Македонија - Грузија, 8 септември 14:30

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
М

Мартин`

Гостин
1flf.jpg


Еве и тема за првиот натпревар во втората фаза на нашата репрезентација, овојпат Македонија групата ја започнува групата со 4 пренесени бодови од првата (исто како и Русија) и ни е потребна минимум 1 победа за пласман во 1/4 финалето. Првиот противник во оваа група ни е репрезентацијата на Грузија која во првата фаза заврши на 3-тото место со 2 победи и 3 порази и во втората фаза пренесе 2 поени.

- Предходни 5 натпревари на Македонија
Пораз од Црна Гора со резултат 70-65
Победа против Хрватска со резултат 78-76
Победа против Грција со резултат 72-58
Победа против Финска со резултат 72-70
Победа против Босна со резултат 75-63

скор 4-1 (362-337 кош разлика)

- Предходни 5 натпревари на Грузија
Победа против Белгија со резултат 81-59
Пораз од Русија со резултат 65-58
Пораз од Словенија со резултат 87-75
Победа против Украина со резултат 69-53
Пораз од Бугарија со резултат 69-79

скор 2-3 (352-343 кош разлика)

Најдобар играч/и барем засега во тимот на Грузија е нивниот капитен Пачулија кој игра во НБА и е играч на Атланта, а исто така еден од подобрите во тимот е и Саникиџе кој е четврт на првенствово според бројот на скокови со 46 вкупно (или пак 8.6 по натпревар).

Според мене нашите треба да го дадат максимумот во овој натпревар зошто реално Грузија е послаба за разлика од нашите идни противници Словенија и Русија и мислам дека треба веднаш да ја завршиме работата што ни преостана за пласман во 1/4 финалето. Грузија не е некоја јака репрезентација но никако не смееме да се опуштиме и да дозволиме да случајно не победат и после да решаваме со Словенија или Русија ..

Што мислите дали ќе оствариме уште една победа и ќе се пласираме понатаму ?

+ бонус некои статистики за Македонија и Грузија ..

1fuf.jpg


2tkt.jpg
 
Победааа и ништо друго !! :) Очекувам голема победа и уште поголемо славје ама ајде да не викам толку оти
Мартин` си мисли дека сум малер за све ! ;) :P
 
Победааа и ништо друго !! :) Очекувам голема победа и уште поголемо славје ама ајде да не викам толку оти
Мартин` си мисли дека сум малер за све ! ;) :P

Не туку ми кажувај што мислам, туку кажи дека ќе изгубиме зошто само така има шанси да тепаме :pos:
 
Да да никако опуштање значи,ете имаат момците 3 дена одмор,нека се сконцентрираат убаво и нека ја завршат работата уште на 8,и нека ни дадат уште еден подарок за независноста.Значи до добра одбрана(а ние ја имаме)неможеше Грција да помине а не па Грузија,и добра офанзива и да си го поравиме шутот за 3ри,поготово Илиевски нека повежба малце мајка му стара,ајде јас се очекувам победа,а зашто не и со Словенија,а за Русија незнам имаат добар тим,али како што знам со една победа сме 1/4 финале, и играме со јака репрезентација,Франција,Шпанија,Србија,Литванија,Ѓерманија,каде што највеќе би ја посакувал Ѓерманија и мислам дека можеме да се носиме со нив,па ајде што биде нека биде се чека 8ми.
 
Докажавме на ова Европско дека знаеме да играме под притисок, т.е дека победуваме кога беше најпотребно, иако имаше некој што мислеа дека ќе подлегнеме на тој притисок. Јас лично на овој натпревар не се сомневам во победата, ова е најважниот натпревар до сега на ова ЕП, се е на наша страна, и реално мислам дека ќе ги згазиме.
 
Докажавме на ова Европско дека знаеме да играме под притисок, т.е дека победуваме кога беше најпотребно, иако имаше некој што мислеа дека ќе подлегнеме на тој притисок. Јас лично на овој натпревар не се сомневам во победата, ова е најважниот натпревар до сега на ова ЕП, се е на наша страна, и реално мислам дека ќе ги згазиме.

Не би рекол дека е најважен натпревар на првенство. Тука во оваа фаза не се бројат победи пошто веќе имаме 4 бода. Најважен меч ќе биде 1/4 финале кое сигурно го играме и да загубиме.
 
Нема да ја пропуштат шансата за 1/4 финале, само да не изгорат од таа желба. Полека со ладни глави и да изгубиме не е крај на светот, за нас се веќе Европски шампиони. Така да без притисок да влезат во овој дуел е најдобро.
(не се сомневам во дечките тепаме тепаме)
 
Само нека не се задушат под притисок и да се покажат како против Босна и Грција.
 
Не би рекол дека е најважен натпревар на првенство. Тука во оваа фаза не се бројат победи пошто веќе имаме 4 бода. Најважен меч ќе биде 1/4 финале кое сигурно го играме и да загубиме.

Мислев најважен до сега, т.е од оние три натпревари што ни престојат, зошто ни е прв натпревар во оваа фаза и со победа практично го остваруваме најдобриот пласман на европските натпреварувања.. А реално со Грузија имаме најголеми шанси за победа, иако можиме и против Русија и Словенија..
 
Е да го цитирам Докузовски на турнирот во Љубљана "ние немаме многу квалитетни играчи и немаме центри за разлика од другите екипи во нашата група".
Епа Докузовски изгледа играчите ти покажаа дека не е така ова нека му биде поука за другпат бидејќи каков мисир беше со потценувачките изјави засрамота!!!! Посебно во Љубљана кај што не избрука максимално!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom