Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Опааа политичка партија, а !? Не те пуштаат од таму сигурно. ;)

Остај греота. Од коа се појавив у рекламата, немаат пратеник освоено :D

Затоа не се ни пријавувам за филмов, ќе пропадне. :D
 
За денес потешко, ама утре ќе отидам.

Who's in да упаднеме заедно? :)
 
А има некој информација што всушност се случува на кастингот? Дали само пополнуваме формулари, не гледаат па ако сме убави не примаат или треба и малку покажување на талент ?
 
А има некој информација што всушност се случува на кастингот? Дали само пополнуваме формулари, не гледаат па ако сме убави не примаат или треба и малку покажување на талент ?

За статист не ти треба талент. :) Колку да има луѓе у позадина е тоа :)
 
И да не правиш стој на раце а режисерот бара нормално однесување :pos:
 
Сергеј ја имаше главната улога во филмот, а женската главна улога и припадна на манекенката Катарина Ивановска. Според тимот кој работи на филмот, со Сергеј е раскинат договорот поради недисциплинирано однесување

sergej-trifunovic1.jpg

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ нема да биде дел од новиот македонски филм Трето Полувреме на Дарко Митревски. Пред два дена дошло до несогласување меѓу актерот и режисерот, по што била донесена одлука Сергеј повеќе да не биде дел од тимот во филмот кој започнува да се снима на 9 септември.

Сергеј ја имаше главната улога во филмот, а женската главна улога и припадна на манекенката Катарина Ивановска. Според тимот кој работи на филмот, со Сергеј е раскинат договорот поради недисциплинирано однесување. Од друга страна пак, пристигнуваат информации дека најголемо несогласување имало околку финансиите, односно висината на хонорарите за снимање на филмот.

Неофицијално, како што дознава Кирилица, главната улога во фимот сега ќе ја добие некој од македонските актери. Се шушка дека тоа ќе биде или Оливер Митковски или Сашко Коцев. Тие и претходно беа дел од актерската екипа, односно требаше да бидат дел од фудбалерскиот тим. Двајцата заедно со Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Димитрија Доксевски, Игор Ангелов, Ивица Димитријевиќ, Игор Стојчевски, Милан Тоциновски и Аксел Мехме секојдневно тренираа фудбал за потребите на филмот. Доколку навистина некој од нив ја добива улогата на Сергеј, се поставува прашање кој ќе биде единаесетиот играч од фудбалскиот тим.

"Трето полувреме" е најавен и како приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот.

"Ова е приказна за основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу својата љубов кон неговиот тим и неговата лојалност кон Новиот Поредок. Ова е приказна за неговиот најдобар напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер (со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!", се вели за филмот.

За потребите на овој филм Владата на Македонија одвои 1,5 милион евра.

kirilica.com.mk

Не сакам да имам предрасуди не сакам да се сведе ова на патриотизам али зашто бе српски кога имаме маестрални наши македонски актери. Браво за потегов.
 
Темава ми седи слична како на Монтевидео филмот
 
Еврејски лаги + македонски лаги. Евреите не ги интересира за македонските лаги, но за нив е најважно да си кажат нивните лаги за коласкоски. 2 / 4 од филмот Евреите ќе страда, 1 / 4 Македонсктие ќе страдаат и во другата 1 / 4 Бугарите ќе се лоши и жестоки.

Не знам на кој му е паднат на ум будали идеја српско куче да е во главната улога, но се радувам дека тоа нема да се случи.

Не тријте коментари тоа е личната ми мислење.
 
Актерот Сашко Коцев ја добри главната улога во Трето Полувреме

100EBBA30BC3C34D99D231EEA51397CA.jpg


Митревски завчеравечер ја собрал актерската екипа и на Коцев му ја понудил главната улога, за кого ова ќе е прва голема улога на филмското платно.

- Уште не ми се верува. Сега ме очекува многу повеќе работа зашто од позиција одбрана, ќе станам напаѓач и капитен. До кај 10 септември, кога ќе почне снимањето, треба уште многу повеќе да научам за фудбалот.

Добро е што се уште не ни е почната театарската сезона и можам целосно да и' се посветам на улогата.

Среќен сум за проектот зашто е целосно посветен на Македонија - вели Коцев.

Негова партнерка во филмот ќе биде манекенката со светска кариера Катарина Ивановска. Коцев вели дека ја познава од поодамна и се надева дека ќе имаат одлична соработка на снимањето.

- Таа е многу професионална. Манекенството, односно да се биде модел, само по себе бара да знаете да играте со камерата, затоа убеден сум дека ќе имаме одлична соработка. Митревски е професионалец кој знае многу добро да работи и да ги избере актерите и не се сомневам дека ќе имаме успех - смета Коцев
.
Коцев досега играше во словачки филм, имаше епизодна улога и во "Ова не е американски филм", а влезе и во актерската екипа на филмот "Приказна за Дивиот Исток" на Столе Попов, кој ќе почне да се снима напролет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom