Па да донекаде си во право,но зависи тоа од личноста со која си добар.
НЕЈСЕ (у стил на Деко и Syn) Moрати е таков тип на човек,на секој што е дел од Интер сака да му удоволи,едноставно човекот е преголем џентлмен и не можеме да го промениме,а искрено јас не би променил ниту влакно од него,подобар претседател од него и да бараме,не можеме да најдеме.
Се надевам син му ќе го замени достојно и ќе носи уште титули во Интер,а играчите ќе продолжат да бидат она што се моментално,една голема среќна ПЛАВО-ЦРНА ФАМИЛИЈА !
Види сеа, таа дарежливост го примора сега да ги продава главните играчи, односно да се ослободува од играчи кои земаат преголема плата на сметка на оние кои немаат што да бараат во Интер а земаат плата, а нашиот претседател не може туку така да ги избрка.
Па само еден Кордоба не чини 6,5 милиони годишно, играч што нема одиграно добар натпревар 3 години.
Ако гледаме од страната што ја презентираше ИОсоно, топ, но фудбалот стана бизнис, а во бизнисот нема да преживееш со зголемување на сите платите и со преценување на своите играчи.
Не знам колку знаете, но доколку Снајдер отидеше во Манчестер Ј. тогаш ќе требаше да зема помала плата од оваа во Интер. Таму има одредена големина на плата која што играчот мора да ја зема, кај нас лесно се стигаше до 10 милиони.
Кога веќе го видовте артиклот за ФФП, мене само едно нешто не ми е јасно во целиот тој напис на КДС. Ако еве, Балотели си замина, го земавме Форлан кој ќе зема околу 3,5 милиони годишно нето, или според логиката на КДС 7 милиони бруто. Една плата се побива со друга, и добиваме статус кво. (Освен платите на Ибра, Ето, Мурињо, според тие податоци од КДС, што се многу малку за да се донесе добар заклучок, мене ми изгледа дека само намалувале без да ги земат во предвид новите плати, иако навистина се ослободивме од многу играчи кои го цицаа Интер)