Системи, системи

  • Креатор на темата Креатор на темата Red_Lion
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 август 2011
Мислења
65
Поени од реакции
23
Возраст
43
The major difference between a thing that might go wrong and a thing that cannot possibly go wrong is that when a thing that cannot possibly go wrong goes wrong it usually turns out to be impossible to get at or repair.

Douglas Adams


Да поченеме со денешниот, Капитализам. Проблемот со капитализмот е што неминовно води кон уништување на планетата, поточно кон уништување на условите за живот, а со тоа и со крај на човештвото. Ова се должи пред се на неводењето сметка за природата и филозофијата на капитализмот дека профитот е најважен, а ресурсите се безлимит.

Социјализам звучи примамливо. Но во услови кога една влада раководи, и во услови на напредна технологија, и во услови на човековата природа која има и негативни страни како алчност, желба за доминација и моќ многу лесно може да се случи ваков систем да отиде на лошо, а во тој случај ќе биде практично невозможно да се сопре или смени.

Либерален Капитализам. Ваков систем е предодреден да тргне на лошо пред се поради филозофијата на капитализмот „профит пред се“. Либерален Капитализам е нешто како без-владин капитализам, значи без влада да регулира контролни тела за контрола на цени и слично што треба да биде за заштита на граѓаните. Знам, некој ќе рече, па и сега има регулаторни тела ама тие си се како гз и гаќи со капиталистите па народот пак не гледа фајде од тоа. Да тоа е донекаде точно, ама колку толку тие регулаторни тела се грижат да не бидне се премногу скапо, а кога нив би ги немало тогаш нема ниту никаква регулација што води до пљачка и поробување на народот со скапи кредити, скапи камати, скапи цени за се и слично.

Анархија. Немонетарен систем без влада и без никаква контрола. Некој ќе рече лудило, хаос. Лудило и хаос. Баш како денешниов систем во кој живееме или било кој од горенаведените системи.


Резиме: Лошо ни се пишува.
 
И што со темава? Ни објасни што се државните системи и се што? Дообјасни се, што сакаш со темава.
 
Анархија. Немонетарен систем без влада и без никаква контрола. Некој ќе рече лудило, хаос. Лудило и хаос. Баш како денешниов систем во кој живееме или било кој од горенаведените системи.

Резиме: Лошо ни се пишува.
Многу лошо си го дефинирал терминот анархија, пази ваму (едно кратко дообјаснување :P)
Анархија е облик на опшествено уредување во кое се настојува да се анулира секоја форма на наметнат авторитет. Анархистите веруваат во човековата природна способност на самоконтрола. Постоењето на опшествени правила и договори априори не се исклучува во ваквии опшества, битно е тие правила и договори слободно да ги одреди и прифати заедницата на која истите се однесуваат и да не се наметнати одозгора, како што се случува во опшества каде едни луѓе имаат поголема моќ од другите,
за тоа каков ни е денешниов систем имам премногу да зборам, зошто сум премногу гневен ама тоа ќе го оставам за друг пат , а за резимето во право си :)
 
Па дискутирајте, што би сакале вие? Како да се спречи евентулно робовладетелство итн.

Понетата е да се искажат ставови.

Јас би преферирал идеи.
 
The major difference between a thing that might go wrong and a thing that cannot possibly go wrong is that when a thing that cannot possibly go wrong goes wrong it usually turns out to be impossible to get at or repair.

Douglas Adams

Да поченеме со денешниот, Капитализам. Проблемот со капитализмот е што неминовно води кон уништување на планетата, поточно кон уништување на условите за живот, а со тоа и со крај на човештвото. Ова се должи пред се на неводењето сметка за природата и филозофијата на капитализмот дека профитот е најважен, а ресурсите се безлимит.

Социјализам звучи примамливо. Но во услови кога една влада раководи, и во услови на напредна технологија, и во услови на човековата природа која има и негативни страни како алчност, желба за доминација и моќ многу лесно може да се случи ваков систем да отиде на лошо, а во тој случај ќе биде практично невозможно да се сопре или смени.

Либерален Капитализам. Ваков систем е предодреден да тргне на лошо пред се поради филозофијата на капитализмот „профит пред се“. Либерален Капитализам е нешто како без-владин капитализам, значи без влада да регулира контролни тела за контрола на цени и слично што треба да биде за заштита на граѓаните. Знам, некој ќе рече, па и сега има регулаторни тела ама тие си се како гз и гаќи со капиталистите па народот пак не гледа фајде од тоа. Да тоа е донекаде точно, ама колку толку тие регулаторни тела се грижат да не бидне се премногу скапо, а кога нив би ги немало тогаш нема ниту никаква регулација што води до пљачка и поробување на народот со скапи кредити, скапи камати, скапи цени за се и слично.

Анархија. Немонетарен систем без влада и без никаква контрола. Некој ќе рече лудило, хаос. Лудило и хаос. Баш како денешниов систем во кој живееме или било кој од горенаведените системи.

Резиме: Лошо ни се пишува.

Ах другар, ме испровоцира премногу. Ако нешто највеќе ме повреди овде е дефинирањето на поимот АНАРХИЈА. Знаеш ли воопшто што е тоа Анархија? Зошто сите го споредувате со хаос? Анархијата е светлосни години оддалечена од човекот, знаеш зошто? Заради тоа што ја сфаќаат како тебе, како лудило и хаос. Анархијата е слобода друже. Не таква слобода како што вие замислувате, ама ве оправдувам...патем човекот секогаш гледал да искористи нешто за лоши намери, па така и ова. Анархијата претставува еднаквост на сите. Не е битно дали татко ти е директор на некоја фирма, а татко му на некој друг чисти чевли по битпазар...во анархијата тие ќе бидат ЛУЃЕ, а не директор и чистач на чевли, претседател, судија и незнам што. Никој нема апсолутно никакво право да управува со нечиј живот (што денес ни се случува, сите сме робови на парите). Кога човекот ќе има доволно голема самосвест за да сфати дека сите се исти и дека не постои платежно средство на кое треба да му се поклонува, тогаш може да се размислува за анархија. Засега тоа е светлосни години...ма не бре. Парсеци и парсеци оддалечено од нас.
 
Еднаш Фантом рече...за овој народ треба 6 дена бензин да врне и на седмиот гром да падне.
У прао беше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom