П
Паган-др
Гостин
Снимањето на „Трето полувреме“ почнува на 10 септември
Филмот “Трето полувреме” на Дарко Митревски конечно ќе стартува со снимање.
Иако со изменет актерски состав сепак оформен од 10-ти септември, целата екипа започнува со снимање на првата клапа и тоа во Охрид.
Потоа продолжуваат во Битола, па на крај во Скопје. Главната женска улога во историската драма ќе ја игра најпознатата македонска манекенка, Катерина Ивановска а нејзин партнер нема да биде досега најавуваниот српски актер Сергеј Трифуновиќ, туку Сашко Коцев.
Митревски задоволен што има екипа која отсликува спој од искуство, зрелост, талентираност и младешки ентузијазам.
- Ова е фудбалски филм, а режисерот е како селектор. Во фудбалот, како и во филмот има големи играчи и тимски играчи. Големи се оние кои знаат да играат тимски, инаку го загрозуваат успехот. Оваа екипа ќе дава голови. Старата слава не помага, одново требаат нови голови. Тоа важи и за мене, па и за него, рече Митревски одговарајќи на новинарско прашање за најновата одлука.
И главните ликови задоволни од соработката со Митревски.
- Во „машката“ екипа се чувствува како Снежана со многу јунаци и дека и е чест првпат да учествува во филм со актерска елита - изјави Катерина Ивановска, главна женска улога во “Трето полувреме”.
- Ангажманот дојде случајно и нема да ги изневерам очекувањата на режисерот - нагласи Сашко Коцев, кој ја толкува главната машка улога во филмот.
Филмот ќе се реализира со средства од Владата, Филмскиот фонд и Шпаркасе банка.
Приказната потекнува од 1942 година и е базирана врз вистинска случка на фудбалскиот клуб “Македонија”, кој бил воден од еврејскиот тренер Шпиц. Со негова помош тимот успева да го освои шампионатот на тогашната фудбалска лига на фашистичка Бугарија.
По казна тренерот е пратен во концентрационен логор, а фудбалерите од тимот успеваат да го спасат од возот кој го носел во Треблинка и го препраќаат во Албанија, каде што се крие неколку години.
Елена Бошковска
извор