Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?

  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.442
Оваа слика ќе ја постирам ако треба и 100 пати за сите да разберат зошто е таква моменталната ситуација во шпанското првенство:

Не ли е ова срамно?
И што се сега Реал и Барса криви што федерацијата толку пари им дава нив ? \Што на Валенсија демек да им дадат вака пари, тие ќе речат, абе не ни требат 140 милиони нас поделите ги и на другите тимови за лигата да биде рамноправна. Абе ај..
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
ПОвеќе го сакале Атлетико од Реал:pos:бегај бе не ме смеј и ти...па и јас тоа викам за ограничување,тоа што федерацијата ги форсира нив не е ништо...Реал и Барса имаат други приходи плус бе...тоа се Реал и Барса неможе Валенсија и Депортиво да се константо на нивно ниво,сите идат и одат овие остануваат.Тоа да ви е јасно како ден!
Кои беа Челзи и Манчестер Сити пред да ги купат богаташи? Дали имаа приходи плус и привлекуваа спонзори? Ист е случајот со Малага. Абрамович го купи Челзи, донесе ѕвезди, доби јаки спонзори кои сакаат да се рекламираат и се најде на врвот. Манчестер Сити, спонзор Етихад, дури и на стадионот името му го променија за 20 милиони годишно и еве ги и нив на врвот. Малага сега на дресот носи UNICEF, и тие како Барселона плаќаат на Уницеф за да го рекламираат, а до минатата сезона се бореа за опстанок во последното коло и носеа спонзор на дресот кој им плаќаше помалку од милион евра годишно

И што се сега Реал и Барса криви што федерацијата толку пари им дава нив ? \Што на Валенсија демек да им дадат вака пари, тие ќе речат, абе не ни требат 140 милиони нас поделите ги и на другите тимови за лигата да биде рамноправна. Абе ај..
Федерацијата да не ја водат Марсовци кои онака им ги фрлаат парите? Па тука се највлијателните луѓе на Барса и Реал кои гледаат да украдат што е можно повеќе пари на сметка на другите.
Зошто Манчестер и Челзи не направат да добиваат толкави суми?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.442
Федерацијата да не ја водат Марсовци? Па тука се највлијателните луѓе на Барса и Реал кои гледаат да украдат што е можно повеќе пари на сметка на другите.
Зошто Манчестер и Челзи не направат да добиваат толкави суми?
Што мене ме интересира бе за Англија, Франција, Германија и останати земји ? Од кај да знам ја кај нив какво е правилото, какви закони има и слични глупости ? Мене ме интересира Шпанија, и што има Реал па и јас да се замарам што федерацијата се одлучила нив да им даде толкави пари ? Си заслужиле и ќе им дава. Крај краева па дај ајде доказ дека федерацијата ја водат луѓе од Реал и Барса да видам. Другиве тимови глупи се нели, и ќе седат со скрстени раце и нема да превземат ништо, ако работите биле едноставни како што ги кажуваш ти. Они таму во Шпанија штом вака дошле работиве не можеле да направат ништо, ти тука ќе не убедуваш дека можело. Олади малце.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Такво е времето бе денеска,парите го вртат фудбалот...ги купи нив милјардер сега се јаки,нека ја купат Валенсија и таа ќе биде јака.Федерацијата им дава нив сигурно овие им даваат нив нешто за возврат така оди таа работа...ти бараш да се врати фудбалот како во старите времиња,ми кажуваш овде од 2000 год.Олади малце....
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.127
Поени од реакции
25.202
И ја сум за Реал и мислам дека лигава не е рамноправна. Остајте тоа што Реал и Барса зимаат пари од други места не само од телевизиските права, али барем телевизиските права нека ги изедначат, како што е во другите лиги. Тогаш Шпанското првенство ќе биде многу поинтересно. Може пак ќе се води битката помеѓу Барса и Реал али нема барем после 20 коло разлика во однос на првиот и вториот со третиот да биде 30+ бода.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Што мене ме интересира бе за Англија, Франција, Германија и останати земји ? Од кај да знам ја кај нив какво е правилото, какви закони има и слични глупости ? Мене ме интересира Шпанија, и што има Реал па и јас да се замарам што федерацијата се одлучила нив да им даде толкави пари ? Си заслужиле и ќе им дава. Крај краева па дај ајде доказ дека федерацијата ја водат луѓе од Реал и Барса да видам. Другиве тимови глупи се нели, и ќе седат со скрстени раце и нема да превземат ништо, ако работите биле едноставни како што ги кажуваш ти. Они таму во Шпанија штом вака дошле работиве не можеле да направат ништо, ти тука ќе не убедуваш дека можело. Олади малце.
- Јас знам и ти кажувам работи кои не ги пишува Мадридска Марка! ;)
Кој мислиш дека одлучува во федерацијата, Гранада? Тоа е како да ми кажуваш дека Хаџи Ристевски е најдобар претседател на ФФМ досега...или со други зборови приказни за мали деца.

- Не бе си уживаат другите екипи. Еве некни Сарагоса прославуваа на Ромареда, а Виљареал отворија шампањско на Камп Ноу...

- Не знам што се исплаши толку, ова е само обична дискусија на форум наменет за шпански фудбал...

:tapp:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Добро што се правите на Тошо сеа... во право е МкДон за тоа што го збори дека неразмерно се поделени парите.

Реал и Барса имаат огромни лоби групи во FEF, кои влечат да остане статус кво, затоа што на нив им одговара тоа. Ниту на Мадрид ниту на Барселона не им одговара некој од другите клубови да биде купен од шеик или некој магнат... Гледаат да си го максимизираат профитот и тие да постигнуваат успеси. Значи, основната разлика меѓу на пр. Премиер лигата и ЛаЛига е тоа што во Шпанија, двата гиганта имаат огромно влијание во фередацијата во однос на другите...

Од друга страна, неможеш веднаш да направи поделба на парите од тв, како у Англија. Како ќе им дадат 30м. на Рајо Ваљекано кога за нив ќе има интерес само на 3-4 меча, кога ќе им гостуваат Реал, Барса и еве некој од Валенсија, Атлетоко, Севиља... Не е тоа црвен крст па ќе им донираат пари. За разлика од натпреварите на РМ и ФЦБ за кои секогаш има интерес и фрчат милиони за реклами...

Неможе ништо нагло да се промени, ако се превзема нешто тоа треба да биде наметнато од УЕФА врз ФЕФ, и да биде постепен чекор за балансирање на правата од тв приходите.

А и крај краева, фудбалот е бизнис сега... its all about money.
 
Хах, па за тебе ако се релевантни тие медиуми, за мене Марка е релевантен.

Кој одлучува во федерацијата ? Одлучуваат луѓе кој се ставени за тие работи, дај ми ти мене доказ дека тоа се луѓе на Реал и Барса и ќе ти верувам, вака се ти е празен муабет. Само десет пати прочитав и никако не можам да сватам каква врска има Хаџи-Ристески у целиов муабет, али ај, битно е да се пише нешто..
--- надополнето: Aug 30, 2011 9:18 PM ---
Добро што се правите на Тошо сеа... во право е МкДон за тоа што го збори дека неразмерно се поделени парите..
Никој не го спори тоа, работата е шо дотичниот господин ги смета тимовите на Реал и Барса како главни виновници за тоа што така биле распределени парите..
 
F

fantomX

Гостин
Зошто Манчестер и Челзи не направат да добиваат толкави суми?
Пошто зад нив не стојат држави.

Можеби Манчестер Сити и Челзи, па и Манечстер Јунајтед на ваков или на таков начин работат со суми од стотици милиони фунти/евра, ама зад нив не стои и цела еден систем како зад двата шпански пашалаци.
Тие можеби имаат пари, ама шпанските држави во држава имаат и огромна моќ на влијание во самиот систем. Толку големо влијание нема ниеден англиски клуб во англискиот фудбалски систем како Реал Мадрид и Барселона во шпанскиот. Ма, нигде на светов нема клуб(ови) со такво влијание во фудбалскиот систем како Реал Мадрид и Барселона во нивниот.

Financial Fair Play? Good one, Michelle . :pos:
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Хах, па за тебе ако се релевантни тие медиуми, за мене Марка е релевантен.

Кој одлучува во федерацијата ? Одлучуваат луѓе кој се ставени за тие работи, дај ми ти мене доказ дека тоа се луѓе на Реал и Барса и ќе ти верувам, вака се ти е празен муабет. Само десет пати прочитав и никако не можам да сватам каква врска има Хаџи-Ристески у целиов муабет, али ај, битно е да се пише нешто..
--- надополнето: Aug 30, 2011 9:18 PM ---

Никој не го спори тоа, работата е шо дотичниот господин ги смета тимовите на Реал и Барса како главни виновници за тоа што така биле распределени парите..
OMFG...не ми се верува што читам! Ајде Чак Норис е виновен...
Со кој ли јас овде „дискутирам“ :tapp:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.442
OMFG...не ми се верува што читам! Ајде Чак Норис е виновен...
Со кој ли јас овде „дискутирам“ :tapp:
Не испаѓаш ништо попаметен, а морам да признаам и интересен ако ме цитираш со пост во ваков стил. Подобро со ништо не ме цитирај.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Не испаѓаш ништо попаметен, а морам да признаам и интересен ако ме цитираш со пост во ваков стил. Подобро со ништо не ме цитирај.
^ „Паметни“ не прави го она на другите, што не сакаш другите да ти го прават тебе:
Ај можда ќе ви се посреќи и вас ќе ве купи некој шеик па ќе престаниш да плачиш.
;)

А и немам намера повеќе да „дискутирам“ со луѓе кои си противречат самите на себе во своите мислења, мислат дека некој се прави паметен и интересен, кога незнаат што да напишат и одговорат и имаат екстремно низок степен на интелегенција.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.442
Јас не реков ништо лошо, само ви посакав среќа тоа да се случи, затоа што само така нема да плачиш како мало дете за вие работи.. За твое добро, а и за наше, ќе не поштедиш од тие муабети.. ;)

А со ова низок степен на интелегенција ме вреѓаш, каков сум таков сум немаш ти право за никој на форумов така да викаш затоа што ова е само еден обичен форум, а човек да го споредиш колкава интелегенција има треба многу подобро да го познаваш.. За тоа следи бан, али ај фин момак си не сакам да ти се случи тоа, крај краева па имаш инсајдерски информации од федерацијата, како па ние тука ќе дознаевме дека главните луѓе таму се од Реал и Барса..

Со кој ли овде јас дискутирам па уште вика... Па ако не сум/сме на твое ниво, не знам што тогаш пробуваш да ни ги објасниш овие работи, кога секако, не ги сваќаме..
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Огичледно дека обострано им одговара на двата клуба и на федерацијата така да си ги делат парите.

Убав пост приметив малку погоре, а тој еве го

Добро што се правите на Тошо сеа... во право е МкДон за тоа што го збори дека неразмерно се поделени парите.
Реал и Барса имаат огромни лоби групи во FEF, кои влечат да остане статус кво, затоа што на нив им одговара тоа. Ниту на Мадрид ниту на Барселона не им одговара некој од другите клубови да биде купен од шеик или некој магнат... Гледаат да си го максимизираат профитот и тие да постигнуваат успеси. Значи, основната разлика меѓу на пр. Премиер лигата и ЛаЛига е тоа што во Шпанија, двата гиганта имаат огромно влијание во фередацијата во однос на другите...

Од друга страна, неможеш веднаш да направи поделба на парите од тв, како у Англија. Како ќе им дадат 30м. на Рајо Ваљекано кога за нив ќе има интерес само на 3-4 меча, кога ќе им гостуваат Реал, Барса и еве некој од Валенсија, Атлетоко, Севиља... Не е тоа црвен крст па ќе им донираат пари. За разлика од натпреварите на РМ и ФЦБ за кои секогаш има интерес и фрчат милиони за реклами...

Неможе ништо нагло да се промени, ако се превзема нешто тоа треба да биде наметнато од УЕФА врз ФЕФ, и да биде постепен чекор за балансирање на правата од тв приходите.

А и крај краева, фудбалот е бизнис сега... its all about money.
@MkDon не споредувај со Англија. Таму иако постои баланс и голема конкуренција сепак последниве години Манчестер Јунајтед и Челзи владеат исто години колку што и Реал и Барселона.
Не е се до парите од тв правата затоа што неколку плус милиони можат многу да им сменат на помалите клубови, на Валенсија тешко, затоа што Реал и Барса пак ќе имаат поголеми приходи од нив, пак ќе имаат подобри школи, пак ќе можат да имаат поголеми сонзори и пак ќе бидат пред Валенсија. А Валенсија пак ќе мора да ја продаде најголемата ѕвезда и ништо да н направи со тие пари.
Вака најмногу страдаат малите и се расипува лигата. Но тие малите како што кажа Ел Нињо немаат гледаност нити интерес за нив, па евентуален баланс сигурно ќе е како црвен крст за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom