Сакам да дадам едно мое гледање на работите за некој мислењеа со се напишани овде од некој форумџии околу странците во екипата или таканаречените "засилувања" (
со чесни исклучоци на некој форумџии)
Секој си има свое мислење, со тоа се сложувам, но зошто не се почитуваме сами ние македонците?
- Зошто мора да "свршваме" на некој странец ко ке дојди како потенцијално засилување во екипата?
- Зошто не се почитува она нашето што го имаме?
- Свртете некоја страница наназад од форумот и ке се најдат стотина коментари од типот "Кодор најдоброто засилување кое е дојдено во Пелистер во последните десетина години" "Со Блечич ке растураме, екстра бек" "Пикерот (украинецот) е карпа, нема играч со можи да го помини во одбрана"....
- Сега од ко заминаа коментарите од истите тие со ги величеа се "Ѓуптинот арно шо си замина, не е за Пелистер" "Пикерот не го бива, Папата е поарен".... што значи мислењето се менва во час.
Јас се сложвам, а тоа и претходно го истакнав во мислењата мои дека ни Кодор не беше играч за Пелистер бидејки немаше да поможи, ни Украинците не се за Пелистер, а ако ме прашвате ниту овај Мамич е засилување какво што му треба на екипата. За Блечич мислам дека е многу скап играч за Пелистер (се спомнува за цифра од 5-6 000 евра месечна плата додека играше во Металург) и не некој кај што оставил некој огромен впечаток во некој тим кај што играл. Во Данска бил некоја година ама не оставил впечаток, во Металург уште помалце. За клиповите што се поставени овде не ни треба да ни даде некое мислење за каков играч се работи бидејки од 10 години што играл, ваљда ке најди 10 гола некој поатрактивни и ке ги стави на ЦД и ке направи видео клип
Единствено што ме бендиса е тоа што 99% од мислењата се сложни околу Мајнов, дека е тапа играч
Јас сум убеден дека базата на играчи ја имаме. Таа е составена од Митевски, Димитровски, Пинки, Митревски, Везенковски (МАКЕДОНСКИ ИГРАЧИ)... играчи кој играа минатата сезона и кој што според мене беа најдостоен противник на Металург и Вардар во последните 3-4 години. Овие се тие играчи кој што изгубија 1 разлика во првенството од Металург, 2 разлика за купот, нерешено со Вардар. Сите знаеме на кој начин стигна Металург до купот во финалето и каква мака имаше со Пелистер. Таа е екипата што во 2 утакмици прими 40 гола од Металург, а даде 37 на најдобрата екипа. Тие се играчите кој што на моменти му ја скрија топката на Металург и го оставија срцето на теренот. Тие играчи треба да ги негуваме зато што веќе ги имаме. Истото можам да го кажам со Вардар. Посебно во последните 5 минути имаше смешни одлуки на судиите во полза за Вардар со цел да стигни барем до бод...
Е сега тие играчи се ок или не чинат, не ги бива, а овие што идат се екстра играчи и ке ни ја донесат титулата во Битола (многу од форумџиите знам дека го имат ова мислење)
Како што напоменав, базата ја имаме, овие играчи треба да ги цениме што ја играа минатата сезона затоа што навистина кога требаше изиграа одлично. Требаше да се надполнат со 2-3 искусни играчи и плус да се земи уште 2-3 играчи кој што представуваат иднина на мак ракометот. Со тоа базата на играчи само ке се надополнува и ке се менува постепено со текот на годините. Така прави Металург, така прават и останатите големи екипи. Ако тргниме по рецептот на Вардар да земаме странци кој што не вредат ни 5 пари, и од нив да очекуваме да ни донесат радост во градот (да не речам титула) ништо не прајме, а нејкам да бидам песимист ама како што гледам така и тргнавме.