Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Микикец... ги пишува ли во библијата критериумите за прогласување светци..или и тоа е новотарија....
Vone, разбираш,

си потпаднал под јаааако -јако протестантско влијание....:rolleyes:
А во Библијата убо си пишува дека постои и Црквата Христова а не само Библијата. Се што е надвор од Црквата е обичен волонтаризам, „...мудрување по својот ум...„.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во Библијата убо си пишува и дека ќе се појават многу лажни учители кои исто така ќе се претставуваат како да се од „Црквата Христова“, но наместо да го следат Божјиот Збор, тие ќе си следат бапски приказни (како што тоа го прават православните цркви со своите преданија и житија), ќе забрануваат стапување во брак (како што тоа го прават православните цркви со епископите), нивниот храм ќе наликува повеќе на пазар, нивните „книжници“ ќе сакаат да одат во долги облеки (попски мантии), на кои им се мили: поздравите на јавни места (бацување рака); првите места во синагогите и челните места на гозбите (рамо до рамо со премиерот)!

Католиците и православните пак тврдат дека нивната црква (секој својата) е единствената и сите што од неа излегуваат ги нарекуваат расколници и еретици. А аргументот со кој докажуваат дека тие се вистинската Црква е низата на епископи (апостолско преемство), која наводно може да се трасира до античко време. Но тоа е јалов изговор.
Ова не е ништо поразлично од изговорите кои порано ги даваа и Евреите, во нивната слепост и идолатрија. Бидејќи и тие се фалеа со храмот, со церемониите, со свештенството, нешта за кои веруваа дека се суштината на Црквата. Така, наместо Црква, тие произведоа надворешни форми, кои се далеку од вистинската Црква. Не ни треба никаков друг аргумент да ги побиеме нашите современици, освен оној даден од Еремија за лажната увереност на Евреите: „Не се надевајте на лажните зборови: „ова е храмот Господов, ова е храмот Господов, ова е храмот Господов“ “ (Еремија 7:4, Библијата). Бидејќи Господ не признава ниедно место за Свој Храм ако Неговиот Збор таму не се проповеда и не се слуша. Па така, иако славата Божја пребиваше меѓу двата херувима во Светилиштето, кога свештенството го замени вистинското прославување на Бога со лажни суеверија, Тој од таму си замина. Ако тој Храм можеше да биде оставен, нема причина да им веруваме дека Господ е толку приврзан со личности и со места, па ќе биде ограничен да остане таму каде што останало само името и надворешноста на Црквата.

Ништо не може да биде толку површно како тоа да се мисли дека низата личности може да се постави над правилното учење. Црквата не постои како некое наследно право, туку како одржувач на вистинското учење.
Вистинската црква не е карактеризирана со суетен раскош, со кој лесно се маѓепсуваат очите на неуките, туку со гласот на добриот Пастир кој и се обраќа: „секој, кој е од вистината, го слуша Мојот глас... А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога“ (Јован 18:37, 8:47). Со други зборови, Црквата е царството на Христос, а бидејќи Тој управува преку Својот Збор, оние кои се лишени од Неговиот Збор не можат да се квалификуваат да бидат Неговата Црква.
(последново е скратен извадок од „Институциите на христијанската религија“ од Жан Калвин, книга 4, 2ро поглавје)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во Библијата убо си пишува и дека ќе се појават многу лажни учители
Се согласувам....:icon_lol:

Еве, блажениот Серафим Роуз, јасно укажува дека живееме во (пред)последните времиња, со оглед на тоа колку нови самоповикани учители и самонаречени христијани се појавија. Да не заборавиме дека најголемиот број рисјански конфесии се појавија толку последниве 150 г, а речиси сите ни доаѓаат од т.н. „слободен свет„, финансирани од овосветовната „сива еминенција„, што јасно укажува на времето во кое живееме, така да она кое самиот го велиш-дека Билбијата убо го најавила појавувањето на лажни учители, совршено одговара на појавата на Твојата/Вашата (дебар)маалска заедница, која од петни жили се обидув да докаже дека постои од Педестница (!!!) а зад себе нема колективно сеќавање, чие траење ни самите не го знатете, но не е постаро до 150 г....:icon_lol:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Лажното учителствување почна од Павле и не престана до денес, така да не е нелкој знак дека иди крај на светот ако уште некој почна да проповеда поинаков Христ. Денес на толку многу вери, неколку плус минус христијански секти не менуват ништо драстично, сонцето си продолжува да излегува на исток а да заоѓа на запад, земјата се врти во бескрајната вселена, галаксиите си се движат без разлика на тоа дали во лебот за причест треба или не да се става квасец или дали треба или не да се бесат икони на црквите.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
МПЦ постои од 17 Јули 1967 година. Тоа се точно 44 години, 1 месец и 16 дена. Но еве дури и да имавте 50 годишен љубилеј дочекано, не сфаќам на кој начин тоа би ве квалификувало за Црква Христова кога вашето учење и пракса нема никакви допирни точки со Исусовото учење и пракса?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа што МПЦ-ОА постои од 1967 г., некој Те излажал, оти постои троа појќе, од Охридската Свети Климентова Архиепископија од доцниот 9-ти век (кај бевте Вие во тоа време? :icon_lol:) , која е укината со султански документ од 1776 г. (кој документ е само световно-правно валиден, но не и црковно битен...),а која во 1967-мата е само возобновена а не од ново создадена, а за да видиш колку постојат разно-разните рисјански деноминации, кои никој друг освен тие самите, се самоименуваат за „христијански цркви„, прочитај во книгата „Црквата и сектите„ од проф. д-р Лазар Милин, каде е прилично подробно објаснето „кој е кој„ во рисјанството, само глеј да не бидеш непријатно изненаден од точно посочените податоци!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тоа што МПЦ-ОА постои од 1967 г., некој Те излажал, оти постои троа појќе, од Охридската Свети Климентова Архиепископија од доцниот 9-ти век (кај бевте Вие во тоа време? :icon_lol:) , која е укината со султански документ од 1776 г. (кој документ е само световно-правно валиден, но не и црковно битен...),а која во 1967-мата е само возобновена а не од ново создадена...
МПЦ во 1967 година, на своја рака, без благослов од матичната црква (СПЦ), значи неканонски се одвои (раскол!) од СПЦ и си самопрогласи автокефалност и од тогаш непокајнички егзистира како неканонска самонаречена „црква“, непризнаена од целиот православен свет.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
МПЦ во 1967 година, на своја рака, без благослов од матичната црква (СПЦ), значи неканонски се одвои (раскол!) од СПЦ и си самопрогласи автокефалност и од тогаш непокајнички егзистира како неканонска самонаречена „црква“, непризнаена од целиот православен свет.
greska se bese so znaenje na grckite vladici i srpskite vladici, ednostavo sei resija da formiraat svoja crkva na toa ne se protivea srbite i kratko i jasno si imame svoja crkva
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
greska se bese so znaenje na grckite vladici i srpskite vladici, ednostavo sei resija da formiraat svoja crkva na toa ne se protivea srbite i kratko i jasno si imame svoja crkva
Комплетно се согласувам со твојот коментар - со исклучок на тоа дека србите не се противеле. И те како се противеа и се противат до ден денес. Сепак во право си кога велиш дека тогашните основачи на МПЦ си формираа своја црква.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Комплетно се согласувам со твојот коментар - со исклучок на тоа дека србите не се противеле. И те како се противеа и се противат до ден денес. Сепак во право си кога велиш дека тогашните основачи на МПЦ си формираа своја црква.
nasata crkva vleci koreni uste od ohridskata arhiepiskopija, znaci e vo kontinuitet, koga Srbite toes Slovenite uste ne vile dojdeni na balkanot .
toa e edno drugo peckata patrijarsija e vo kosovo koe e teritorija na albancite nivna drzava po definicija tie ne treba da imaat crkva neli posto tamu im e nivniot erusalim ?????
daj prijatele ne bidi slep najstara crkva posle istocnaa crkva e nasata crkva
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
МПЦ во 1967 година, на своја рака, без благослов од матичната црква (СПЦ), значи неканонски се одвои (раскол!) од СПЦ и си самопрогласи автокефалност и од тогаш непокајнички егзистира како неканонска самонаречена „црква“, непризнаена од целиот православен свет.
Дали и како МПЦ се „одвоила“ е малце подлабока и почуствителна тема за која би требало да се вклучи повеќе сива маса па да се даде некаков коментар вреден за одговор. Сепак, решив, иако го избегнувам овој подфорум извесно време, да одговорам на коментарот (кој не е вреден за одговор), оти или цитираново е резултат на незнаење, или пак е малициозно.
Охридската Архиепископија, поточно Патријаршија е втемелена во времето на Самуил, на почетокот на вториот милениум од новата ера, некои два века пред пеќката патријаршија. Василиј II, откако расчистил со Самуиловата држава, ја свел на архиепископија, но таа продолжила да постои и да го шири влијанието. А српската црква формирана на дел од териториите под влијание на ОА, неканонски е формирана во почетокот на 13 век. Во таа смисла, за тоа што е каконско а што не, интересна е преписката меѓу охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан и никејскиот патријарх (во тоа време Цариград е под власт на крстоносците, па ромејската црква и василевсот имаат седиште во Никеја). Така, канонски нели, се проблематизира и самото постоење на СПЦ. Исто така, укинувањето на ОА во 18 век, купувањето со злато на црковната власт во вардарскиот дел на Македонија од страна на СПЦ по балканските војни се прашања кои заслужуваат внимание кога станува збор за тоа што е каконски неправилно.
А идеи за обнова на ОА, односно на МПЦ имаме и порано - Григор Прличев, Теодосиј Гологанов и други.
Секако, во прашање е политика а не вера, но тука не се може ништо. Во сите вери политиката си го прави своето.Тоа додава дополнителен зачин во целата каша, па така е поинтересно.
 
G

galaxy

Гостин
МПЦ: лицитација на лопати

(ова е hilarious :pos:)

МПЦ: Лицитација на крст !?

Што уште можат да продадат?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали и како МПЦ се „одвоила“ е малце подлабока и почуствителна тема за која би требало да се вклучи повеќе сива маса па да се даде некаков коментар вреден за одговор.
Повели, вклучи се што е вредно за вклучување, каноните на православните цркви се мошне јасни и прецизни за тоа што е раскол, за тоа што е канонска црква (не зборам според Бог и Библијата, туку според православните цркви). Факт е дека МПЦ се одвоила од СПЦ со тоа што не добила од неа автокефаќност и бунтовнички самата си самопрогласила афтокефалност, спротивно на каноните на православните цркви и тоа ја прави расколничка црква - затоа и целиот православен свет не ја признава за канонска.

А српската црква формирана на дел од териториите под влијание на ОА, неканонски е формирана во почетокот на 13 век.
...
Така, канонски нели, се проблематизира и самото постоење на СПЦ.
Точно е тоа дека СПЦ неканонски е формирана, но еден век подоцна таа се покајува, Охридската Архиепископија и дава автокефалност и таа станува канонска црква и во литургиско единство со неа. Проблемот со СПЦ е решен. Од тогаш па натаму не постои никаков проблем за канонското постоење на СПЦ меѓу православните цркви.

Но МПЦ се уште не се покајала за својот раскол и се уште нема добиено автокефаност од матичната црква (СПЦ), затоа таа се уште не е признаена од целиот православен свет, затоа таа се уште е расколничка неканонска „црква“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom