Точка.com.mk - „хакната“

  • Креатор на темата Креатор на темата Crypter
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@ bilbil
Пријателе, тоа што беше објавено на Електрично Магаре во врска со Точка беа практично информации од јавен карактер. Дечкото кој ги доби информациите воопшто не ни вложи којзнае колкав труд. Ако го погледнеш законот за заштита на лични информации, ќе видиш дека сопственикот односно обработувачот е должен да примени соодветни мерки за заштита на тие информации. Ако одиме во real-life аналогија, ова ти е исто како телевизорот да го оставиш на сред улица, и после да го тужиш оној што го "украл". Верувај ми, знам 2-3 работи за овие закони. На суд планирам да излезам со задоволство (доколку имам среќа да се отвори парница) затоа што баш сакав некаде за нова година да купам нов мотор, а покус сум 2000 евра за да го земам. Жал ми е што на овој начин треба да ги заработам, ама на крај краева ако некој со сила ми ги бута во џеб, зошто да го одбијам?

Што се однесува до мојата лична одговорност во случајов, јас всушност немам никаква поврзаност. Јас не го ни водам сајтот. Едноставно ги плаќам трошоците, на сајтот сум сосема обичен член, мојот збор е еднакво гласен како и на секој друг член. Не постои администратор, супериорен, инфериорен - сите се исти. Сепак, јас им имам ветено на членовите дека ќе застанам во нивна заштита без разлика во која околност, и не планирам тоа ветување да го прекршам. Целата одговорност ќе ја превземам, а како и што ќе биде понатаму - јас си знам.

За сите што ја нудат поддршката на Електрично Магаре, ја имате нашата благодарност. Нашите постапки се целосно добронамерни, пријателски и племенити но и историјата сведочи дека во Македонија добрината е честопати дочекана на нож. Сепак тоа нема да не оттргне од мисијата.
 
Види вака, според законите Точка ако се закачне го јаде поголемиот дел, зошто ? Клевета на невини личности т.е. недоволно докази и упатување на закани. Некој даде пример со стан ако ти провалам, епа јас од твојот клуч од дома да направам 20 копии и да ги расфрлам на улица и некој да ти провали не е моја вина. Пропустот е кај тебе што воопшто си ми го дал кључот. А, ако мислиш ти дека без превземање акција ќе сменат нешто точка се лажеш, ете прост пример сеуште имаат пропуст и сеуште можеш да им влезеш во админ делот, капираш? Едино како што кажа Криптер само Телма е успешна мисија. И за крај ако мислиш дека е илегално до сега истите тие требаше да одговараат пред законот, како прва причина хакнати беа 3 владини сајтови. И сеуште не одговараат јасно е дека нема ништо илегално. Прочитај ги убаво законите :)

Несмееш ти туѓ клуч да го копираш и да го раздаваш на другите. А пази овде точка не дале никаков клуч туку хакериве го украле клучот, па го раздавале наоколу. Тие се криви.

Дали точка ќе тужи или не незнам. Ако имаат доволно докази нека прават што сакаат. Слободна држава сме.
И да не тужат, во случајов штета беше релативно мала, ама сепак беше нелегална.
 
Одговорот лежи тука ;)
@ bilbil
Ако одиме во real-life аналогија, ова ти е исто како телевизорот да го оставиш на сред улица, и после да го тужиш оној што го "украл".
Значи нема никаква штета. Што е сменето на нивниот сајт, некој направил нешто ? Ја поддржувам оваа акција и сите понатака на Магарињата зошто како што и самиот член напиша на нивниот форум, сајтот кој има пропусти е осуден на пропаст, некој денес ќе го види тоа некој утре. Прашање на време е, затоа некој реагира на време и ги советува тие глумат експерти и игнорираат...
 
Види првичните хакери не направиле штета, ама вторите направиле така? И тоа искористувајќи ги (веројатно украдените и тајни/лични) податоци. И двете групи згрешиле.
 
Види првичните хакери не направиле штета, ама вторите направиле така? И тоа искористувајќи ги (веројатно украдените и тајни/лични) податоци. И двете групи згрешиле.
Друже кој се тие втори хакери? Вторите хакери како што ти ги нарекуваш можат само да одговараат моментално на суд, а тие се некој си дечиња што ги виделе пасвордите и се правеле фраери еј ја хакнав Точка. Членот Ал ги заштитува сите членови така да всушност како што вели спремен е он да одговара иако во овој случај нема ништо направено.

Наведи колку закони прекршија Точка, а колку "хакерите" па види самиот кој повеќе ќе го јаде на суд, иако само тоа се закани и нема Точка да идат на суд. Доколку дечките од Магаре покренат судска постапка против нив ќе биде го добивме колата во овој случај моторот.
 
Види првичните хакери не направиле штета, ама вторите направиле така? И тоа искористувајќи ги (веројатно украдените и тајни/лични) податоци. И двете групи згрешиле.
Хаха, си се заебал. Докажи дека информациите се превземени од емагаре :P Од кај знаеш дека они не провалиле истиот ден во Точка и они повторно ги украле информациите? Докажување на било што во случајов е многу тешка работа за точка. Мислам дека точка „сама себе го убијала“ со тужбата, здравје боже ако ја има.
 
нека го го хакнат магарињата сајтот t-home.mk па после во маил нека им објаснат дека хакирањето било добронамерно

ако хакирањето било со намера да им укажат на безбедностите пропусти на тоцка.цом.мк тогаш би требало и да им дадат совети како да ги поправат пропустите
овака мене ми изгледа само на фалење ова
 
Абе нека не тужат. Не беа експлоатирани некои си важни работи како броеви од платежни картички.
Ама ова е грешен начин да помогнеш кој може да ти донеси и казна.

Направи му мала штета за да го опаметиш дека сајтот им е ранлив. Тоа ти е ко на училиште да ти пишат 1 или 2 и да ти речат не си научил добро. Тоа всушност ептен ќе те демотивира, ќе те изнервира и ќе затераш некој инает и ќе чекаш до последниот момент да го поправиш тоа.
 
Всушност, сајтовите на Телма а богами и многу државни .gov.mk сајтови беа хакнати на ист начин, и со наша соработка ги поправија пропустите. Ова е прв случај некој непријателски да се постави кон нас.
 
Абе нека не тужат. Не беа експлоатирани некои си важни работи како броеви од платежни картички.
Ама ова е грешен начин да помогнеш кој може да ти донеси и казна.

Направи му мала штета за да го опаметиш дека сајтот им е ранлив. Тоа ти е ко на училиште да ти пишат 1 или 2 и да ти речат не си научил добро. Тоа всушност ептен ќе те демотивира, ќе те изнервира и ќе затераш некој инает и ќе чекаш до последниот момент да го поправиш тоа.
Може, ама дечките прават така да неможе. :D
А тоа за оценките што очекуваш ти ? Ај да им прогледаме низ прсти и да се навикнат па да речат ај бе пак ќе ми попуштат... Утре ќе ги нападне Хакер, не е етички тек тогаш што правиме ? Кој им е тогаш крив ? Затоа нека ги демотивира и изнервира ова малце, да им дојде памет за другпат. :)
 
И токму заради ваквите пропусти во сигурноста немаме асални системи за плаќање, ниту пак пејпал сака да слушне за нас. Ако навистина сакате цел живот да живеете во информатичка темница, нема проблем - јас уште вечерва ќе го избришам Електрично Магаре како никогаш да не постоело.
 
Финтата е што има многу подобри образовни системи кои не ни вклучуваат класично оценување (засега не се применуваат, бета верзија).
Мисли наместо да казнуваш и демотивираш, да наградуваш и мотивираш без да им штетиш на ненаградените.

Слична филозофија може да се примени на многу други места.
 
И токму заради ваквите пропусти во сигурноста немаме асални системи за плаќање, ниту пак пејпал сака да слушне за нас. Ако навистина сакате цел живот да живеете во информатичка темница, нема проблем - јас уште вечерва ќе го избришам Електрично Магаре како никогаш да не постоело.
не бе какво бришење. како инаку ќе не научиш како да правиме бомби

направете сајт со совети за подобрување на безбедност, новости за нови пропусти за разни CMS со закрпи за нив итн.
не сајберкриминал, лоши идеи, измами, а од друга страна викате подобрувате безбедност
 
@ bibil
И значи според тебе, иако ние правиме услуга на Македонските сајтови, треба да бидеме критикувани и казнувани? Поради неспособни системски администратори, цела Македонија треба да биде банирана на Пејпал и други платежни системи? Сакаш да кажеш дека "растењето не е понекогаш болно"?
 
Океј, нема да продолжам со дискусија зошто очигледно некој не го разбира делот никаква штета не е направена. Точка доколку се сериозни и сакаат да направат нешто во врска со тоа прво треба да си ги средат проблемите за да не се јават пак. Втора работа заеби суд, ќе го извлечат подебелиот крај :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom