Последен гледан филм со кратка рецензија

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710

Не знам што ме натера да го гледам филмот ама дефинитивно џабе потрошив сат време. Изгледа очекував нешто повеќе ради насловот.(n)
Баш ми беше дебилен и од 15 мин гледање очигледно беше како ќе заврши. Станува збор за еден член од бивша поп група кој добива за задача да напише текст за една актуелна поп ‘дива‘. Во меѓувреме се појавува девојка која му помага во тоа и се заљубуваат еден во друг и бла бла. И тоа цело време.
Живи глупости.
 
H

-HRO

Гостин
Dark Water (2005)

\

По многуте предлози од пријателите, решив и јас да го изгледам овој филм.
Се работи за Драма / Хорор / Трилер филм во кој главната улога ја игра Jennifer Connelly.
Се работи за мајка која се бори со својот сопруг за старателство на нејзината мала ќеркичка.
Таа се вселува во зграда со нејзината ќерка, со надеж дека ќе имаат добар живот.
Проблемите почнуваат кога мајката и ќерката ќе паднат под мета на девојче-дух кое живеело над нивниот стан. :)
Според мене не беше нешто нај нај ни приказната, а и не ми беше ни страшен.
Според некои мои другари ова е доста језив и страшен филм.
Ако ви се гледа-оценете сами. :)

Over The Hedge (2006)



Се работи за анимација / авантура / комедија.
Овој е еден од најдобрите и најинтересните анимирани филмови кои сум ги погледнал.
Како што можете да видите и да прочитате на IMDB и на сликава, има неколку познати актери кои ги позајмуваат своите гласови.
Овој анимиран филм е исто така направен од луѓето кои ги направија славните Мадагаскар и Шрек.
Се работи за RJ ракун кој ќе се обиде да украде храна од една мечка.
Храната ќе биде уништена поради невнимателноста на ракунот, и мечката ќе сака да го убие.
RJ ветува дека ќе ја врати храната за да си го спаси својот живот. Мечката му дава 1 недела за да ја врати целата храна.
RJ ќе тргне во потрага по храната. Низ своето патување ќе најде пријатели кои исто така бараат храна за долгата зима...
Тој ќе се спријатели со нив и ќе ги искористи за свои цели и потреби...
Да не кажувам за понатаму, можеби некој ќе сака да го гледа филмчево, затоа што е стварно добро според мене. :)

П.С. Верверичката Хеми ми е фаворит! Чакнат е многу! :D
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Rise of the Planet of the Apes



Ја обожавам тематиката, едноставно обожавам апокалиптични сценарија. Цезар делува фасцинантно низ целиот филм, премногу добро отсликан карактер, На моменти делуваше језиво, често ја губев довербата во него, кој иако суперинтелегентен мислиш ќе преовладее она животнско во него бидејќи сепак не е човек. Филм за уживање, без разлика што сите однапред знаеме што ќе се деси.
Мало разочарување е тоа што скоро се што вреди во филмот од апсект на ефекти, скоро па се содржи во трајлерот. Тоа малку ме разочара. Фотографија и сценографија одлични како и што очекував. Изненадувања големи нема, дејствието нормално ќе ве држи до крај, вистински уживав.
Нема да дадам оцена, бидејќи ќе бидам пристрасен.
 
S

Sagan

Гостин
The Bung Bung Club [2011]

Филмов (снимен според сценарио од вистински настани) ќе ви ја раскаже приказната за група новински фотографи и нивната работа во завојувани региони, како аперхејдска Јужна Африка,Судан...

Како се земени некои фотографии кои освоиле Пулицерова награда за известувачка фотографија, дали сите човечки суштества можат да се наречат “луѓе“...?



 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Danny the Dog (2005)

Го фатив еднаш овој филм на телевизија кога беше при крај и деновиве се потсетив на истиот па решив да го изгледам од почеток. За оние кои сакаат акција и тепачки, сигурно ќе им се допадне.

