Романтични филмови

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Ги прегледав сите страници, немогуќе да немавме тема за Романтични филмови, знам дека сум пишувал... ама не можам да најдам тема вредна за спојување... можеби сме избришале по грешка...

Како и да е, еве за вас филмски гикови и емотивни души неколку филма, од пред времето кога постоеше само еден романтичен филм со различни глумци.

Love Story (1970)
Splendor in the Grass (1961)
Roman Holiday (1953)

Ѕирнете, нема да ве ослепи.
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Becoming Jane(2007) - голем обожавател сум на Џејн Остин, а филмов ја претставува во поинакво светло, односно како млада жена која невозможната љубов и претставува инспирација за нејзините најголеми дела. Исто така вреди да се погледнат и Atonement(2007) , Pride & Prejudice (2005), Jane Eyre(2011) и Love Actually(2003).
 
Член од
26 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
33
Романтични филмови не ми се баш по ќеф и бројот од нив што ги имам изгледано изнесува само 3 и тоа се:
1. Титаник (па не верувам дека има некој што не го гледал филмов)
2. A walk to remember
3. 3 metros el cielo. (филмов сите го форсираа, епа морав да седнам и да го изгледам).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom