Актерот Сашко Коцев ја добри главната улога во Трето Полувреме
Митревски завчеравечер ја собрал актерската екипа и на Коцев му ја понудил главната улога, за кого ова ќе е прва голема улога на филмското платно.
- Уште не ми се верува. Сега ме очекува многу повеќе работа зашто од позиција одбрана, ќе станам напаѓач и капитен. До кај 10 септември, кога ќе почне снимањето, треба уште многу повеќе да научам за фудбалот.
Добро е што се уште не ни е почната театарската сезона и можам целосно да и' се посветам на улогата.
Среќен сум за проектот зашто е целосно посветен на Македонија - вели Коцев.
Негова партнерка во филмот ќе биде манекенката со светска кариера Катарина Ивановска. Коцев вели дека ја познава од поодамна и се надева дека ќе имаат одлична соработка на снимањето.
- Таа е многу професионална. Манекенството, односно да се биде модел, само по себе бара да знаете да играте со камерата, затоа убеден сум дека ќе имаме одлична соработка. Митревски е професионалец кој знае многу добро да работи и да ги избере актерите и не се сомневам дека ќе имаме успех - смета Коцев
.
Коцев досега играше во словачки филм, имаше епизодна улога и во "Ова не е американски филм", а влезе и во актерската екипа на филмот "Приказна за Дивиот Исток" на Столе Попов, кој ќе почне да се снима напролет