Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.788
Поради случувањата на трансфер пазарот, се моли графичкиот оддел да се јави на работа :)
Потребен е нов банер.
 
Член од
31 октомври 2008
Мислења
265
Поени од реакции
41
Поли е поли-естер.Каква машина ќе биде ќе покаже времето.Ако не се лажам игра на иста позиција како Деки и Камби.Ќе видиме колку шанса ќе добива,па ќе оцениме!Туку несфатливо ми е ПАЛАСИО не одбил!
пошо и Рома е во игра за да го земе. Чудно е како Рома, има поголема трансфер активност од Интер. Ова не се случило досега. Имате проблеми во тимот, дефинитивно.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
Џенова за Паласио барала 10милиони, сепак Интер нејке да даде толку пари. Имало две опции да се позајми на една година со право на откуп или 5мил + 50% од Вивиано.
Ама Џенова барале само кеш, зш сакале да го земат Џилардињо од Фиорентина со тие пари од Паласио што ке ги земат.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.685
Поени од реакции
7.363
пошо и Рома е во игра за да го земе. Чудно е како Рома, има поголема трансфер активност од Интер. Ова не се случило досега. Имате проблеми во тимот, дефинитивно.
Кој да го земе Рома Паласио, ма нека го носат само во Интер да не го видам.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
пошо и Рома е во игра за да го земе. Чудно е како Рома, има поголема трансфер активност од Интер. Ова не се случило досега. Имате проблеми во тимот, дефинитивно.
Рома има нов газда..Италијански бизнисмен од Америка и инвестира да се создаде нова јака екипа, ама некако не им оди во тоа зш испадна во Лига Европа од БРАТИСЛАВА.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
За Паласио не се секирајте нема да ни го украдат на крај ќе дојде во Интер еве читам сега договарале со агентот во најскоро време ќе си честитаме за новите засилувања Форлан и Паласио.
Рома не се занимава со такви играчи гледам Гаго сакале да го земат.А Рома намерно испадна од ЛЕ таму победникот зема помалку од најаслабиот во ЛШ Порто лани земал 6 милиони,Италијанските екипи намерно испаѓаат од ЛЕ се концентрират во Серија А Рома цел и е оваа година ЛШ,

До кај стигнавме ни отпадоци од Реал не може да собираме.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
Незнам зш интер се зафатил само околу три играчи цело лето Тевез, Лавеци и Паласио, ко да нема други лиги и други играчи на тие позиции.
Може да се побара Adel Taarabt кој игра и како крилен напаѓач и средина. И така К.П.Ренџерс беа заинтересирани за Мунтари може да се направи некоја компензација. Други Stevan Jovetić, Gastón Ramírez, Lisandro López итн.
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
пошо и Рома е во игра за да го земе. Чудно е како Рома, има поголема трансфер активност од Интер. Ова не се случило досега. Имате проблеми во тимот, дефинитивно.
Имаме проблем најверојатно.Инаку Пандев бр. 29 во НАПОЛИ!Нека се мисли Баерн Минхен сега!
 
Член од
31 октомври 2008
Мислења
265
Поени од реакции
41
Рома има нов газда..Италијански бизнисмен од Америка и инвестира да се создаде нова јака екипа, ама некако не им оди во тоа зш испадна во Лига Европа од БРАТИСЛАВА.
да ја гледаше утакмицата, да видеше Енрике со кои играчи играше и кои играчи ги вадеше и ставаше, ќе ти стане јасно зашто испадна. Не е за оправдување, ама сепак, толкав е капацитетот на Вере, Капрари и Окакачука.
А не знам што сте се залетале и по Тевез, и да дојде, ќе поседи една година кај вас и ќе рече дека е разочаран од фудбалот, дека немал што повеќе да игра, ќе се пензионирал, ќе шири негативна атмосфера во клубот, ќе збори дека сака да се врати во гетото во Аргентина, пошо многу му фалело. Пуста туѓина.:)
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Незнам зш интер се зафатил само околу три играчи цело лето Тевез, Лавеци и Паласио, ко да нема други лиги и други играчи на тие позиции.
Може да се побара Adel Taarabt кој игра и како крилен напаѓач и средина. И така К.П.Ренџерс беа заинтересирани за Мунтари може да се направи некоја компензација. Други Stevan Jovetić, Gastón Ramírez, Lisandro López итн.
За овие што ги наброја треба пари Интер моментално коленичи бара на позајмици.Најмногу што дават е 5 мил + 5 играчи.
За овој Гастон Рамирез Болонја бара 15 мил,Јоветич испод 20 не го дават Лисандро и тој е над 20.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
А Рома намерно испадна од ЛЕ таму победникот зема помалку од најаслабиот во ЛШ Порто лани земал 6 милиони,Италијанските екипи намерно испаѓаат од ЛЕ се концентрират во Серија А Рома цел и е оваа година ЛШ,
Нема везе ова што го кажа...која е екипа сака да испадне од Лига Европа или Лига на Шампионите...со тие такмичења повеке играчи се заинтересирани за тие екипи. Рома ке изгуби многу пари од тоа што испаднаа, зш тогаш и спонзорите си бегаат ако не се такмичиш никадее во европа, потоа од дуелите што ке ги играше во Лига Европа колку пари ке инкасираа од карти итн.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Како нема врска има Лига Европа ти кажав Бате Борисов ќе земе дупло повеќе од победникот во Лига Европа.
Рома сака да се концентрира на Серија А големите екипи од силните првенства не им се игра во Лига Европа ЛШ е друго.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.685
Поени од реакции
7.363
Значи Тотенхем.Атлетико Мадрид... се будали што играат во ЛЕ?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.993
Поени од реакции
16.435
Значи Тотенхем.Атлетико Мадрид... се будали што играат во ЛЕ?
Немаат амбиции за домашно првенство тие, за тоа мака мачат во ЛЕ :D

Иначе денеска кој е на ред да го земиме?:icon_lol:
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
Дечки и јас нејќам да дојде Паласио, ама ко ке видиш не е толку лош , колку ние го правиме и не го сакаме.
Лани ни даде гол и асистираше за вториот гол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom