Точка.com.mk - „хакната“

  • Креатор на темата Креатор на темата Crypter
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@ bilbil
Пријателе, тоа што беше објавено на Електрично Магаре во врска со Точка беа практично информации од јавен карактер. Дечкото кој ги доби информациите воопшто не ни вложи којзнае колкав труд. Ако го погледнеш законот за заштита на лични информации, ќе видиш дека сопственикот односно обработувачот е должен да примени соодветни мерки за заштита на тие информации. Ако одиме во real-life аналогија, ова ти е исто како телевизорот да го оставиш на сред улица, и после да го тужиш оној што го "украл". Верувај ми, знам 2-3 работи за овие закони. На суд планирам да излезам со задоволство (доколку имам среќа да се отвори парница) затоа што баш сакав некаде за нова година да купам нов мотор, а покус сум 2000 евра за да го земам. Жал ми е што на овој начин треба да ги заработам, ама на крај краева ако некој со сила ми ги бута во џеб, зошто да го одбијам?

Што се однесува до мојата лична одговорност во случајов, јас всушност немам никаква поврзаност. Јас не го ни водам сајтот. Едноставно ги плаќам трошоците, на сајтот сум сосема обичен член, мојот збор е еднакво гласен како и на секој друг член. Не постои администратор, супериорен, инфериорен - сите се исти. Сепак, јас им имам ветено на членовите дека ќе застанам во нивна заштита без разлика во која околност, и не планирам тоа ветување да го прекршам. Целата одговорност ќе ја превземам, а како и што ќе биде понатаму - јас си знам.

За сите што ја нудат поддршката на Електрично Магаре, ја имате нашата благодарност. Нашите постапки се целосно добронамерни, пријателски и племенити но и историјата сведочи дека во Македонија добрината е честопати дочекана на нож. Сепак тоа нема да не оттргне од мисијата.
Ме боли к*р дали ми е телевизорот на сред улица, дур е мој не смееш да го пипаш.
Каде со ваков став бе дечко?
 
не бе какво бришење. како инаку ќе не научиш како да правиме бомби

направете сајт со совети за подобрување на безбедност, новости за нови пропусти за разни CMS со закрпи за нив итн.
не сајберкриминал, лоши идеи, измами, а од друга страна викате подобрувате безбедност

Си имаат они се на сајтов, само нема кој да прочита. Башка тоа што ги предупредуваат сите по меил или телефонски, а пак се игнорирани.
 
@CileMile

Електрично Магаре не е форум за интернет безбедност, туку е директориум на знаење. Нашата цел е да имаме што поразлични информации од секаков можен карактер. Ако забележа, на форумот имаме од бомби до ќофтиња, од снајпери до дворски столчиња. Сајберкриминалот е само еден сектор во групата. Дел е етички, дел е пиратски, дел е блек хет. Работата е што Македонските сајтови се инволвирани само во етичкиот дел. Никој не нанесува штета на Македонски сајтови, штета е дозволена само на странски.
 
Ме боли к*р дали ми е телевизорот на сред улица, дур е мој не смееш да го пипаш.
Каде со ваков став бе дечко?
Колега, дечкото одличен став има само некој не го сваќа доволно, еве конкретен пример е сајтот на твојот колега од твојот подфорум. Сајтот колку пати му беше хакиран ? Го напаѓаат не етички. Сепак тука има некој кој ќе го извести по емајл и по телефон и му кажува каде се пропустите(магаре), а тие глумат експерти и не обрнуваат внимание т.е. како не бе безбедни сме ние(точка). Значи дечките се обидуваат да ги заштитат сите Мак сајтови со тоа што им укажуваат каде се грешките, за да не бидат хакирани од други. Доколку не превземеш акција поготово на македонски сајт, јасно е дека тие први нема да си ги корегираат грешките...
 
Бидејќи е демократија Вие можете да одите каде сакате.
 
Тоа се прави по договор бе брат. Не може мене ми прднало сеа на сите шо имаат пропусти ќе им влезам у сајт, и после ќе им се јавам добронамерно и ќе им кажам кај им е дупката. Се знае тоа, ми се јавуваш, ало вака и вака, мислам дека можам да ти влезам у сајт, сакаш ли да направиме договор за цена/беспари да ти влезам и да ти кажам каде и КАКО да ја подобриш безбедноста.

А не за к*р ќеиф да влагам ја по сајтови и се праам после џек паланс као “ја за ваше добро го праев тоа“.
Да земе рандом фраер да ти го истепа детето следниот пат коа ќе го разгалуваш и да ти рече “па добро ти напраив, вака у ред ќе го туриш, а не да се разлигавува“ шо ќе праиш? Ќе му речеш фала?
 
Ете како што реков некој ен сватил добро :) Значи дечките беа контактирани по емајл прво дека имаат пропуст не добија магарињата никаква повратна порака по телефон ги контактираа се правеа експерти од прв до последен администратор на Точка, после една недела сајтот е хакиран, и точка го средија тоа иако за тоа време базата беше отворена и скрипти и темплејти и се можеше да се симне.
 
Isak Keyten
Не верувам дека си сфатил како функционира тоа... Ние значи кога влегуваме, ниту оставаме траги ниту менуваме било што. Сајтот после нашиот упад е апсолутно целосно ист како и пред истиот. Ние само го контактираме сопственикот и му кажуваме како сме пристапиле до информациите. Ако сака после да го среди, нека го среди. Ако не сака, негов проблем. Штетата ја прават други, затоа што не сме ние единствените на свет што умеат да направат SQL инјекција или deface. Има и други луѓе, разликата е што тие други луѓе немале добра намера како нас.
 
Ме боли к*р дали ми е телевизорот на сред улица, дур е мој не смееш да го пипаш.
Каде со ваков став бе дечко?
Доколку некој ти украде радио од кола викаш полиција. Прва работа што те прашува полицијата е дали автомобилот е обиен. Ако им кажеш дека си го оставил отклучен ќе ти речат нам ни е многу жал и ќе си заминат, нема да направат ни записник. Исто е случајот и овде. Дечките не прекршиле ниеден закон.
 
најдете си друг пристап за подобрување на безбедноста на македонските сајтови. јавно објавување пасворди на администратори ич не ми се допаѓа.

а овие од точка ако биле контактирани со информации за пропустите и совет за поправка, не знаш што со време не го средиле сајтот. тужба за интернет криминал кај нас не поминува. верувам пола судии не знаат компјутер да уклучат не пак процес за интернет криминал да водат.
 
Да сум на местото на сопственикот на Точка, би ги почастил дечките што му нашле експлоит на сајтот.

Неможе да ги "почасти". Ако ги тужи дечките од емагаре секако дека само ќе си го губи времето. Ако дечките од Емагаре сакале да нанесат штета на "Точка" тогаш ќе ја скриеле IP aдресата и немало да отворат тема дека ја хакнале "Точка".

П.С "Кракерите" oд Емагаре постапува добро со тоа што им ги кажува грешките на другите портали/форуми, кога би ги поплниле "дупќите" ќе бидат на еден начин повеќе заштитени :)
 
Ете како што реков некој ен сватил добро :) Значи дечките беа контактирани по емајл прво дека имаат пропуст не добија магарињата никаква повратна порака по телефон ги контактираа се правеа експерти од прв до последен администратор на Точка, после една недела сајтот е хакиран, и точка го средија тоа иако за тоа време базата беше отворена и скрипти и темплејти и се можеше да се симне.
Значи секој здрав и присебен човек ова ќе го сфати како не заинтересираност за такво дело. Зошто ондак го направиле тоа?
Коа ќе му каеш на јеховиниот сведок дека нејќеш библија, и ако те напиња уште и ти ја остаи на врата и ти чека пари(фала), кој е крив?
Абе не се праите будали само за да им докажете на луѓето дека имаат пропуст си играте тестиси.
--- надополнето: Aug 24, 2011 1:49 PM ---
П.С "Кракерите" oд Емагаре постапува добро со тоа што им ги кажува грешките на другите портали/форуми, кога би ги поплниле "дупќите" ќе бидат на еден начин повеќе заштитени :)
АМА КОЈ ИМ ДАВА ПРАВО БРЕ ЕЈ!
Сериозни сте или се праите будали сите.
 
Здравје боже, што биде-биде. Јас сум целосно подготвен да излезам на суд за било што, во изминатите години научив дека тоа е прекрасен и лесен начин да се профитира.

Што се однесува до објавувањето информации за хакнатите сајтови, ние ќе продолжиме да го правиме тоа како и до сега бидејќи методот се покажа како успешен и бележиме пораст во заштитувањето на сајтовите, а околу пасвордите конкретно, размислувам да се објавува само половина пасворд, а другата половина да биде скриена со ѕвездички. Иако ова се коси со нашата полиса за слобода на информациите, сепак ај.. Мора да задоволиш што повеќе вкусови.

Isak Keyten
Ситуацијата ни дава право. Кој му дава право на полицаецот да те заштити од самиот себе доколку сакаш да извршиш самубиство? Ај нејсе...

Знаете само што ми е криво?

Работава испаѓа - Паѓате, кршите нога, доаѓа лекар да ви помогне а вие го затепувате со шамари. Можеме да тераме со аналогии колку сакате, ама од прилика тоа е.
 
Доколку некој ти украде радио од кола викаш полиција. Прва работа што те прашува полицијата е дали автомобилот е обиен. Ако им кажеш дека си го оставил отклучен ќе ти речат нам ни е многу жал и ќе си заминат, нема да направат ни записник. Исто е случајот и овде. Дечките не прекршиле ниеден закон.
Како бре човече не прекршиле закон шо тресеш глупости. Ако остаам дома одклучено и некој ми провали ТОА Е ПРОВАЛА.
Ме боли кур дали е одклучено (здрав човек ќе заклучи али к*р ми е, дом ми е) така сакам да е, кој ти дава право да ми влезеш дома?
 
....пак се вртиме во круг...велите дека правите услуга....но никој не побарал услуга од вас...тоа е финтата....
едно е некој да побара услуга...а друго е да мислиш дека некому треба услуга....ако јас мислам дека со тоа што ќе ти провалам дома ти правам услуга...не значи дека и ти го мислиш истото......

....провала е провала...физичка или електронска ...исто е....единствено треба да се докаже....но тоа е веќе друго прашање.....

...и да се разбереме....не постојат етички хакери.....поимот етика не можеш да го споиш со поимот провала.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom