Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?


  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.637
Поени од реакции
22.669
Мадридисти, ставајте табела, после ќе чекате многу за ваков распоред на табелата. :P
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.637
Поени од реакции
22.669
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Шо и да ставаат се е џабе.
Како и да свртиш... Барселона >> Реал Мадрид.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.637
Поени од реакции
22.669
Последен пат кога некој клуб во Ла Лига постигнал 5 гола во првото коло, а не се наоѓал на првото место е Атлетик Билбао во 1955-56. Истата сезона, Атлетик Билбао стана шампион. :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.605
Поени од реакции
14.438

Еден од најдобрите напаѓачи во последните десетина години во Примера. На страна неговите играчки квалитети, али колку голем само човек е, доволно е да се погледне едно интервју со него, колку е смирен, реален.. Четири години за Атлетико, четирите најдобри години во својата богата кариера им ги даде токму нив, и затоа Атлетико треба да бидат среќни поради тоа. Комплетираше неколку златни копачки, освојуваше трофеи со Атлетико, Манчестер па дури и со Уругвај, само жал ми е што си заминува од Атлетико а не постигна 100 голови (96 постигна).
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.637
Поени од реакции
22.669
Scottish La Liga во право светло уште во првото коло...:tapp:
првенствово ке биде борба кој ке има боље гол разлика на крај едниве +100 другиве +101
Тотенхем 1-5 Сити
Јунајтед 8-2 Арсенал

Поздрав. Значи у англиската Премиер е иста како scottish premier league.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Тотенхем 1-5 Сити
Јунајтед 8-2 Арсенал

Поздрав. Значи у англиската Премиер е иста како scottish premier league.
Шкотска лига не значи дека некоја екипа победила со голема разлика, туку дека не постои екипа во Шпанија која во овој момент би се спротиставила на Реал Мадрид и Барселона за кои уште на почетокот од првенството е загарантирано првото и второто место. Секако дека сето ова и тоа како им одговара на нив, но еден ден ќе застанат другите екипи заедно и ќе кажат дека не смее да се продолжи така.

-Не може некои екипи во Шпанија да продаваат играчи за да преживеат, а другите две екипи од нивните пари кои се поделени на најнерационален начин во светот, да трошат толку пари за само еден играч.

-Не може другите екипи да не можат да најдат спонзор на дресовите како Валенсија, Севиља, Атлетико Мадрид, Виљареал, бидејќи Реал и Барселона земаат од спонзорите по 30 милиони, а на останатите им нудат по 2 милиони.

-Не може терминот во 12 часот кој го воведоа од Ла Лига за азискиот пазар, да биде само за останатите екипи, освен за Реал и Барселона.

Гледаме како и Флорентино Перез заспива на натпреварите бидејќи ова е само еден досаден фудбал кога играат Реал и Барселона против останатите, и сè се сведува само на класикото кое нема секоја сезона да се игра толку често...

Затоа од УЕФА стигаат пораки дека во Шпанија нешто мора да се смени, бидејќи ако на Шпанците не им е гајле за губењето на гледаноста, бидејќи четврто пласираниот од минатата сезона и учесник во Лигата на Шампионите губи од Барселона во 48 минута 4-0, во Уефа нема да дозволат две екипи да земаат по 140 милиони, а по нив да следува еден Манчестер Јунајтед со 60 милиони.

Замислете една Барселона која зема 140 милиони, и недостасуваат пари па затоа ја прекинува вековната традиција да не носи спонзор на дресот заради профит и потпишува договор со Qatar Foundation кој ќе и даде додатни 30 милиони евра.
Што да кажат другите екипи кои земаат по 20 милиони, и неможат да најдат никаков спонзор заради биполарноста на Шпанското првенство? И после сакаме тие да можат да ги победат Реал и Барселона...

Yeah right...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Многу реален пост:cuc: но да не бараме преку леб погача.Отсекогаш Реал и Барса биле во врвот во Шпанија,еднаш на 20 год ќе излезе некоја екипа како Валенсија итн.Е сега дали од 2 или 20 коло ќе избегаат и друг проблем.Овие две екипи доминирале и во Европа во главно,а камоли во Шпанија,но проблемот и што викаш со парите и спонзорите во Реал и Барса за разлика од останатите.Тука треба да се преземе нешто дефинитвно...
Инаку горе долу и во другите лиги се се врти околу 2,3 екипи.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Никој не рече Барселона и Реал Мадрид да не бидат во врвот на Шпанија. Тоа се подразбира. Но врвот незначи секоја година првите две места да бидат загарантирани уште од првото коло. Колку повеќе одат нагоре и се одделуваат од останатите, толку побргу ќе се смени нешто во Шпанија, каде би сакале да гледаме Ла Лига кој би изгледала вака:



Реал Мадрид - 5-то, 1-во, 3-то, 1- во, 4-то место
Барселона - 2-ро, 4-то, 4-то, 6-то, 2-ро место
Валенсија - 3-то, 5-то, 1-во, 5-то, 1-во место
Депортиво ла Коруња - 1-во, 2-ро, 2-ро, 3-то, 3-то место

итн...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.605
Поени од реакции
14.438
Никој не рече Барселона и Реал Мадрид да не бидат во врвот на Шпанија. Тоа се подразбира. Но врвот незначи секоја година првите две места да бидат загарантирани уште од првото коло. Колку повеќе одат нагоре и се одделуваат од останатите, толку побргу ќе се смени нешто во Шпанија, каде би сакале да гледаме Ла Лига кој би изгледала вака:



Реал Мадрид - 5-то, 1-во, 3-то, 1- во, 4-то место
Барселона - 2-ро, 4-то, 4-то, 6-то, 2-ро место
Валенсија - 3-то, 5-то, 1-во, 5-то, 1-во место
Депортиво ла Коруња - 1-во, 2-ро, 2-ро, 3-то, 3-то место

итн...
Ај можда ќе ви се посреќи и вас ќе ве купи некој шеик па ќе престаниш да плачиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom