Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не му фалит нишо на грбо, туку вртењето грб е симболичен гест за нечие неприфаќање и оддалечување...

„Му сврте грб„, Ти текнува?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Не му фалит нишо на грбо, туку вртењето грб е симболичен гест за нечие неприфаќање и оддалечување...

„Му сврте грб„, Ти текнува?
кој го вовел тој симбол? јас знам дека грб е и симбол на поткрепа, на некој кој држи и крепи нешто, ко ќе свртиш грб на иконостас може да значи дека ете ја крепам верата.... Ти текнува?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ми текнува, само што овдеа дикутисаме за духовни а не за литературни (овосветовни) теми.
Начинот до кој верникот треба да се придржува при посета на храмот или на богослужба, одреден е од Црквата и има своја длабока духовна смисла.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ми текнува, само што овдеа дикутисаме за духовни а не за литературни (овосветовни) теми.
Начинот до кој верникот треба да се придржува при посета на храмот или на богослужба, одреден е од Црквата и има своја длабока духовна смисла.
“ми свре грб“ не е обичен симбол туку духовна категорија која извира директно од творецот а “на грбот носам и крепам“ е обична секојдневна тема??

А кој е став на христијанството за она “брат за брат, сирење за пари“ то е духовно?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
“ми свре грб“ не е обичен симбол туку духовна категорија која извира директно од творецот а “на грбот носам и крепам“ е обична секојдневна тема??
Никаде не напишав дека „ми сврте грб„ извира од Творецот. Тоа (вртењето грб) е човечки гест, кој има свое значење.
--- надополнето: Aug 31, 2011 8:50 AM ---
А кој е став на христијанството за она “брат за брат, сирење за пари“ то е духовно?
Не е баш духовно, туку е израз за чесност во работењето и во меѓу човечките релации и повеќе е етички од колку духовно.
 
T

Tetro

Гостин
Веројатноо мислиш на осенување со крсниот знак додека автобусот стои на семафорот кај Соборниот храм, така?
Не. Мислев на крстење, крстење исто како шо се крстат верниците на секој празник при влегување во црква, исто тоа некои го прават и во автобус во движење, а и додека стои на семафори.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Она кое Ти го нарекуваш „крстење„ во Црквата го нарекуваме „осенување„ со крсниот знак. Во секој случај, зборуваме за иста работа.
 
T

Tetro

Гостин
Извини Мики, на ова недоразбирање. Ама, кај нас останало зборчето "крстење" уште од прапрапрапрапрародителите на моите родители, а со зборчето "осенување" мислам дека првпат се среќавам.
Или пак, сум го прочитал некогаш некаде и сум се мислел од кај доаѓа, па еве сега е вистинското време да те прашам за потеклото на зборчето ако знаеше да ми кажеш? :D
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Она кое Ти го нарекуваш „крстење„ во Црквата го нарекуваме „осенување„ со крсниот знак. Во секој случај, зборуваме за иста работа.
Не си „паѓаат„ ништо: праведниот Јосив бил (е) смртен човек, а Бог Е духовно ,бесмртно и нематеријално битие. Патем кажано, Христос беше зачнат по осенувањето на Духот Свет врз Мајката Божја, а не од „дедо боже„.
Ова осенувањево мултитаскинг е, или верниците што ги видел Watchlist си правеле групна распаљотка?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Извини Мики, на ова недоразбирање. Ама, кај нас останало зборчето "крстење" уште од прапрапрапрапрародителите на моите родители, а со зборчето "осенување" мислам дека првпат се среќавам.
Или пак, сум го прочитал некогаш некаде и сум се мислел од кај доаѓа, па еве сега е вистинското време да те прашам за потеклото на зборчето ако знаеше да ми кажеш? :D
Изразот „осенување„ можеш најлесно да го разбереш како „нанесување„ или „преоѓање преку...„, така што со крстовидното поминување на десната рака со трите собрани прсти, преку точно утврдените места преку/на телото (чело, стомак и рамења), верните визуелно оформуваат крст, како знак/симбол на рисјанаската вера.

Зборот има црковно, веројатно црковно-словенско потекло, не можам со сигурност да потврдам.
--- надополнето: Aug 31, 2011 1:01 PM ---
Ова осенувањево мултитаскинг е, или верниците што ги видел Watchlist си правеле групна распаљотка?
Прочитај троа погоре...
 
T

Tetro

Гостин
Изразот „осенување„ можеш најлесно да го разбереш како „нанесување„ или „преоѓање преку...„, така што со крстовидното поминување на десната рака со трите собрани прсти, преку точно утврдените места преку/на телото (чело, стомак и рамења), верните визуелно оформуваат крст, како знак/симбол на рисјанаската вера.
Тоа и јас ко дете сум го правел. Па, нормално е нели, ме носеле како мал по цркви и манастири, за душа на умрениот, за празници, благи пити сум јадел и се тоа,... ама, значењето на крстењето-осенувањето отсекогаш ми било нејасно. И ми останува нејасно зошто во јавност го прават. Тоа му доаѓа исто како муслиман да застане на пешачки, да чучне и да се клања.

Зборот има црковно, веројатно црковно-словенско потекло, не можам со сигурност да потврдам.
 
T

Tetro

Гостин
За потребата од осенување веќе имам пишувано, а за силата од крсниот знак, можеш да прочиташ овде:

http://www.pravoslavna-srbija.com/Pravoslavlje/Bog i nauka/Snaga Casnog Krsta/snagaKrsnogZnaka.htm
Истраживања, која су спроведена у лабораторији медицинско-биолошких технологија НИИ за индустријску и морску медицину, постала су права сензација. Научници су експериментално доказали да крсни знак убија микробе и мења оптичке особине воде.
Ами доказ за ова нема? Ако се менува особината на водата, мора да има некое движење, некоја енергија. Нешто. Ако има, треба да има доказ за трансформација на енергијата. Ако нема доказ, уште една лага за користење на масата постои.
Исто ова со (крсни знак убија)... А, нели имаше една заповед НЕ убивај?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Посоченото испитување е направено од соодветно квалификувани стручњаци а не од било кого.

Редукцуионистичкото толкување на заповеста „Не убивај!„ но и на било која друга Божја заповест, ќе Те одведе во погрешни заклучоци. На пример, што ако извесен батка, од не знам која причина, решил да Те убие, што Ти ќе му речеш? Ќе му речеш „...а бе види, не ме убивај, оти Бог атак за поведа!...„ а на потенциајниот убиец око не му трепиња за заповедта? Како ќе се браниш, со повторување на заповедта или ќе превземеш нешто во самоодбрана?

Убиството кое е посочено во текстот, не се однесува на убивање било какви битија, туку на убивање на микро-организмите во храната, кои можат да предизвикаат болести во човеквиот организам.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Посоченото испитување е направено од соодветно квалификувани стручњаци а не од било кого.

Редукцуионистичкото толкување на заповеста „Не убивај!„ но и на било која друга Божја заповест, ќе Те одведе во погрешни заклучоци. На пример, што ако извесен батка, од не знам која причина, решил да Те убие, што Ти ќе му речеш? Ќе му речеш „...а бе види, не ме убивај, оти Бог атак за поведа!...„ а на потенциајниот убиец око не му трепиња за заповедта? Како ќе се браниш, со повторување на заповедта или ќе превземеш нешто во самоодбрана?
Според посочениов пример, "не убивај" не важи за убиецот?! За кого важи тогаш, за калуѓерките у манастир?
И како се совпаѓа пораката на Исус за вртење на другиот образ, и вториов болд, каде според тебе треба да се превземе нешто во самоодбрана?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom