Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски го закажа извлекувањето на двојките за 1/8 финалето на националниот фудбалски куп за во петок, 09.09 во 17ч. во просториите на ФФМ.
На извлекувањето се поканети сите клубови учесници во оваа фаза.
Во 1/8 финалето се пласираа:
Гостивар,
Шкендија,
Напредок,
Скопје,
Ренова,
Тиквеш,
Силекс,
Брегалница,
11 Октомври
Хоризонт Т.
Миравци,
Металург,
Пелистер,
Вардар,
Тетекс,
Работнички.
Првите средби се играат на 14. Септември во 15ч, а реваншот е на 28. Септември во 14.30ч.