Кои глупости ги изначитав не ми се верува... со 18 години се трошело 1000ка во ден.. :О Јас имам 18,и највеќе што сум потрошил во моиве 3-4 години искачање било 600~700 денари (кафич,дискотека,частење женската и јадење после дискотеката) ... Еве утре ќе искачам у хавана, имало драм енд бејс до 1 -.- ... али не ми е битно до колку е битно јако да е,и би искочил со 300 ден,а не верувам толку дека би потрошил..пешадијата до хавана, и после тоа пешадијата назад, иначе пари не стигнуваат бе братче. Не пијам алкохол,евентуално 1 спрајт по дискотекиве и пак се жалат како многу сум трошел.. муабетиве за 1000-3000 дека било нормално за млад човек да троши фрлете си ги у канта, може да троши така некој што има 1500 евра примања а не 600-700... Незнам кај го внесовте годишниот одмор, парите за бензин низ цела година, парите за цигари (ако има пушачи фамилијата), јадење,сите сметки (вклучувајки интернет,кабловска итн), факултет, книги, по некоја слава/роденден, частење, нова година итн? Јас на пример да им речам дома „Еј мамо дај ми 1500 денари ќе искачам јас“ прво ќе ми се изнасмее у фаца, а после тоа кога ќе види дека сум сериозен, со тие 1500 ќе ми плати психијатар... И јас можам да си трошам парички бе, демек тешко е да си трошиш? Ама кога си трошиш туѓи...веќе дури срам ми е да им барам,си трошам од своите зачувани пари... и за цените, СКАПО Е ! Дефинитивно е скапо, не љокам по 10 пијачки у вечер, си пијам 1 и тоа спрајтче,влезот +, НЕ ДАЈ БОЖЕ ТАКСИ пу пу, и пак 300 ќе ти летнат како ништо,ако не и повеќе..зошто ќе треба и да јадеш нешто после дискотеката,онака за да не умреш од патот пешки накај дома...