Ја оправдувате ли пиратеријата?

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
Член од
4 јуни 2009
Мислења
261
Поени од реакции
28
Во целост ја поддржувам, многу ми се интересни таквите ствари...:vozbud:
Али секако, да се има граница и се да биде без штета...
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Ја оправдувам. Еве и зошто...Да не би имало пиратерија, повеќето од нас немаше да дизајнираат, програмираат. Замислете колку чини еден Фотошоп да се купи оригинал. Истото е и со игрите. За една обична игра да се даваат стотици евра. Хеј, па ние не земаме по 10000 евра плата. Јас во мојов компјутер, 90 % од програмите, игрите и мултимедијата што ја имам е пиратска. И не е каам поради тоа, напротив горд сум што немам платено ниту денар за нив. Има многу поважни работи на кои би ги трошел парите.
Да ама ти си од бадијала тимот не за друго :pos::pos::pos:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ја оправдувам. Еве и зошто...Да не би имало пиратерија, повеќето од нас немаше да дизајнираат, програмираат. Замислете колку чини еден Фотошоп да се купи оригинал. Истото е и со игрите. За една обична игра да се даваат стотици евра. Хеј, па ние не земаме по 10000 евра плата. Јас во мојов компјутер, 90 % од програмите, игрите и мултимедијата што ја имам е пиратска. И не е каам поради тоа, напротив горд сум што немам платено ниту денар за нив. Има многу поважни работи на кои би ги трошел парите.
Ама види, да нема такви "будали" кои плаќаат по стотици евра за програми и игри, тие програми и игри немаше да постојат.
Па ти после во paint ќе кропаше слики, а во DOS ќе работеше.

Како можеш да бидеш горд, не ми е јасно.
Јасен е стандардот на Македонија, јасно е дека ни е потребна пиратерија, но исто така е јасно дека многу лесно таа може да уништи се што сакаме (и добиваме бесплатно).
 
Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
90

Во ред е сето тоа, но јас сакам да кажам дека ние немаме стандарди за да може да си дозволиме купување на оригинал програма или игра. Зошто да плаќам, кога може и гага да си ја имам истата програма со истите функции. Пиратеријата постоела, постои и ќе постои. Никој не може да ја сопре. Земете го примерот со игрите, кои побргу излегуваа на интернет по торент тракерите, отколку оригиналите официјално.
 
Затоа што ако сите мислат како тебе - нема да постојат програми и игри.
 
Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
90
Затоа што ако сите мислат како тебе - нема да постојат програми и игри.
Штом прават игри, програми и покрај пиратеријата, значи имаат некаков ќар од тоа. Во другите земји постојат страсни гејмери, програмери, дизајнери кои имаат поголем финансиски буџет и можат да си дозволат оригинал, а не како нас со неполни 250 евра плата да купуваме. Нема логика. Како земја на информатичари користиме бесплатен софтвер, но не е тоа "тоа". Споредете го Виндовс со Линукс.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Штом прават игри, програми и покрај пиратеријата, значи имаат некаков ќар од тоа. Во другите земји постојат страсни гејмери, програмери, дизајнери кои имаат поголем финансиски буџет и можат да си дозволат оригинал, а не како нас со неполни 250 евра плата да купуваме. Нема логика. Како земја на информатичари користиме бесплатен софтвер, но не е тоа "тоа". Споредете го Виндовс со Линукс.
Јас да имам и милиони евра, ако можам да ја добијам играта безпари, зашто би плаќал?
Бидејќи според твојот муабет, тоа е заклучокот.

Сега се вртиш на мојата поента, а тоа е дека ако имаш пари - би дал.

П.с. не навлегувај во таа дебата со Линуксот :)
 
Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
90
Јас да имам и милиони евра, ако можам да ја добијам играта безпари, зашто би плаќал?
Бидејќи според твојот муабет, тоа е заклучокот.

Сега се вртиш на мојата поента, а тоа е дека ако имаш пари - би дал.

П.с. не навлегувај во таа дебата со Линуксот :)
Линуксот го зедов само како пример. А доколку дискутираме на празно, нашата дебата би немала крај. Мојот логичен заклучок од мислењата кои ги прочитав досега вклучувајќи го и твоето е дека доколку сите имале финансиски средства пиратеријата не би постоела т.е. не би имало потреба од неа. Или пак како алтернатива истите тие програми да се поевтинат со што би се намалило нивното манипулирање односно копирање и споделување на интернетот како медиум. А се додека не се промени таа состојба, ќе има пиратерија., колку и да биде оспорувано тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
АСТРОНОМСКА ПРЕСУДА ЗА ИНТЕРНЕТ- ПИРАТЕРИЈА ВО САД
Казна од 2 милиона долари за симнување 24 песни

Американскиот суд ја осуди самохраната мајка Џејми Томас-Расет за прекршување на музичките авторски права поради симнување музика преку „Каза“, мрежа за размена на податоци...
Па можеле да ја осудат на стрелање, какви и се шансите да плати...:toe:
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
И да и не, од една страна се знае оригинал си е оригинал, и некои луѓе заработуваат од тој производ зошто вложиле труд и пари за да го создадат, пак од друга страна со оглед на нашиот животен стандард тешко дека можеме да си дозволиме да плаќаме толкави суми за нешто што можеме да го најдеме бесплатно.
Затоа не ја оравдувам, но ја користам :toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Јас ја оправдувам, но не ја користам.:wink:

Во нееднакви услови на стопанисување, пиратеријата е начин да се “израмнат условите’’. Само напред по угледот на Кина, таму не важи ни патентиран производ.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
И да и не, од една страна се знае оригинал си е оригинал, и некои луѓе заработуваат од тој производ зошто вложиле труд и пари за да го создадат, пак од друга страна со оглед на нашиот животен стандард тешко дека можеме да си дозволиме да плаќаме толкави суми за нешто што можеме да го најдеме бесплатно.
Затоа не ја оравдувам, но ја користам :toe:
Истото го мислам и јас само што јас и ја оправдувам и ја користам (понекогаш). Таков ни е стандардот и мораме да се снаоѓаме некако.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.549
Поени од реакции
28.979
едно оригинал CD шо го имам од Мараја Кери не дозволувам прашина да падне врз него.
Ама не го купив ја ми го донесоа. Ја на пример никогаш не би можела да купам оригинал, да имав некоја поголема пара у мене можеби да. Финтата е шо денеска ни пиратерија, ни оригинал не се популарни како симнување од инернет.
 
А тоа од интернет што е беспари како се нарекува?:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom