Дали тинејџерите знаат што е љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Првата љубов теоретски може да се случи во кој било период, но најчесто се случува токму во тинејџерските години. Тоа возбудливо прво искуство повеќето луѓе го паметат до крајот на животот. Гледано од перспектива на возрасна личност, љубовните радости и проблеми во адолесценцијата се чинат смешни, детски и едноставни, особено во споредба со барањата на “возрасниот“ живот и во бракот. Многу често возрасните забораваат колку е драматично во тинејџерските години да се учи да се градат вистински љубовни односи. Поради тоа возрасните често воопшто сериозно не ја разбираат првата или неколкуте први љубови на тинејџерите. Се смеат на тие “детски слатки грижи“ и не им веруваат на силните емоции.
Од друга страна, денешните тинејџери покажуваат големи разлики кога станува збор за љубовните односи. Некои тинејџери веќе на крајот од основното училиште се во сериозни врски, а други не излегуваат два пати со истата личност се` до факултет.
Љубовните односи не се едноставни. Тоа го знаат сите возрасни. Потребно е да се вложува труд и напор, а и со сето вложување понекогаш ќе ве заболи глава од тој однос.
И момчињата и девојчињата во адолесценцијата проживуваат многу силна емоционална болка поради прекинот на љубовниот однос. Да се биде оставен на 15 години може да биде поболно отколку да се биде оставен на 30 години. Со 15 години младиот човек нема внатрешна емоционална сила која помага да се преброди загубата.
 
Не само тинејџерите што не знаат, туку никој не знае што е љубов.
Затоа што љубов не постои све се врти околу парите, угледот моќта.
За тинејџерките ЉУБОВ е оној тип кој не можат да го фатат, или пак го изгубиле
(нормално дека имаме љубов кон семејството)

Не ми е јасно одкај такво негативно мислење кон љубовта уште на 15 години?
 
1.Зашто мислиш дека никој не знае што е љубов?
2.Зашто мислиш дека љубов не постои?
3.Љубовта како таква постои без оглед на тоа дали сте или не сте заедно љубовта си постои.Но, кој не ја почуствувал не може да знае.
4.Точно,убаво си кажа-за тинејџерите, што не значи дека љубовта не постои. А за ова што велиш ти (болдираното) е точно за поголем дел од тинејџерите, секако има и исклучоци, но тоа не е љубов. И јас сум го поминала тоа и сум мислела дека сум заљубена итн. итн. но, сето тоа не било љубов.Со текот на времето секој ќе ја почувствува љубовта сам на своја кожа и ќе сфати што е или што била љубовта. Џабе сега да се лажеме на зборови.

п.с. И немој толку гнев.Гледај на поведрата страна.Животот е далеку од совршен ама е убав, само треба да научиш да живееш.
 
Воопшто не е важно дали имам 15, 18, 25, 36 години за мене љубовта не постои.

1. Мислам дека никој не знае што е љубов бидејки ни јас не знам.
2. Мислам дека не постои можеби затоа што сум преголем песимист.
3. Љубов не постои ако постоеше сите до сега ќе ја имавме почуствувано.
4.Вие мислите дека јас сум премногу мала за да можам да кажувам за животот и за љубовта, ама грешите затоа што јас имам поминато многу работи во животот. Можеби за мене не постои љубов затоа што све што сум посакала сум добила, не ми пофалило ништо и не знам како е нешто да сакаш, а да го немаш. Но дури ни тогаш нема да отстапам од моето мислење ЗА МЕНЕ ЉУБОВ НЕ ПОСТОИ

Не е гнев гледам од реалната страна на животот, а таа е песимистичка Бори се, Мачи се, и на крај умри
 
Имаш право не е важно колку години имаш важно е искуството во животот.А немжеш да имаш преголемо искуство на 15 години.И јас на 15 не знаев што е љубов.А се гледа дека се што си сакала во животот си добила по самиот ник.И како може да тврдиш дека имаш поминато многу работи(како тешки)а се си добила во животот.Не те осудувам што си песимист затоа што и јас бев преголем.И јас ислев дека љубовта не постои.Но сега го тврдам спротивното.Значи тоа го кажувам дури сега.До пред извесен период не верував во љубовта затоа што бев со погрешни личности за мене.Ама откако ја најдов прават го сменив мислењето.Така и ти ќе го смениш.А ако кажуваш за животот тогаш тој се состои од бори се мачи се и на крај умри,но измеѓу тиа работи се појавива љубовта која ни дава надеж да се бориме.Поздравче:smir:
 
А какво е ова прашање нормлано дека знаеме:toe::pirat:
 
Можеби некогаш ќе сватам што е љубов и ќе го тврдам спротивното од сега, но до тогаш ќе се држам до овој став :smir:
 
Воопшто не е важно дали имам 15, 18, 25, 36 години за мене љубовта не постои.

