Превисоките цени

I

Ivanovska

Гостин
Е што скапи, ич не се скапи. Се ви е на вас скапо. -.- Да не ве тераат кусур да враќате од парите за излез или џепарлакот? -.-
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Најефтино ти е кај Филозовски во бифе 30 денари скопско точено 0.33 хуху
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Angels е ок место, цените се пристојни за „елитно“ кафуле... како и да е. Инаку во Штип има кригла точен даб за 50 денара, Stella Artois за 80 во еден одличен паб/кафуле Версај позади трговски. Инаку цените во споредба со Скопје се далеку поефтини, има места кај за 30 денара имаш капучино (и тоа одлично), скопско 0.33 е 40 денара, а башка ти даваат и табла за играње :) Есенскиот попуст беше во Џез арт клуб, еспресо беше 20 денари, топло чоколадо 30, апла џабе беше.

За јадење, пастрамајлија голема оди од 120 до 150 денари, а богами од тоа јадење не мрдаш цел ден. :) Обично со тоа се пие вино, греано, чаша е скоро секаде 50 денари.
Подцртаното во цитатот се однесува на градот. Кафулето е можеби „елитно“, но градот не е и не може да биде. Значи, и локациите во тој град не се со толку висока цена како во Скопје.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Не можам да сфатам како може во Несебар туристичко место во Бугарија и Сончев брег, кај што врие од англичани, норвежани, велшани, германци, данци кригла да е 1 лев 30 денари, а кај нас 100-140?? каде е проблемот, па кај нас да има толку туристи ќе го направат 500че пивото
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Е што скапи, ич не се скапи. Се ви е на вас скапо. -.- Да не ве тераат кусур да враќате од парите за излез или џепарлакот? -.-
Види, не сите имаат над 500 евра месечни примања.
Факт е дека ми е прескапо да идам да се начукам у дисоктека/кафич. Од 1000-3000 треба да носам за да си поминам онака, океј.
А 1000 на вечер ми е премногу.
 
I

Ivanovska

Гостин
Види, не сите имаат над 500 евра месечни примања.
Факт е дека ми е прескапо да идам да се начукам у дисоктека/кафич. Од 1000-3000 треба да носам за да си поминам онака, океј.
А 1000 на вечер ми е премногу.
Да се начукаш? А ти излегуваш за да се начукаш во кафич? Епа чукај се кога си решил мада тоа е мн глупо, ама немора да се чукаш со џек и чивас за да си поминеш убаво. Уствари немораш воопшто да се чукаш за да си поминеш убаво бидејќи така ќе си поминеш лошо, ама твоја одговорност си е тоа. :D Иначе 1000 на вечер не е премногу за млад човек, ја трошам од 1000 до 3000 што за сок, што за бензин, што за хамбургерче од мекдоналдс, што за некој концерт, што за частење на другарките (другарите нејќат да прифатат, се прават нешто фраери :P) и летнуваат парите. :D Кога не частам јас помалку трошам. Ама па и ова не е секоја вечер, али 1000 секоја вечер кога излегувам ми лета. Така да да се вратиме на муабетот, 1000 за млад човек не е премногу.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.781
Поени од реакции
12.247
Само 10 пати месечно (петок и сабота) по само петстотче такси, 2-3 пива ова она...(не може секој да иде со точак ни пешки, не живееме сите у центар ни до кафичи, ниту во безбедни населби) се 5 илјади, ако излезе и преку недела се 7500. А со две деца...а со проектот трето дете? А камо за мајка и татко да испаднат еднашка у кафанче на пиво, вотка, сок, нели души се и тие...? А тек со пресметките од иљадарка за искачање...џигер.
Баш би сакал некоја пресметка од оние што не им е скапо...како просечни примања ќе се изборат со вакви трошоци. Можи ќе научиме некоја магија.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Иначе 1000 на вечер не е премногу за млад човек, ја трошам од 1000 до 3000 што за сок, што за бензин, што за хамбургерче од мекдоналдс, што за некој концерт, што за частење на другарките (другарите нејќат да прифатат, се прават нешто фраери :P) и летнуваат парите. :D Кога не частам јас помалку трошам. Ама па и ова не е секоја вечер, али 1000 секоја вечер кога излегувам ми лета. Така да да се вратиме на муабетот, 1000 за млад човек не е премногу.
Само да прашам, ти ги печалиш парите или мама и тато? 1000-3000 не биле многу за едно искачање. Ја со солидна плата па срце ме боли коа ќе пукнам 1500 за искачање со девојка ми у кафана пошо знам колку дена рмбање ми се тие пари.
 
I

Ivanovska

Гостин
Само 10 пати месечно (петок и сабота) по само петстотче такси, 2-3 пива ова она...(не може секој да иде со точак ни пешки, не живееме сите у центар ни до кафичи, ниту во безбедни населби) се 5 илјади, ако излезе и преку недела се 7500. А со две деца...а со проектот трето дете? А камо за мајка и татко да испаднат еднашка у кафанче на пиво, вотка, сок, нели души се и тие...? А тек со пресметките од иљадарка за искачање...џигер.
Баш би сакал некоја пресметка од оние што не им е скапо...како просечни примања ќе се изборат со вакви трошоци. Можи ќе научиме некоја магија.
Првин кажи кои ти се примањата, па после да ти кажеме како ние би се избориле со тие примања. А пошто примањата си се нели приватна работа и нормално нема да кажеш (таков ни е менталитетот во Мк) тогаш не барај да ти кажеме како би се избориле.

Шејм он ми, сега видов дека си напишал просешни примања. Извини, моја грешка. Епа вака. Во државава просечна плата мислам дека е 400 евра. Значи 400 евра од едниот и 400 евра од другиот тоа се 800 евра месечно. Е сеа од тие ќе одделиш за сметките (зависи тука колку секој троши) ама еве нека бидат 200 евра за сметки. Остануваат 600 евра. За храна зависи што ќе купуваш месецот ама нека отидат еве 300 евра. Остануваат 300 евра за трошење по твој кеиф. На тебе останува дали ќе си купиш нешто на пример една мајца е 50 евра од најк, адидас е сеа ти ќе купиш повеќе и еве нека останат 150 евра за излегување. Во месецот има 4 недели значи 4 пати излегување по 3000 денари тоа е скоро 200 евра ама ќе се стиснеш малку и ќе потрошиш помалце нели како викаат колку што ти е долга чергата, толку ќе си ги пружиш нозете. И место 200 ќе потрошиш 100 и ете ти 50 евра за уште една мајца од најк адидас пума итн.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Остануваат 300 евра за трошење по твој кеиф. На тебе останува дали ќе си купиш нешто на пример една мајца е 50 евра од најк, адидас е сеа ти ќе купиш повеќе и еве нека останат 150 евра за излегување. Во месецот има 4 недели значи 4 пати излегување по 3000 денари тоа е скоро 200 евра ама ќе се стиснеш малку и ќе потрошиш помалце нели како викаат колку што ти е долга чергата, толку ќе си ги пружиш нозете. И место 200 ќе потрошиш 100 и ете ти 50 евра за уште една мајца од најк адидас пума итн.
Не срцка, во голема заблуда си... Остануваат 300 евра за преживување. Ко веќе бројш маж и жена (заедница) тогаш математиката сведи ја на нешто вакво. Секое семејство има барем еден автомобил и две деца. Одземи тука трошоци за автомобил, трошоци за школарина за деца (ако се мали памперси тинтири минтири не ти клавам), трошоци за нешто да подновиш дома еднаш годишно... И ќе ти остани 0 за трошење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom