Полицаец во секое македонско училиште

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.854
Поени од реакции
23.277
Заради поефикасно справување со насилството во училиштата и поголема безбедност на децата, за секое основно и средно училиште ќе биде одговорен полициски службеник.

Tаквата мерка е дел од новиот проект наречен „Полицијата и учениците се дружат“, кој денеска го најавија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за образование и наука Панче Кралев и шефот на Мисијата на ОБСЕ, Ралф Андреас Брет. Проектот има за цел да ја подобри безбедноста во училиштата и да ја намали деликвенцијата меѓу младите луѓе.
„Проектот опфаќа околу петстотини основни и средни училишта, за кои се задолжени над 150 полициски службеници. Тоа практично значи дека учениците, нивните родители и вработените во училиштата, во секој момент ќе знаат кому да се обратат за каков било проблем, а потоа обврска на одговорниот службеник е да процени дали може сам да го реши проблемот или ќе побара дополнителна помош“, рече министерката Јанкулоска.
 
Како што знам покрај училиштето во Скопје во кое загина момчето...не се сеќавам кое училиште имало полиција во близина......
ова е нов проект на МВР да ги размрда цајканите наваму натаму........
не дека ќе спречи нешто.....
 
Добра е идејава. Само треба убаво да се реализира. Во некои школи (оние кај што често има тепачки и насилства) дури треба и повеќе полицајци да се стават.
 
Од каде тоа помодарство за се нешто да се користи зборот "проект". Него друго беше зборот, децата не верувам дека ќе се осеќаат по безбедни напротив... еве пример јас кога ќе видам полицаец не се чувствувам по безбедно, повеќе така ко шубе ми иде.. а верувам дека кај голем дел од вас ситуацијата е иста...
Туку тешко на пушачите...
 
Од која причина шубе?
 
На 8 Април годинава во средното градежно училиште Здравко Цветковски беше убиен Мухамед Јашари,ученик во истото школо.Да беше полицаец тогаш во школото ,можда Мухамед ќе ја доживееш својата матура.
Работа на полицијата е одржување безбедност и ЈРМ.Значи некој не си ја вршел својата работа.
Сега добил можда грижа на совест ( во шо искрено не вервам ) ,па ајде полицаец во секое школо.Прво нека ги расчистат сите други случаи.
 
Ај некаде може ќе дејствуваат полицајците..ама шо сум видела случаеви се тепаат на улица,а полицаецот од спротива чекаше да заврши тепачката, па појде да види шо се деси.
А и да има некаде не верувам дека ќе си ја врши работата..како шо имаше многу случаеви шо ги имаше по тв и нет.
Не дека ќе биде од корист ама ај..
 
Заради поефикасно справување со насилството во училиштата и поголема безбедност на децата, за секое основно и средно училиште ќе биде одговорен полициски службеник.

„Проектот опфаќа околу петстотини основни и средни училишта, за кои се задолжени над 150 полициски службеници. Тоа практично значи дека учениците, нивните родители и вработените во училиштата, во секој момент ќе знаат кому да се обратат за каков било проблем, а потоа обврска на одговорниот службеник е да процени дали може сам да го реши проблемот или ќе побара дополнителна помош“, рече министерката Јанкулоска.

Oвде нешто згрешени се бројките или...
 
Апла ги згрешиле бројкиве..
 
Не мора да значи дека ќе биде постигнат ефектот.

Знаеме дека имаме премногу полицајци, кои ионака по цел ден ништо не работат, само се шетаат по улиците и шутираат камења. Откако некои од овие "шетачиве" би биле поставени по училиштата, само би допринел актот до непотребни нервози кај истите луѓе, зошто баш него да го постават на место кое би можел да го работи еден обичен човек кој завршил курс за обезбедување (или поранешен портир у некоја задруга), не оти и полицајциве се нешто изнад овие.

А темава и коментарите на истата, не се баш за во образование подфорум, како што гледам.
 
Проектов е добар, замислата е добра, само уште да се реализира успешно.
Инаку не знам зошто толку негативни критики за цајканите, моментално во полицијата е построго него икад, не е како порано, сега се прават записници, евиденции што како, неверувам дека некој полицаец ќе гледа луѓе кај се тепаат не претерувајте.
 
Абе секаде има секакви..а верувај дека е точно тоа дека стојат на страна додека има тепачка, со свои очи го видов тоа.
 
Абе секаде има секакви..а верувај дека е точно тоа дека стојат на страна додека има тепачка, со свои очи го видов тоа.
Можеби, до сега таков случај не сум видел, овде во Куманово полицајците според мене многу добро си ја вршат работата освен тоа што маваат деца без кациги на мотор како да се дилери на дрога :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom