Awwwww...
Плитко. Несвојствено дури за тебе. Сексот слободно изедначи го со форумов. За форумот викаме дека нема да умреме ако не го отвараме, али јебига имаш потреба да го пролситаш. Сексот е големо задоволство и точно, нема да умреш ако немаш секс, ама ако немаш задоволства во животот и тоа како ќе умреш. Ако целиот свој живот само работиш и за тоа не земаш ништо, попат само пиеш вода јадеш лепче и спиеш 4ипол саата... и тоа како ќе умреш после некое време. Ако не умреш физички, умот ќе ти умре. А ако мислиш дека и тоа нема да се деси, онда не можеш себе си да се наречеш човек, туку животно или растение. Нема да живееш, туку ќе вегетираш.
Ти ако имаш потреба да го пролисташ форумов, твој проблем. Јас имам потреба да убијам време со нешто попаметно од фејсбук и мрза да седнам да вежбам клавир, па затоа го пролистувам.
Треба да разграничиш „потреба=не можам да живеам без тоа“ и „потреба=ми треба, ама може и без тоа“.
Сексот е потреба=ми треба, ама може и без тоа.
Секако, животот е поубав со секс, ама и без секс знае да биде убав, таќно?
Сексот не е неопходен, како што се вода, храна, сон, сонце.
Како и јадењето вкусно јадење што не е неопходно.
Како и палењето цигара што не е неопходно.
Како и куп други ствари што не се неопходни во животот, а многу луѓе тврдат дека „не можат да живеат без нив“.
Пример, братучетка ми вели дека е зависна од фитнес. Упорно ми тврди дека без еден саат дневно вежби, не може да функционира.
Добро бе, а ја како функционирам без вежби?
Една другарка, откако раскина со дечкото, немаше секс одреден период и еднаш ми рече „Знаеш, кога ќе ти прекине таа пракса секојдневно да имаш секс и она опуштање и тргање на сите проблеми од глава, после тоа ти недостасува ужасно многу и сфаќаш колку ти значело секој ден да го праиш тоа.“
Се согласувам потполно.
Ама другарка ми уште е сингл и не фатила друг дечко од тогаш, нит спиела со некој, а жива е. Поминаа скоро 6 месеци од тогаш.
Јас идам со друга филозофија.
Јадењето е потреба. Има некои ствари пример што не ги јадам јас. Патлиџани не јадам, жолчка од јајце не јадам, паштета, виршли не јадам бла бла.
Ако немам што друго да јадам долго време, јас ќе ги изедам и паштетата и виршлите, пошо МОРАМ да јадам, за да останам жива. Ако не ги изедам, после некое време, телото ќе ми ослабне и нема да биде способно да функционира.
Хипотетичка ситуација.
Ако тебе сексот ти е потреба (не можеш да живееш без него), тогаш значи да те затворат во просторија со најгадната девојка на светот (замисли нешто најружно што моеш да замислиш, сало на сите страни, влакна бла бла...), ти би МОРАЛ да спиеш со неа, пошто тоа ти е потреба и ќе умреш ако не го направиш тоа.
Или сепак не?
Според мене, ти постојано да имаш потреба да спиеш со некој е болест. Само на болен човек може филозофијата на животот да му е „секс“. Психички пореметен е оној кој МОРА да има секс 3 пати дневно.
Психички пореметен е оној кој НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ без секс.
Тоа според мене е глупост.