Ќе биде добар момент кога Кака ќе излезе пред навивачите во Милано и на Сан Сиро и ќе почне да раскажува како Милан отсекогаш му бил во срцето,му останал омилен тим,знаел дека ќе се врати,сака кариерата да ја заврши во Милан и бла-бла слични муабети,навивачите таму и ние на телевизија ќе го гледаме,ќе се ситиме што сме предвиделе негово враќање уште кога си замина и сите ќе си мислиме: - Аха,знаев дека ќе сакаш да се вратиш пи*ко една!Си виде убаво дека Милан и само Милан е твојот тим,згреши што замина,а сега направи се за да се вратиш кај твоите,а Галијани и Берлускони ќе тријат раце и ќе бидат задоволни од себе што успеале да ги заебат гуските во Реал кои дадоа 60 милиони,а сега дури и плата ќе му плаќаат додека игра во Милан!
А тој,грешникот,ќе се потепа од трчање за да се обиде да извади уште некоја искра од талентот кој го има,мотивиран до крај,да избори минути и место во новиот тим и новата концепција на Милан.А ние навивачите ќе го гледаме со исчекување да видиме барем дел од оној стариот наш миленик Кака,ќе се радуваме како мали деца на секое негово точно додавање(а па ако дае гол или ако издрибла некого-тоа ќе биде делириум),ќе се надеваме дека можеме да извадиме и да очекуваме сеуште нешто од него,дека ќе ни помогне неговото искуство и љубов кон тимот и ќе се молиме да не падне на поврденото колено и да не може да игра во наредните 6 месеци!
Чисто од емоционална гледна точка ќе биде добар трансфер.А за тоа дали ќе биде добро техничко и тактичко засилување ќе видиме!Сакам да сум и сум оптимист како и секогаш и за се поврзано со Милан и се надевам дека понесен од еуфоријата која ќе следи по неговото враќање,Кака ќе успее да ни овозможи да се радуваме барем на мал дел од неговата фудбалска големина.Би ми било многу драго и за него и за нас-навивачите!
Што се тиче Аквилани и за него сум оптимист.Можда подобро тој отколку еден Фабрегас кој више наредната година ќе ни плачеше да го пуштиме во Барселона!А и јас некако преферирам италијанци во екипа!Сакам што појше да има!
Ќе донесат некое правило,па да не се чудиме после..
Аквилани е квалитетен играч,стандарден првотимец во репрезенатација каде игра уште во Рома кога беше и негово купување не може да бид лош потег,а уште па и за смешна сума и со смешна формула која само Галијани може да ја договори!Проблем му се само повредите кои минатата сезона ги немаше,одигра 33 утакмици за Јувентус,а тоа остава простор за оптимизам дека нема да се мачи ни нареднава сезона..
А Динамо Загреб ќе игра ЛШ..Што правиме ако го извлечат со Милан во група?