1. Мислам дека никој не знае што е љубов бидејки ни јас не знам.
2. Мислам дека не постои можеби затоа што сум преголем песимист.
3. Љубов не постои ако постоеше сите до сега ќе ја имавме почуствувано.
4.Вие мислите дека јас сум премногу мала за да можам да кажувам за животот и за љубовта, ама грешите затоа што јас имам поминато многу работи во животот. Можеби за мене не постои љубов затоа што све што сум посакала сум добила, не ми пофалило ништо и не знам како е нешто да сакаш, а да го немаш. Но дури ни тогаш нема да отстапам од моето мислење ЗА МЕНЕ ЉУБОВ НЕ ПОСТОИ

Не е гнев гледам од реалната страна на животот, а таа е песимистичка Бори се, Мачи се, и на крај умри

Секако не се важни годините- во тоа се согласуваме. Искуството си го прави своето. Не мислиме дека си премногу мала за да можеш да кажуваш и не сакам да те убедувам или нешто слично, немој да ме сфатиш погрешно, но уште еднаш ќе повторам љубовта постои и поголемиот дел од нас ја имаат почувствувано. Треба само да гледаш на поведрата страна. Ослободи се и дозволиси да ја почуствуваш љубовта па ќе видиш дали постои или не :smir:.

Има разлика меѓу реалност, оптимизам и песимизам. Песимистичката страна не секогаш е реалната страна. Мотото добро ти е, но само би додала: Бори се, мачи се и на крај умри, но во меѓувреме живеј. Затоа што во животот на секој човек има нешта за кои вреди да се живее.

До пред извесен период не верував во љубовта затоа што бев со погрешни личности за мене.Ама откако ја најдов прават го сменив мислењето.

Апсолутно се согласувам со ова. Нема што да додадам :pipi:.
 
Јас знам што е.

Јас знам да сакам.

Јас сум заљубен.

Без разлика на годините или било што.
 
Не е се до годините, ама генерално точно е дека љубовта за да се осознае треба и искуство и зрелост. Јас, и еден добар дел од моето друштво пројдовме низ периодот „барање љубов“ кој се одликуваше со безвезни мувања, бурни заљубувања кои траеја два дена отприлика, врски засновани на ништо и после тоа „огромни разочарувања“... Онака... Препознавање на љубовта во секој и во се, и нормално - ништо од тоа не беше љубов. По некое време, кога хормоните ќе стивнат, со ладна глава се бара нешто вистинско, и тогаш дознавме (повеќето, затоа што има некои што сеуште не знаат) што е вистинска љубов:)
 
Точно дека треба зрелост, но ако се погоди личноста.

Едноставно знаеш. (ова лично зборувам)

Едноставно, имам некое gut филинг дека е тоа тоа.

Тоа што го барав долго време.
 
da mozebi i poveke od drugite ( koga ke go vratam vremeto i cuvstvata ako gi preispitam koga sum bil tinejdzer .. )
- da .
od licnoto iskustvo , tvrdam deka znaat !
sigurno deka poinaku se svaka "bolka" "sreka" "radost" "zavist" ... ama / znaat ... ili ???
pozZ
 
~*~

Ова е малку дебилно прашање.
Како тинејџерите да немаат емоции, па да се прашува дали љубат или не?
Можеби не љубат така како што ќе љуби некоја изградена личност, ама сигурно ги имаат емоциите и потребите.
Тоа е индивидуално, а не определено со возрасна граница!
 
Зависи до личноста. Ама сепак мислам дека 80% од нас тинејџерите не знаат што е љубов, врски со траење од по две недели до месец ви е сериозна врска и чувство за љубов? Или па менување партнери/ки на секоја екскурзија или искачање во град?
Класниот мој има многу добра фраза за ова : Тоа вашето не е љубов, панаѓур е.
 
Воопшто не е важно дали имам 15, 18, 25, 36 години за мене љубовта не постои.
Не можеш да кажеш што и како е важно затоа што имаш 15 години и неможеш да знаеш што ќе мислиш на 18, 25 или 36 како што и сама подоцна кажа дека има веројатност да го промениш мислењето. Ако тврдиш една работа, барем во муабетот биди сигурна и не ги мешај мислите и зборовите.

1. Мислам дека никој не знае што е љубов бидејки ни јас не знам.
2. Мислам дека не постои можеби затоа што сум преголем песимист.
3. Љубов не постои ако постоеше сите до сега ќе ја имавме почуствувано.
4.Вие мислите дека јас сум премногу мала за да можам да кажувам за животот и за љубовта, ама грешите затоа што јас имам поминато многу работи во животот. Можеби за мене не постои љубов затоа што све што сум посакала сум добила, не ми пофалило ништо и не знам како е нешто да сакаш, а да го немаш. Но дури ни тогаш нема да отстапам од моето мислење ЗА МЕНЕ ЉУБОВ НЕ ПОСТОИ

Не е гнев гледам од реалната страна на животот, а таа е песимистичка Бори се, Мачи се, и на крај умри
1.Ако ти не знаеш што е љубов, не значи дека никој друг не знае. Незнам од каде ти е таа идеја дека сите чувствуваат и знаат како и колку тебе.
2.Мислиш дека не постои затоа што можеби ти си песимист ... значи, постои или не? До тебе е или до љубовта? Мислиш или си сигурна?
3.Љубовта постои и има многу луѓе кои ја почувствувале. Сега со оглед на тоа дека јас друго нешто знам, во што ќе продолжиш да веруваш? Според тоа што тврдиш дека не постои затоа што никој не ја почувствувал?
4.Јас не мислам, туку ти навистина си многу мала. Што имаш поминато во животот извини и што тоа има врска со љубовта???
А и друго ... јас и да сакам да поверувам во тоа дека никогаш ништо не ти фалело неможам. Ако е така, што е тоа што претходно те прашав т.е. што е тоа толку големо и страшно што си го поминала?

Значи позбунет пост немам прочитано одамна. И после да, тинејџерите знаат што е љубовта, знаат дали постои или не, знаат се ... секако дека да ...:uvo:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom