Па сакам атлетско, океј ли е понеделник да правам склекови, среда да тренирам нозе, петок пак склекови?
на претходната страна го имаа прикачено видеово..вакви *лични тренери се многу корисни* искористи ги до максимум, не само што имаш видео приказ на правилни вежби за повеке групи мускули, туку имаш правилни повторувања и рамномерно темпо..
јас ти советувам ако можеш три пати неделно да го поминуваш видото +едно слично за стомачни....
http://youtu.be/vkKCVCZe474
ова не се исцрпувачки вежби (барем не по една-две недели ако си почетник) и не гледам проблем да ги комбинираш со други групи..пример нозе како што си спомнал...или да ги раздвоиш со подолги паузи па ако треба и периоди(попладне склекови вечер нозе) од денот или цели денови како што си пишал.
не заборавај
1. исхрана!, пред се мислам на природна (никако билдерски додатоци кој на 30 години ке ти го *бат џигерот а на 40 простата) можеш да се убиеш од вежбање, ако ја промашиш исхраната ништо!
2.движи се! класична и непростлива грешка..теретани и склекови без движење..ни во филмовите не бива, еден роки на времето па трчаше човекот... трчај на стаза, вози точак или ролерки, пливај..иди на Водно..што те влече..движи се. 30 минути - 1 саат најмалце еднаш , два - ако можеш три пати во неделата.
3.дисциплина! што сакаш - што можеш! темпото на живот е фактор. ако немаш време да одвоиш барем по 40минути и соодветна дисциплина да го задржиш темпото на вежбање....ништо...сум гледал луге како се топат за 10 кила месечно и билдери кој шлајфуваат во место цел живот. нема некој златен рапсоред, некое совршено време и вежби..види процени прилагоди, за секој е различно.најди си го идеалниот микс.
равенката е многу едноставна и нема филозофија..
троши повеке одколку што внесуваш!
кога ке дојдеш до посакуваното, одржувај го тој ритам...не намалувај..не зголемувај!