Разочарувачки крај на трансфер рокот...
Последен ден од трансфер пазарот. Со поминувањето на фамозниот deadline за пазарување, се врати горчливото чувство кај навивачите на Јувентус - причина недостатокот на фундаментален играч со искуство кој ќе гине во одбранбените линии на браникот на Јувентус.
Марота за денешната работа добива една голема 0. Не успеа да ги продаде двајцата чирови во Јувентус (Јакинта и Амаури), а не доведе ни централен дефанзивец...
Дополнителен фактор кој сакаме да го потенцираме е изјавата на Циглер, кој кажа дека уште од почетокот на трансфер рокот Конте не сметал на него. Па добро, штом е така, зошто Марота и компанија не се заангажира да најдат замена за таа позиција. Де Чеље е склон на повреди, а негова замена останува (да, да - тој е) Гросо?!
Денешниот ден е големо разочарување бидејќи се очекуваше изненадување кое никогаш не пристигна!
Она што навистина загрижува е тоа што Јувентус очигледно го има изгубено имиџот. Играчи кои порано можеле само да сонуваат да го прочитаат своето име во иста реченица со Јувентус, сега се доволно дрски да одбиваат понуди од Торинскиот гигант. Уште една сезона како минативе две би била еднаква на кафастрофа.
Марота се коцка со висок ризик. Работата се цени по резултатите, а резултатите се знаат на крај на сезоната, ни останува да чекаме, да се надеваме и да навиваме... во право е влатче за жал