Веројатно некои од вас успеа да го видат Македонски хералд. Ме интересира како ви се допаѓаат почетните предлози за грб и знаме, ако може од чисто од естетска и идејна природа, без да преовладува нападот врз Грчев, кој сепак е автор на најдобриот предлог за грб на РМ, кој за малку ќе беше избран, оној што подоцна го зеде СМК, кој потоа го постави и на друг штит Петров како симбол на партијата што ја формира.
jonovski, пак ќе се повторам и ќе ти посакам се најдобро во работата и промоцијата на македонските хералдички вредности, арно ама јас не можам ни под разно да седам и давам некакви си мислења и споделувам впечатоци за тоа кои предлози од перото на мистер Грчев ми се одпаѓаат или не за наши национални симболи, божем е ова пазар па ќе се наддаваме сега кој колку, како, што...
Без лутење, ама ете јас не можам да поминам туку така преку ЗЛО-делото на Грчев, и пред се на неговите наредбодавци, еден од директните кои убаво си го посочил во текстот, а гледам и Македонцки го потенцирал во својот пост тука.
Сепак се наоѓаме на под-форум кој се нарекува ИСТОРИЈА, и мене живо ме интересира да се расчистат овие не така дамнешни случувања за да нема дилеми за во иднина кој, како, зашто и кога, ги сторил работите што ги сторил, а се сврзани со македонското знаме и грб.
И тука освен домашниве шушумиги, за чие делување во тој период најубаво прилега мислата на Гоце Делчев, дека: "Тешко да има народ кој толку многу да трпел од своите синови изроди, колку македонскиот.", не мала улога игра и надворешниот фактор. Пред се Грците, арно ама и други заткулисни играчи, како на пример Сорос и неговите позајмици со услови и "добронамерни сугестии" околу знамето во тоа време како што самиот си потврди мистер "Драматург", пардон, Владе Милчин на почетокот во интервјуто кај Оливерчето Трајковска во нејзината Вин-Вин од ноември 2010.
Според тоа мистер Грчев е само финалниот егзекутор на глупоста наречена "еве ви знаме и делови од нашиот устав" во замена за едно големо НИШТО, и симнување на по сите светски нишани ПРОТИВ-ПРАВНОТО и ГЕНОЦИДНО-КРИМИНАЛНО ембарго..!
Арно ама и тука, во твојов магазин пак имаме обид за една бескрупулозна шашма и гнасна ЛАГА!
Имено, човечето ти рекло (не знам дали си го интервјурирал или ти пратил допис, се надевам сам ќе ни кажеш) цитирам:
"Графичките решенија на државното знаме и државниот грб, изработени во еден примерок - како макети,
му ги предадов на Претседателот на државата Киро Глигоров на 4 октомври 1995 година, ден пред закажаната седница на Собранието на РМ на која тие требаше да се усвојуваат."
Молаааааам..?!??
Киро Глигоров едвај преживеа атентат извршен врз него предходниот ден на 3 Октомври, а овој демек му ги предал неговиве предлози утредента на 4-ти Октомври 1995..?!?
Па добро бе луѓе, има ли некој нормален и саглам во оваа држава или мислите дека сите пиеме нафта за добро утро..?!?
Или може очекувате да поверуваме дека тимот хирурзи специјално прекинаа со својата работа на
ОСТАТОЦИТЕ ОД МОЗОКОТ И ВГРАДУВАЊЕ НА ВЕШТАЧКО ОКО врз својот пациент Киро Глигоров, за да му дозволат на мистер Грчев да му ги покажува своите предлози за ново знаме и грб..?!?
Затоа jonovski, би те замолил ако го имаш интервјуво на аудио или видео лента да го приложиш тука или било каде за да не се заборави овој невиден обид за манипулација и ЛАГА од страна на Грчев!
Или ако ти е предадено во допис, скенирај го и приложи го оригиналот (се надевам има потпис)
А јас за да не ја узурпираме оваа ќе отворам друга тема за збиднувањава околу смената на знамето, и таму ќе расчистиме (се надевам) некои работи што не им се јасни на многу луѓе.
Бива?