Дени(Jet Li) е одгледан и обучен да се однесува како куче од страна на еден лихвар, кој ги користи неверојатните боречки вештини на Дени за да изнудува пари од лугето и да ги уценува дека ке бидат претепани до смрт доколку не му го платат долгот.
Мегутоа кога Дени ке ги запознае Сем(Morgan Freeman) и неговата ќерка , тој ке се промени и веќе нема да сака да биде дел од валканите игри на својот газда...
Интересен филм за пред спиење без многу да си го замарате мозокот за содржината :D

poster2.jpg
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807

Девет луѓе кои меѓусебно не се познаваат ќе бидат дрогирани и грабнати ставени да живеет во една иста куќа заедно.Ќе започнат да играат игра каде што само 1 треба да остане жив и да ја земе главната награда од 5 милиони долари.
Интересен филм со многу неочекуван крај.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
Everything must go - http://www.imdb.com/title/tt1531663/



Ја пишувам рецензијата да не се заебе и некој друг како што се заебав јас. Значи овој никаков филм го симнав и гледав бидејки сакав да гледам комедија а така и пишува - дека е комедија. Но нема ни К од комедија.

Ова е една тешка драма за еден несреќник, што понатаму ке се покаже и дека е многу глуп. За да опишам колку е глупав филмот и колку е глупав главниот лик ке мора да оставам спојлери па иако овој "филм" не заслужува, ке останам ајде фер.

Штета што на IMDB нема оцена 0 инаку тоа и ке му дадев а не 1. Најмногу поради тоа што кажуваат дека филмот е комедија.

0/10
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Oldboy (2003)

Се мислев дали тука или во предлози, ама сеедно, кој ќе го заинтересира ќе го гледа.

Позитивна работа у тоа што Холивуд се повеќе ме разочарува со новите филмови е што почнав повеќе да се интересирам за филмската индустрија надвор од САД, во случајов станува збор за корејски филм :)

Приказна за тип што го киднапираат и го држат затворен 15 години. Ќе излезе со една цел, да се одмазди на тој што му го направил тоа, но наместо одмазда, ќе почне да ја бара причината за неговото киднапирање. Мистерија, драма, језиви сцени, интересна приказна, одлична глума, одлично снимен филм.

П.С. за филмов дознав дека е втор филм од трилогија (The Venegance Trilogy) од коа го изгледав, иако мислам дека нема поврзаност на деловите, сепак можеби некој сака да ги изглеа и другите два филма (знам дека јас ќе го направам тоа) :)

 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100


Rain man, филмче од 1988 во кој настапуваат Дастин Хофман и Том Круз, можеби малку подзаборавено, но одлично во секој случај.
Чарли Бабит (Том Круз) дознава дека неговиот татко починал и својот имот од 3 милиони долари го оставил на брат му Рејмонд (Дастин Хофман) кој пати од аутизам. Чарли неможе туку така да се помири со тој факт, го пронаѓа својот брат со намера дека ќе се дограби до парите, бидејќи е прилично заглавен и очајно му требаат.
Дастин Хофман сосема заслужено го доби оскарот за најдобар актер во главна улога, инаку филмот е добитник вкупно на 4 оскари. Но јас пак ќе се навратам на Хофман, колку добро ги беше доловил оние повторувачки движења типични за луѓето кои боледуваат од аутизам. Комплетна вклопеност во се, во движењето на телото, гестовите, говорот, изразот на лицето. Инаку филмот ми е одамна гледан, но го гледав пак, а би го гледала и повторно.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Never Back Down 2


Ете ја двојката и ете го уништувањето и на овој филм.
Уште кога видов дека ќе има втор дел, знаев дека ќе зафркнат работа, оти кецот за мене беше супер филмче. За разлика од кецот, двојкава беше трагедија. Можеби тепачките беа само подобри, ама овој дел немаше ни приказна во позадина, до 20 минути од крајот на филмот незнаеш кој е всушност негативецот, незнаеш кого да сакаш или кого да мразиш.
Значи се работи за 4 дечки кои ќе одат да тренираат со еден од најдобрите фајтери на светот (тоа ти е нигеров на сликава). Е сега стандард ќе има закачки меѓу нив, ќе има борби за девојки, растурени фамилии и кога се на се ќе видиш двојкава ти иде еден малку поразличен римејк на првиот дел.
Сакале да направат приказна во позадина ама далеку од тоа дека успеале.
На едниот татко му е геј и тоа го влечат низ целиот филм без некоја посебна причина, на вториот татко му е мртов и мајка му ќе мора да работи во стриптиз клуб (каде што често ќе оди екипава) за да можат да преживеат . Третиот е професионален борач, но поради повреда на окото и шанса да ослепи ќе мора да се откаже од сето тоа, а четвртиот е продавач на стрипови кој ќе биде тепан од други три батиња.
Едно нешто е можеби подобро во филмов од првиот дел, а тоа се тепачките (можеби оти ги имаше малку повеќе или повеќе се задржаа на нив). Друго се е трагедија во филмов на чело со приказната која пак ќе речам нема некоја поента и едноставно неможеш да се поврзеш со ликовите
4/10 само поради тепачките и женските.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Gone Baby Gone

Одличен. Ова е прилично бавна крими-драма, режирана од Бен Афлек и по првите 2 минути мислев дека и е главна улога, ама да ти бил брат му Кејси. Ептен се слични, само шо овај покажа за неколку нијанси подобра глума од брат му. Доста добра постава на глумци и доста добри изведби.

Дејствието се одвива во Бостон, исчезнато е мало девојче и најмени се Афлек и женска му како приватни детективи(инсајдери во даунтаун сцената во Бостон) паралелно со полицијата да го најдат девојчето и решат случајот. Понатаму приказната се преплетува и расплетува на доста интересен начин.

Лајк голем од мене, браос.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297


I know I know ... Avatar, Twighlight, Harry Potter, Lord of the rings...this.... it's all the same ...BUT I LIKED IT!!! :icon_mrgr:
Се работи за четири „нации„ видови на луѓе. Секоја од нив има посебна дарба. Едните да владеат со воздухот ,другите со водата, третите со земјата, и четвртите со огнот. Рамнотежата ја воспоставува аватарот кој има дарбаза сите 4 елементи само што треба да ги научи со текот на „школувањето„ а како возврат за тоа тој нема никогаш да има свое семејство и нормален живот. Малото аватарче несакајќи да го прифати тоа се скрил а во меѓувреме огнената нација кова планови како да ја преземе власта над другите нации. во планот е и да се убие аватарот кој после 10 години повторно се појавува и решава да стави крај на тиранијата од огнените.
Ми се допадна мене филмот. Кој што е љубител на вакво нешто мислам дека не е џабе потрошено време.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Battle Los Angeles


На 12 Август 2011 год. мистериозни објекти, за кои се верува дека се метеорите, удираат во океаните на земјата во близина на многу големи градови. Во објектите, се разбира, се наоѓаат вонземјански суштества. Американските маринци пристигнуваат во Лос Анџелес да се ослободат од вонземјаните и помагаат во евакуацијата на цивили.
Уште еден филм за вонземјанска инвазија кој за мене не беше ништо посебно.
Има многу акција, поради што и претпоставувам дека ќе им се допадне на припадниците на посилниот пол.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Nine and a half weeks - (1986)
Страст, болка, копнеж, љубов, самоизмачување, мазохизам, секс, силување но љубовно, филмов е фантазија 10/10

Таа роб на љубовта,Тој робовладетел, типацот сака да доминира, знае како да направи таа да ја изгуби главата по него за потоа да ја симне на колена и да ја скрши неверојатен систем, чиста реалност, само фраер,јебо, плејер (како очете) од највечи калибар знае и мастерува со женските емоции на начин на кој мики рурк го прави тоа во филмов, а да и неверојатно е секси тоа додава екстра жарче, и за крај саундтракот на филмот
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
941


Го гледав вчера во кино Милениум.
Ми го препорачаа како многу интересна комедија, па не беше нешто посебно. Очекував нешто повеќе.
Филмот изобилува со доста вулгарности, а салата беше преполна со мали деца под 12 години. Требало да стават некакво предупредување дека филмот е бар 12+.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom