The major difference between a thing that might go wrong and a thing that cannot possibly go wrong is that when a thing that cannot possibly go wrong goes wrong it usually turns out to be impossible to get at or repair.
Douglas Adams
Да поченеме со денешниот, Капитализам. Проблемот со капитализмот е што неминовно води кон уништување на планетата, поточно кон уништување на условите за живот, а со тоа и со крај на човештвото. Ова се должи пред се на неводењето сметка за природата и филозофијата на капитализмот дека профитот е најважен, а ресурсите се безлимит.
Социјализам звучи примамливо. Но во услови кога една влада раководи, и во услови на напредна технологија, и во услови на човековата природа која има и негативни страни како алчност, желба за доминација и моќ многу лесно може да се случи ваков систем да отиде на лошо, а во тој случај ќе биде практично невозможно да се сопре или смени.
Либерален Капитализам. Ваков систем е предодреден да тргне на лошо пред се поради филозофијата на капитализмот „профит пред се“. Либерален Капитализам е нешто како без-владин капитализам, значи без влада да регулира контролни тела за контрола на цени и слично што треба да биде за заштита на граѓаните. Знам, некој ќе рече, па и сега има регулаторни тела ама тие си се како гз и гаќи со капиталистите па народот пак не гледа фајде од тоа. Да тоа е донекаде точно, ама колку толку тие регулаторни тела се грижат да не бидне се премногу скапо, а кога нив би ги немало тогаш нема ниту никаква регулација што води до пљачка и поробување на народот со скапи кредити, скапи камати, скапи цени за се и слично.
Анархија. Немонетарен систем без влада и без никаква контрола. Некој ќе рече лудило, хаос. Лудило и хаос. Баш како денешниов систем во кој живееме или било кој од горенаведените системи.
Резиме: Лошо ни се пишува.