрал храброст да ти се приближи, а ти се понашаш идиотски, вртиш грб или си намуртен.