За студентските маки во домот “Гоце Делчев,,
Лифтот од блокот "Б" во најголемиот студентскиот дом "Гоце Делчев" кој што пред два месеца целосно се распарчи,
се уште не е поправен. Не работи ниту лифтот до него.За студентите кои пред неколку дена почнаа да се вселуваат во домот, неисправните лифтови се вистински проблем. Тешко е, се жалат судентите, со торбите да се качуваат по скалите во нависокиот студентски дом во земјава.
А на катот ги чека друг проблем-катастрофа во тоалетите, неиздржливо во собите...
Директорот на студентскиот центар Скопје, Крешимир Павиќ во телефонски разговор за Алфа вели дека работници од фирма за сервисирање на лифтови го поправаат лифтот што се наоѓа до кабината која се распарчи. До среда стучен тим ќе треба да провери дали лифтот е технички исправен или не. За да биде пушен во употреба клучниот збор ќе го дадат од инспекторатот за техничка инспекција.
Павиќ додава дека лифтот не е поправен оти претходел процесот за избор на фирма која ќе ги сервисира лифтовите.
Инаку кабината целосно се распарчи на 11 јули, кога теговите на лифтот се откачија од држачите и удрија врз лифтот што во тој момент се наоѓал на приземје. За среќа-студентите беа на распуст.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=40532