Првин кажи кои ти се примањата, па после да ти кажеме како ние би се избориле со тие примања.
Шејм он ми, сега видов дека си напишал просешни примања. ..
Затоа и не прашав пошто во најмала рака е неучтиво во било која поцивилизирана земја, да прашам некого за приходи

Елем, просечна плата е 21 илјада денари што би било негде 680 евра (ај 700) во некои услови на двајца вработени. Остануваат 500 евра
Но да не ситничариме, нека се и 800. Без да пресметуваме ние,
синдикатот пресметал дека за основни потреби треба да се издвојат 500 евра, 31 илјада денари. Пресметката е направена за семејство без автомобил и за најосновните трошоци (на пример за здравство се трошат просечно многу повеќе од 500 денари месечно, превозот со автобус исто така чини повеќе од 2300 денари односно 3500-4000 денари за превоз на тројца
скоро исклучиво со автобус). Битен момент е и овој дел од анализите на синдикатот, дистрибуција по висина на плати
„Ако направиме дополнителна анализа ќе видиме дека само 9,1 отсто од вработените имаат плата од 21.000 до 30.000 денари, а само 2,3 отсто имаат плата над 30.000 денари“, изјави Митревски.
остатокот од 88% најверојатно е под 21.000 денари.
Дури и да претпоставиме дека остануваат 300 евра, со истите треба да се наполни гориво (1 резервоар чини околу 2500 денари), да се регистрира и одржува возилото, да се има дел за поправка на апарати за домаќинството, инсталација и други одржувања во домот, да се платат давачки за школо, факултет, да се тргне макар на излет макар 1-2 пати во годината до Маврово, Берово, Козјак...да се даде како што велите џепарац кој достига висина од 5-7 илјади месечно само за едно дете (да не ситничарам 2 пати неделно по 500тче ете нека се 4000 денари х 2 = 8.000 денари)...и така натаму. Казните и дополнителните непланирани издатоци овде не ги ни сметам пошто е незамисливо и да се платат регуларно.
на пример една мајца е 50 евра од најк, адидас
вакво нешто кај најголемиот број семејства е одамна заборавено. Можеби неик или абидас земаат од пазар или поефтини продавнички, но најк...е најчесто недостижна роба за тие семејства.
Но под претпоставка дури и да лажеме за примањата (иако ујп постојани врши контрола), ај да кажеме дека реално се многу поголеми...се прашувам која е причината за овие состојби со задолженоста
Граѓаните се полошо управуваат со парите. Според Народната банка задолжувањето на граѓаните и компаниите продолжува да расте, а зголемен е и бројот на лошите пласмани на деловните банки.
СЕ НАТРУПУВААТ ДОЛГОВИТЕ КОН ФИРМИТЕ И БАНКИТЕ
Секој граѓанин задолжен со 1.300 евра за државата
податокот за 1300 евра се однесува на март 2010, сега во мај 2011 долгот е пораснат и изнесува
Секој вработен Македонец должи по 2.400 евра за кредит.
Вкупните долгови на граѓаните и на фирмите кон банките изнесуваат околу 3 милијарди евра, од кои 1,1 милијарда евра должи населението. Во просек излегува дека секој вработен граѓанин (450.000 кои ги регистрира УЈП за кои се плаќаат придонеси) им должи на банките по 2.444 евра, односно едно четиричлено домаќинство со двајца вработени должи околу 5.000 евра во банка за кредити.
И кај сме сега тука ние родителите у оваа забава, прошетки, облека, џокинг, факинг ролинг, муви, тиатар адр перформансес енд плежр...или фрли све тоа над 40 у старо железо

па затоа бе опасна затупавевме као луѓе